1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    The Great Alone во прв ред го опфаќа животот на едно семејство лоцирано во Сиатл, 1974 година. Таткото е воен ветеран, мајката опсесивно поврзана за него, а нивната 13 годишна ќерка нем сведок на нивната поврзаност.

    Ернт откако се враќа од Виетнам каде бил држан во заложништво, а неговиот пријател убиен пред негови очи, има страшни кошмари, насилна природа и не може да се вклопи во ниедна средина, па затоа семејството мора постојано да се сели. Постојано добива фикс идеи со кои мисли дека ќе може да ја промени нивната ситуација на подобро.

    Лени, како секое девојче на нејзина возраст, сака да стекне пријатели, да се вклопи во новата средина, да изгледа убаво, но тешко и оди па се труди да се blen in меѓу останатите соученици. Мечтае да има другарка на која ќе може да и каже за кошмарите на татко ѝ, за стравот што го чувствува, за несигурноста на одлуките кои ги носи мајка ѝ.

    Кора е заљубена во својот маж и цело време повторува дека тој бил поинаков човек пред да ги преживее кошмарите на војната, уживал во животот и била многу среќно семејство, па затоа таа не се откажува и се бори за да го изнесе доброто во него, се труди да му помогне да се справи со кошмарите. Целосно ги игнорира фактите дека нивниот живот никогаш нема да се врати на тоа како било порано, а заедно со себе ја влече ќерка ѝ, која како што самата Лени подоцна ќе каже, ја храни со надеж.
    Лени ја добива на свои 16 години, против волјата на родителите кои се угледно и богато семејство во Сиатл.

    Spoilers ahead

    Америка поделена на два дела, едните на страната на Никсон, другите протестираат против војната, против тајните кои државата ги крие од нив, а неодамна биле изнесени на виделина. Живеат во свет каде што многумина очекуваат трета светска војна, киднапирањата на млади жени зачестени, напади.. Лени е испаничена, а ситуацијата дома, каде што татко ѝ само ветува, но не се придржува кон ветеното, е напната. Живеат живот каде што не им стигаат пари, мечтаат за повеќе но тоа никако да дојде. Посебно опасно е во зима, кога тмурното време влијае ептен негативно на Ернт.

    По игра на судбината, ќе добијат имот со мала колиба на територијата на Алјаска, па целото семејство ќе се пресели таму.

    Кенаи, мал град во јужна Алјаска каде што времето не се движи во ист ритам со останатиот дел од Северна Америка е нивниот ним дом. Дива средина со многу малку население и многу опасности, воедно прекрасно место кое му дава надеж на Ернт за нов почеток.

    Целото семејство е пречекано пријателски од останатото население, а сите соседи се обидуваат да им помогнат да се вклопат во новата средина што побрзо, бидејќи зимата во Кенаи пристигнува брзо и сите неподготвени или умираат од студ и глад или си одат назад од каде што дошле.

    Навидум Ернт се чувствува посреќен, Кора се вклучува, а Лени нема избор па мора да прави како што ќе кажат родителите. На училиште се запознава со соученик, Матју, со кој им оди дружбата уште веднаш, па тој ја поканува на скара кај него. Татко му, Том, е имотен човек, стабилен, дружељубив и подготвен да им помогне на сите во градот, па така кога семејството на Лени ќе дојдат кај нив тој ќе им понуди помош, но кај Ернст во тој момент избива толкава завист, која што дополнително ќе го разруши како личност.

    Ернст се запознава со татко му на неговиот убиен пријател Бо, кој откако добил новост дека син му загинал во војната, губи контакт со реалноста па затоа соседите го викаат Луд. Паранојата на Ернт и болката од загубата на Во, ги спојуваат нив двајца во сојуз против Том Валкер.

    Изолацијата може да направи чуда од човекот, некои ги менува на позитивно и се пронаоѓаат себе си, додека пак некои целосно се губат препуштени на своите стравови и илузии.

