1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Денес ја завршив и некако бидејќи има две приказни на Ева и на Чарли имам потреба посебно да ги оценувам двете. Се согласувам со @Mishela приказната на Ева ми беше далеку подобра од онаа на Чарли.

    Приказната на Чарли добро почна со бременоста со потрагата по Роуз, ама некако потоа фокусот се сврте кон Ева и претходната приказна изгуби на жар. Љубовта на Чарли и Фин некако ми беше премногу добра за да биде вистинита ама ок е. Мораше да има хепили евер афтер. Милам дека потрагата по Роуз беше поттикната од фактот дека Чарли го загубила брат и на таков начин, па сега некако очајно посакуваше да ја најде Роуз.Не бев изненадена воопшто од ликовите на родителите на Чарли со оглед дека и ден денес често среќаваме такви типови на луѓе.

    Приказната на Ева од друга страна навистина реално ја долови моќта на храбрите жени во војните, и како овие три жени се сплотија и си помагаа една на друга, особено Лили и Вајолет на Ева. Мило ми беше што Ева на крајот си ја оствари својата одмазда иако долго време чекала за тоа и што се докажа дека не е предавник. Ми беше жал што Вајолет поверувала дека Ева е предавник и дека ги издала додека Лили во најкритичниот момент застана позади Ева.

    Мене лично темпото ми беше малку бавничко, и книгата за нијанса подолга од идеалното или во споредба со останатите книги од авторката/
     
    На toogood и Mishela им се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Knigava ja procitav pred tri meseci.

    Historical fiction /mystery
    Imase nekoi raboti koj tuku taka od nebo padnaa ama pa sto da se ocekuva koga e misterija.
    Se sekavam nesto vo vrska so hranata ne odese zosto bas toa vo toa vreme nemalo, ama ajde.
    Moj zarn na kniga, me svoi I ja nagradiv so 5/5.
    Sakav da trae podolgo. :$
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    Ќе читаме ли некоја нова книга? Како одат предлозите?
    Видов на goodreads е YA Week, па ако има кандидати може да одбереме нешто такво.

    Јас ја почнав првата од Lucky Harbor трилогијата (мислам дека е трилогија :^) ), па нека ми е со среќа заглавувањето со чик-лит YA деновиве. :worried:
    Не е толку страшно, не се лоши ако сте за нешто летно и лесно. :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не сум пишала за The Alice Network.
    Мене ми беше одлична. Меѓу најдобрите од историска фикција. Не знаев дека жените имале толкава улога во првата светска војна. Исто и мене ми се допадна приказната на Ева повеќе, скоро секогаш во книги од овој жанр приказната е подобра која се одвива во минатото. Каков развој на ликот на Ева, одличен, во едната приказна огорчена старица, во другата млада девојка полна со елан и желба да се покаже колку е способна.
    И стилот на пишување беше одличен, уживав целосно во книгава и ја препорачувам на сите фанови на историска фикција,

    @Mishela мене од YA моментално на листа ми е The Hate U Give, друго што ми е на листа, A man called Ove, We were the lucky ones, Before we were yours и нешто што ме заинтересира, а не е фикција е The Glass castle, гледам доста позитивни критики . Па се мислам што да почнам да читам.
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    Јас претходнава недела ја прочитав трилогијата Снежана и многу ми беше напната, па преминав на нешто лабаво и скроз заглавив таму. Се релаксирам.
    Пред некое време на goodreads прочитав кратка содржина за книгава (The Hate U Give), ми се допадна. Среќа ја симнав пред да го затворат oceanofpdf. :whew:
    Гледам и неа ја има во предлозите на gr, a рејтингот е изненадувачки висок, па верувам дека книгава ветува доста.

    Кажете што ви се чита, ќе се придружам кога ќе ја завршам Simply Irresistible. Не се чувствувам пријатно да давам предлози затоа што не ве следев толку често порано, па нека кажат другиве што да се чита.

    Before we were yours и мене ми е на листа инаку. :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Го затвориле? Кога? Пред некој ден ми се чини ја симнав новата од Колин Хувер од таму.
    Да не биде јас дека само кажувам, можеш и ти да предложиш, не е никаков проблем. Или кој сака нека се изјасни.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.142
    Пол:
    Женски
    Јас последно пред околу една недела ја симнав All your perfects и толку беше. Вчера отворив да проверам за некои други книги што ми се на листата за читање и гледам блокиран, не дозволува пребарување.
    После читав дека имало многу тужби од некои автори, па затоа и го затвориле сајтов.
    Штета, многу беа ажурни и отворени за соработка.
    Можеби ќе се вратат, не знам како пајратбеј може да функционира толку време, а сајтов веднаш го ликвидираа. Ми нема логика. :^)

    Овој пат давајте предлози вие, ми се допаѓаат тие што си ги ставила следни за читање.
    Можеби @violetblue има нешто интересно. Други не знам кои читаат, можеби и @*Ench@nted* би сакала да се придружи. (fingers)

    Кај мене во моментов е шарам-барам, па и не сум сигурна колку навистина има добри книги во сите тие одбрани за читање.
    После оваа планирав да ја читам The Nightingale од Kristin Hannah или Never never од Колин и Тарин.
    На повеќето верувам ви се читани, па затоа и не се трудам многу околу предлозиве, назад сум ептен. :D
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Never never е губење на време. Од две толку добри авторки такво нешто да излезе... Најтингејл бавно почнува, ама е добра во втората половина, вреди трпението.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Од кога ја немам отворено темава :tmi: Мислам дека последен пат читав заедно со вас во 2015 :D
    Од спомнативе книги погоре би ја читала The Glass castle, ептен ми фати око.

    Мене наредни на листа ми се The light we lost и Dark places, ама би можела да вметнам некоја измеѓу ако одбереме :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да ви се придружам, благодарам :hug:
    Само колку време давате за книга? Бавно читам со бебето дома :lol:
    Ах, еве видов назад дека минимум една недела пишала Реин, може, прифатливо :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    За симнување книги да ви ја предложам https://forum.mobilism.org/index.php

    На одмор се што имав симнато од книги прочитав, и ми остана уште Тhe family tabor па таа само што ја почнав.
    Before we where your ми е прочитана исто и Невер невер така да ако сте за The Hate U Give може таа еве и линк од неа https://userscloud.com/i8sim92945rt
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Излезена е нова книга од Џоди Пико - A spark of light. Како и секоја друга нејзина книга и оваа обработува контроверзни теми, конкретно за абортусот, па верувам ќе има што да се дискутира. Ако има некој што сака да ја чита може да ја ставиме тука за дискутирање.
     
    На violetblue и SV1911 им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Јас сум за, ставај линк за симнување. :lol:
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Еве ја во пдф.
    Мене доста интересно ми