    Кора не губи надеж дека маж ѝ ќе стане стариот Ернт, па после секое тепање наоѓа зборови да го оправда, а тој ѝ се извинува и ветува дека нема да се повтори. Лени се бори да ѝ укаже дека ваквата љубов е погрешна, но нејзиното воспитување и наложува да ги слуша родителите, па така целиот стрес и така ги остава во себе, дури и Метју не дознава ништо додека не е премногу доцна.

    Врската помеѓу нив двајца почнува да прераснува од пријателство кон нешто повеќе за краток период, но Метју ја губи мајка му пред негови очи и не може да се соочи со траумата сам, па го испраќаат во соседниот град каде што живее тетка му и сестра му кои му помагаат да го преброди тој ужасен период од неговиот живот. Врската со Лени ја поддржуваат преку пишување писма секоја недела. Тој останува таму три години, а кога ќе се врати назад животот на Лени комплетно се менува.

    Омразата кон Том и неговото богатство, паранојата и трагиѕе кои што му ги оставила војната ќе направат од Ернт да стане див, себичен и опасен човек. Ако порано Кора можела да го убеди преку разговор, во овој момент од нивните животи ништо не дејствува на него. Сите страдаат, но најмногу Лени.

    Лени и Метју се дечко и девојка и планираат да одат на колеџ заедно, да основаат семејство откако ќе се вратат во родното место.

    Кора два пати се решава да избега благодарение на притисокот од Лени, но првиот пат нивниот обид завршува во судар, а вториот пат Лени јавно бара помош а Метју ќе дојде да им помогне да избегаат. Овој обид завршува неславно, Метју ќе се повреди откако ќе избегаат, можеби нема да преживее, а Лени ќе се извлече со пар скршени ребра и рака. Мајка ѝ не поднесува пријава и татко ѝ повторно се враќа во нивниот живот извинувајќи се и ветува дека никогаш нема да се повтори.

    Метју е во тешка состојба, со сериозна повреда на мозокот, не е свесен за тоа што му се случува или кои се луѓето околу него. Лени ќе дознае дека е бремена, па од инает ќе му соопшти на татко ѝ, кој ќе почне да ја тепа и ќе и го скрши носот, а мајка ѝ ќе го убие, викајќи, No, not my Leni.

    Телото на Ернт ќе го фрлат во езеро, а самите со помош на комшивката ќе избегаат назад во Сиатл, кај родителите на Кора. Лени раѓа син кој што е копија на татко му, остануваат таму се до смртта на Кора која како последна желба ќе и каже на Лени да се вратат назад во нивниот дом, па ќе напише писмо во кое ја признава вината за смртта на Ернст.

    Лени и Метју Џуниор ќе се вратат назад, а таа во полициската станица ќе признае дека помогнала да го сокријат телото на татко ѝ. Лени останува во затвор, но истиот дел ќе биде простена од говернерот и ќе се сретне со нејзниот сакан, кој што после толку време ја чека да се врати назад.

    Мое видување: на моменти сакав да врескам од фрустрација! Себичноста на Кора нема граници. Навидум, ја сака ќерка ѝ, но всушност сѐ што сака е нејзните потреби за љубов и внимание да бидат задоволени. Ернт е идеализиран од нејзина страна, всушност, писателката не дава никаква информација за неговиот живот пред војната, неговото минато, образование, родители. Сѐ што знаеме се пар реченици кои што се вртат во круг кажани од Кора, која поради својата незрелост и неразумност станала психички зависна од него. Најверојатно сѐ тоа што се случило пред војната било селектирана информација за која таа се држела како давеник за сламка.

    Родителите на Кора патат од тоа што ќе кажат комшиите, па не се трудат особено да ѝ помогнат, пред сѐ со разбирање.

    Единствен разумен лик (до некаде) е Лени, која ја согледува целата ситуација правилно и знае дека доколку останат со него, нема да живеат долго.

    На жртвите на насилство не може да им се помогне доколку самите не сакаат, но може да се разговара и разговара се додека самите не разберат дека тоа што им се случува не е нормално. Тука, никој доволно не се потруди да ѝ објасни на Кора дека е жртва.

    Не доволна комуникација помеѓу родителите и децата може да доведе до погубни последици, па иако е само книга, дава добар пример за тоа што не е правилно во овој аспект.

    Интересна книга, прва од авторкава што ја читам, иако е бест селер автор со преку 20 популарни книги. Нејзниот стил на пишување е просечен, лесно читлив но предвидлив. Мислам дека ликовите не беа убаво разработани, можело подобро да биде. Би дала 3.5 од 5.
     
    На Snow-Star и RainBow им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Книгава ми се допадна. Не колку што мислев, но беше океј.

    Првата половина исто како и кај The Nightingale премногу развлечена. Само што овој пат имаше преубави описи од Алјаска. Иако беа премногу оптеретени со повторување. Што е со авторкава и нејзината потреба за повторување? Затоа е толку долга книгата, исто како и во претходната што ја споменав, многу, многу повторување. Има ли уредник женава?

    Јас не можам да се замислам така да живеам, ниту пак имам храброст, можеби и затоа толку интересно ми беше да читам за такво нешто. Да беше поголемиот дел од годината лето со толку долги денови прва ќе трчав. :D
    Ама зима... Не, благодарам.

    Ликовите беа во поголем дел добро изградени, освен Ернт, само пред војната каков бил сто пати се спомна, ама немаше ништо поконкретно. Јас мислам дека таков си бил човекот, сега можеби војната ги извадила демоните. Но човек што не си ја тепал жената и не бил таков не ми се верува да стане таков. И не би ни останал ако знае дека е таков, би си заминал, а не упорно да ја повредува. Ми беше конфузен ликот некако и не баш веродостоен, можеби и поради малкуте податоци.
    За Кора, уфффф, ми доаѓаше да ја шлапнам во неколку наврати. Да не речам во сите наврати. Како мајка, не можам да ја разберам. Никогаш не би била со некој таков, само поради детето би си заминала. И го уништи животот на Лени. Не ме интересира бре колку го сакаш, детето е поважно, детето е секогаш најважно. Ако не таа, тој требаше да си замине. Дури и на крајот кога го застрела не можев да поверувам дека би направила такво нешто. Да, ја нападна Лени, ама таа опасност постоеше секогаш, а она пак беше со него.

    За Метју ми се скрши срцето. Зошто така да испадне? И пак они се криви (Ернт и Кора), двајцата, од него бегаа.
    И морам да кажам дека на крајот некако Метју премногу добро изгледаше, како да нема повреда. Како да заборавила авторката во каква состојба беше само за да биде посреќен крајот.

    Мислам дека едно или неколку поглавја од Ернт ќе дадеа една нова димензија на приказната. Без толку повторувања, а со еден нов видик ќе беше многу подобра книгава. Ќе имавме поголемо разбирање за него сигурно. Вака беше како негативец само претставен, со една реченица вметната што требаше да го оправда. Ама не беше таков пред војната... Okay, we'll take your word for it.

    И јас би и дала 3,5, не е за 4 со толку повторувања, непотребни епитети, ја влечат книгата надолу, ликовите можеа да бидат подобри. Ама беше сосема интересно да се чита за Алјаска.
     
    На Snow-Star и SV1911 им се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Дефинитивно се согласувам со ова! Посебно кога Лени дојде кај него после толку време, тој не беше во добра состојба, во количка седеше, а после тоа вечерта кога Лени отиде да си ја посети куќата, Метју дојде до неа. Околу 2 милји, ако не и повеќе ги делеа.. малце немаше логика, или јас не разбрав добро.

    Истово и јас го помислив! Почнав да фантазирам за викендичка таму или барем посета на областа во лето. :D

    Книгава можеше подобра да биде.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Навистина можеше, можеше да биде wow, ама ете... И за nightingale беше исто, првта половина развлечена, некако монотона, дури во втората тргнаа работите. Истиот стил на пишување, повторувањата исто ги имаше.

    Така беше за Метју, си збореше, си одеше, гајле нема. :D Баш си помислив кога отиде да го види сигурно ќе трча до сега, ама мислев нема да биде до толку со оглед на тоа во каква состојба беше. И добро е, си реков, таман оправен малку, ама до крај најбрзо опоравување ever имаше. :D

    Патем, дајте некој предлог.
    Мене ми се овие на листата.
    https://www.goodreads.com/book/show/34273236-little-fires-everywhere
    Little fires everywhere, одамна ја меркам и планирам да ја читам поткако ќе ја завршам оваа од Кумсон.
    https://www.goodreads.com/book/show/36082326-every-note-played?ac=1&from_search=true
    И оваа, од авторката на Inside the O'Briens, книгава како ја видов само ја мислам, знам дека ќе биде тешка приказна со многу плачки и емоции.
     
    Последна измена: 17 април 2018
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Оваа има помистериозна содржина, мислам дека е подинамична од другава. Јас сум за оваа.

    Драма филм во книга.. сите имаме разни вкусови нели, јас лично ќе заспијам додека ја читам, осеќам. :D Кратката содржина ми остави таков впечаток, што знам.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ајде тогаш да ја ставиме, јас баш сега ја симнав да ја почнам. Може ќе се приклучи некој. :)
    Еве ја во пдф.
    Мене првото нешто што ми го привлече вниманието беше насловот, поради него решив да ја читам, баш некако мистериозен. После кога ја отворив видов дека е избрана на гр за 2017 best fiction. И сега очекувањата ми се преголеми и веројатно ќе се разочарам. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На SV1911 и violetblue им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Јас ја завршив книгата минатиот викенд и почнав со пишување, ама морав да прекинам а пишаното не останало зачувано.

    Ќе пишам во спојлер на кратко сега.
    Морам да спомнам дека досега немам прочитано ниту една книга од писателката, и не знаев што да очекувам. Книгата на прв поглед беше досадна, воведот некако ми беше без поента, нон стоп едно-те-исто т.е. целиот фокус како да беше врз Лени и нејзиното постојано "прво искуство" во ново училиште и во нова средина. По селењето на Аљаска книгата стана интересна за читање. Стилот на пишување е лесен и разбирлив, нема многу специфични и комплицирани термини. Ама морам да признаам дека барав слики од животните на интернет, особено рибата на Метју џуниор каде се спомнува.
    Има шанса да прочитам уште некоја нејзина книга иако новелите не се my cup of tea и најмалце ги читам.

    Околу содржината, мислам дека е добро разработена. Цело време имаше некоја доза на неизвесност во мене што ќе се случи понатаму со ликовите. А и тие беа добро разработени. Добри описи на околината каде се случуваат дејствата, и добро испланирани заплети и расплети на истите.
    Добар пример за токсична слепа љубов, Ернт и Кора. Само ниту едно дете не треба да биде сведок на нешто такво. Одамна требало Кора да си замине и да го напушти, а кога си тргнаа со Лени, по несреќата, требаше да ја прифатат помошта и да заминат од болницата директно.
    Од друга страна, дадена е детска перспектива на родителството. Родителите на Кора и родителите на Лени. Што прават родителите како родители, зошто и каде грешат. И дали и зошто треба да се прости.
    И секако, суровоста на Аљаска.

    Најголем впечаток во ова дело ми остави случката со Метју, несреќата и неговото заздравување. А во цеслост, и нивната врска со Лени. Од самиот почеток како 13годишни пубертетлии, созревањето, и подоцна односот на возрасни личности.

    Оцена:4/5

    Ми одговара и мене Little fires everywhere, иако и ова име не ми е познато меѓу авоториве. Листата за читање не ми е променета со недели, а така и ќе биде до средината на јуни. Само трејлери имам додадено од најдобрите изберени за 2017та. После ќе се вртам во игра и ќе дадам по некој предлог.
    До кога е само крајниот рок за читање?
     
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Само што ја завршив Little fires everywhere, не сум пишувала до сега на темата па не знам како точно е протоколот :) па ќе почекам уште некој да се пријави дека ја прочитал.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Има време, од прилика кога ќе ја прочитаме повеќето ќе дискутираме. Минимум недела дена ни беше рокот, а може и повеќе ако не ни е завршена. :)
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Месец дена помина.
    Ајде да почнам, ја завршив вчера.
    Ииии.... Не сум воодушевена. Мислев повеќе ќе ми се допадне, ама ете. Очекував да е малку подинамична, ама книгава е slow burner.
    Карактерите се одлично изградени. Никој конкретно не ми се допадна, ниту навивав за некој, ама беа прикажани со сите маани и предности.
    Елена на површина добра и фина жена, одлична мајка, но подлабоко кога ќе се навлезе полна со фрустрации и нереализирана личност.
    Миа навидум себична, го влечка детето со себе, но всушност се е од љубов баш за детето. Иако, нели, сепак е себична зашто им го зема детето на другите баш поради себе.
    Бебе не можев никако да ја разберам. Го остави бебето во момент на слабост, а после што, демек подобра и беше ситуацијата? Иста беше, ја имаше истата скапана работа и истите услови. Зошто да и го дадеа на неа бебето кога веројатно беше дека пак ќе се најдеше во истата ситуација? И што ќе прави со бебето во родниот крај? Нели ако и било убаво немало да замине и да рмба во Америка?

    Тие другите пак што го посвоија бебето поим немаа како да се справат со потеклото на бебето, ќе имаше доста пречки понатаму.
    Никој во приказнава не беше целосно без вина за нешто.
    Читав во критиките дека авторката сакала Миа да ја прикаже како моралниот компас во книгава, била наметната на читателите да навиваат за неа. Но како е тоа можно покрај тоа што го направи? Ги излажа луѓето и избега, како е она моралниот компас во книгата? Сепак бебето имаше татко, колку што беше нејзино бебето, толку беше и негово.

    Децата не ми оставија некој впечаток. Изи навистина ја запали куќата, ама можеби не беше нешто во ред со девојчето. Кој туку така пали куќа?
    Перл, Муди и Трип ми беа мех... Лекси исто.

    Стилот на пишување ми се допадна и покрај бавното темпо.
     
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Со оглед дека ја прочитав книгата пред месец дена и прочитав уште неколку потоа, ми требаше време малку да се потсетам на имињата на децата.
    Се согласувам за Бебе, го остави бебето бидејќи немаше услови да го чува, па пак го бараше назад иако немаше никаква промена во нејзината ситуација. Некогаш на детето не ми е подобро со мајката, сепак семејството добро ќе се грижеа за бебето. Глуп ми беше делот кога ги нападнаа со прашањата како ке се справат со тоа што детето е од друга раса и со друг потекло, па ги доведоа во ситуација да мора да се правдаат какви играчки му купиле. Демек расата и потеклото е најбитно нешто. Ми беше ептен жал за жената, толку сакаат бебе, и на крај само што го добија пак без бебе...
    Исто и приказната на Миа, истата порака ја носи, на детето ке му биде подобро со мајката... епа не знам колку и беше добро на Перл со мајка и да се сели постојано, без пријатели, без сигурност.
    Изи беше исфрустрирана прво од Елена како стереотипна мајка, не прифаќа ништо што не е по нејзина замисла, од сестра и Лекси што се однесување како игнорантна шмизла, и кога конечна во Миа најде некој што ја разбира и поддржува, Миа ја избрка од куќата и без збор си замина. Според мене Изи ми беше омилен лик и најмногу сочуствував со неа. Палењето на куќата ми беше тоо муч, ама заминувањето на Миа мислам дека и ја прелеа чашата и сите фрустрации излегоа на површина.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ајде да се размрдаме, еве предлог за нова книга, навистина ми фати око и би сакала да ја читаме тука за да можеме да споделиме впечатоци.
    [​IMG]

    The Alice Network - Kate Quinn
    https://www.goodreads.com/book/show/32051912-the-alice-network?ac=1&from_search=true
    Кејт Квин е позната авторка на историска фикција и верувам дека има завршено добра работа со книгава.
    На гудридс рејтингот е 4,26 со над 60,000 оцени. Кратката содржина е многу, многу ветувачка. Испреплетени приказни од Првата и Втората светска војна...
     
    На do-re-mi, Mishela, WarriorMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ја почнам утре, ми се допадна описот. :)
    Дали ќе ја завршам за една недела не знам, но без разлика - ми изгледа како убава книга.

    Еве ако уште некоја сака да ја чита, pdf&epub верзии на линков.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Да не ја почна?
    Јас имам една пред оваа што сакам да ја прочитам, ќе ја почнам денес, па следна ми е оваа.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    Ја почнав сабајле ама не успеав да прочитам многу, немав време.

    Ќе ја продолжам утре, бавно читам па таман ќе се преклопиме штом ќе почнеш и друга. :lol:
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Сакав да ја почнам, ама налетав на друга што едноставно морав да ја почнам одма. :D
    [​IMG]
    Се заљубив во корицава, плус дистописка.:inlove:
     
    На do-re-mi и Mishela им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав кратката содржина и не изгледа лошо. Можеби ќе ја прочитам понатака.
    И јас паѓам на корици инаку и многу пати се имам зафркнато со некои книги кои имале прекрасни корици, а биле благо речено - катастрофа. :|
    Затоа сега откако ќе изберам корица, задолжително читам кратка содржина. Без неа, ништо од бизнисот. :D

    Читај ја, па ќе се најдеме со другава таман на време. :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    И јас така се имам зафркнато. :D
    Ама читам обично нешто барем кратка содржина, иако сакам речиси ништо да не знам за содржината.
    За оваа прочитав дека е дистописка и некои критики и толку.
    Ама интересна ми е, до десет посто стигнав.
    Луѓето ја губат сенката, не се знае зошто, и почнуваат да забораваат, зашто сѐ е складирано во сенката.

    Многу ми е интересен концептов, се надевам убаво ќе е реализиран до крај.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    До кај стасавте луѓе, јас ја прочитав книгава вчера и оставив да ми се средат мислите, па да пишам. :)

    Ќе почнам со еден цитат, кој толку многу ми се допаѓа, што веднаш го сместив во клипингс/ноутс.

    Многу ми се допадна книгата. Многу сакам такви книги кои навидум опфаќаат („досадна“) историска тематика, а всушност разработуваат многу, многу повеќе од тоа. Историскиот момент е само воведот кој ги протнува сите останати работи и ги спојува во финален продукт.
    Тешко дека жената била некој фактор пред и за време на ПСВ, сепак феминизмот бил уште во зародиш (до некаде нели), a и општо, самата жена уште била понизна кон „посилниот пол“, па книгава баш одлично ја покажува и другата страна на војната, во која жената, односно жените се обединуваат и едноставно нижат успеси вон фронтовите, во улога на шпони.
    Звучи клише, но е далеку од тоа.

    Ме изненади фактот дека Alice Dubois била реален лик, читав и некои дополнителни статии по случајни линкови и страници на кои наидов откако ја завршив книгава.
    Секоја чест за сите такви храбри жени, приказната на моменти беше многу сурова и многу реално ја опишуваше положбата на жената во општеството тогаш.

    Што ми се допадна?
    Ми се допадна текот на настаните - темпото беше ниту пребрзо, ниту премногу развлечено и во ниту еден момент не ми здосади книгава и не ја оставив.
    Ми се допадна како созреа ликот на Шарлот, иако нејзината „мисија“ да ја пронајде Роуз ми беше...мех, премногу детска и наивна.
    И покрај тоа, пак потсвесно се надевав дека ќе ја најде, иако бев сосема сигурна дека тоа нема да се случи никогаш од веќе познати причини (имав чувство дека Роуз е веќе мртва).

    Ми се допаднаа и двете приказни, но кога би морала да бирам, приказната на Ева/Ив ми беше многу поубава.
    Баш текст за „како се калеше челикот“. Од несигурна девојка, успеа да се трансформира во целосно непрепознатлив лик (во споредба на тоа што беше).
    Храбра, итра, дрска, досетлива...не ми се допадна моментот со алкохолизмот, но имајќи го предвид тоа што го проживеала, јасно ми е што ја поттикнало да стане таква.

    Ми се допадна како ја разврзаа љубовната врска помеѓу Шарлот и Фин. Од мала драмска претстава, до вистинска љубов. Имав чувство дека овие двајца ќе завршат заедно, уште на почетокот. Крајот само ми ја потврди теоријата.

    Што не ми се допадна?
    Како што веќе кажав, целата таа опседнатост со Роуз ми беше детска, како бркање ветерници. Мислам дека и самата Шарлот знаеше дека тоа е тоа, но несигурноста нејзина и сплетот на околностите сметам дека ја тераа да напнува и да не се откажува од потерата по Роуз.

    Не ми се допадна ликот на мајката (па и таткото) на Шарлот. Полни со осуда, премногу си патеа од познатиот комплекс „што ќе кажат луѓето“ и очигледно сакаа да и наметнат на Шарлот некој живот во кој самата таа како прво не се пронаоѓаше. Баш ми е мило што малава истурка до крај и им ја плесна на крај вистината во лице.

    Исто, не ми се допадна моментот со Рене, поточно, моментот кога Ева провали во неговиот дом и се случија тие неколку глупости. Тоа некако, во некои моменти ми беше ту мач, но во ред...

    Приказната на Ева ја читав без да трепнам, а онаа на Шарлот на моменти ми одеше на нерви, но убави беа и двете, дури и во моментот кога тајмлајнот се преклопи.
    Првата би ја оценила со чиста 5, втората можеби 4.5. Кај втората многу ми се допадна фактот што Шарлот го поби тоа дека младите девојки со вонбрачни деца се срам за фамилијата и сама дури успеа да докаже дека и покрај тоа, можат да си ја најдат среќата во љубовта.

    Крајот очекуван, но далеку од клише. А приказната за трио-фантастико: Лили, Маргарет и Вајолет ми беше дефинитивно нешто што ме остави без коментар, без збор, па и без сон. :)
    Толку морничави сцени, не знам од која да почнам - дали од монструмот Рене кој малтене и го направи животот пеколен на Ева, или од агонијата која ја проживеа со сцените од абортусот. Да не беше Вајолет, Ева немаше да биде тоа што е.

    Книгава би била среќна ако некогаш ја преведат кај нас, веднаш би и ја купила на мајка ми, мислам дека многу ќе и се допадне. А со оглед на тоа што навистина ми се допадна, би ја купила и за да ја имам во домашната библиотека. :)
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    До кај стасавте луѓе, јас ја прочитав книгава вчера и оставив да ми се средат мислите, па да пишам. :)

    Ќе почнам со еден цитат, кој толку многу ми се допаѓа, што веднаш го сместив во клипингс/ноутс.

    Многу ми се допадна книгата. Многу сакам такви книги кои навидум опфаќаат („досадна“) историска тематика, а всушност разработуваат многу, многу повеќе од тоа. Историскиот момент е само воведот кој ги протнува сите останати работи и ги спојува во финален продукт.
    Тешко дека жената била некој фактор пред и за време на ПСВ, сепак феминизмот бил уште во зародиш (до некаде нели), a и општо, самата жена уште била понизна кон „посилниот пол“, па книгава баш одлично ја покажува и другата страна на војната, во која жената, односно жените се обединуваат и едноставно нижат успеси вон фронтовите, во улога на шпони.
    Звучи клише, но е далеку од тоа.

    Ме изненади фактот дека Alice Dubois била реален лик, читав и некои дополнителни статии по случајни линкови и страници на кои наидов откако ја завршив книгава.
    Секоја чест за сите такви храбри жени, приказната на моменти беше многу сурова и многу реално ја опишуваше положбата на жената во општеството тогаш.

    Што ми се допадна?
    Ми се допадна текот на настаните - темпото беше ниту пребрзо, ниту премногу развлечено и во ниту еден момент не ми здосади книгава и не ја оставив.
    Ми се допадна како созреа ликот на Шарлот, иако нејзината „мисија“ да ја пронајде Роуз ми беше...мех, премногу детска и наивна.
    И покрај тоа, пак потсвесно се надевав дека ќе ја најде, иако бев сосема сигурна дека тоа нема да се случи никогаш од веќе познати причини (имав чувство дека Роуз е веќе мртва).

    Ми се допаднаа и двете приказни, но кога би морала да бирам, приказната на Ева/Ив ми беше многу поубава.
    Баш текст за „како се калеше челикот“. Од несигурна девојка, успеа да се трансформира во целосно непрепознатлив лик (во споредба на тоа што беше).
    Храбра, итра, дрска, досетлива...не ми се допадна моментот со алкохолизмот, но имајќи го предвид тоа што го проживеала, јасно ми е што ја поттикнало да стане таква.

    Ми се допадна како ја разврзаа љубовната врска помеѓу Шарлот и Фин. Од мала драмска претстава, до вистинска љубов. Имав чувство дека овие двајца ќе завршат заедно, уште на почетокот. Крајот само ми ја потврди теоријата.

    Што не ми се допадна?
    Како што веќе кажав, целата таа опседнатост со Роуз ми беше детска, како бркање ветерници. Мислам дека и самата Шарлот знаеше дека тоа е тоа, но несигурноста нејзина и сплетот на околностите сметам дека ја тераа да напнува и да не се откажува од потерата по Роуз.

    Не ми се допадна ликот на мајката (па и таткото) на Шарлот. Полни со осуда, премногу си патеа од познатиот комплекс „што ќе кажат луѓето“ и очигледно сакаа да и наметнат на Шарлот некој живот во кој самата таа како прво не се пронаоѓаше. Баш ми е мило што малава истурка до крај и им ја плесна на крај вистината во лице.

    Исто, не ми се допадна моментот со Рене, поточно, моментот кога Ева провали во неговиот дом и се случија тие неколку глупости. Тоа некако, во некои моменти ми беше ту мач, но во ред...

    Приказната на Ева ја читав без да трепнам, а онаа на Шарлот на моменти ми одеше на нерви, но убави беа и двете, дури и во моментот кога тајмлајнот се преклопи.
    Првата би ја оценила со чиста 5, втората можеби 4.5. Кај втората многу ми се допадна фактот што Шарлот го поби тоа дека младите девојки со вонбрачни деца се срам за фамилијата и сама дури успеа да докаже дека и покрај тоа, можат да си ја најдат среќата во љубовта.

    Крајот очекуван, но далеку од клише. А приказната за трио-фантастико (ака „Бодлеровите Цвеќиња на злото“): Лили, Маргарет и Вајолет ми беше дефинитивно нешто што ме остави без коментар, без збор, па и без сон. :)
    Толку морничави сцени, не знам од која да почнам - дали од монструмот Рене кој малтене и го направи животот пеколен на Ева, или од агонијата која ја проживеа со сцените од абортусот. Да не беше Вајолет, Ева немаше да биде тоа што е.

    Книгава би била среќна ако некогаш ја преведат кај нас, веднаш би и ја купила на мајка ми, мислам дека многу ќе и се допадне. А со оглед на тоа што навистина ми се допадна, би ја купила и за да ја имам во домашната библиотека. :)
     
    На toogood и violetblue им се допаѓа ова.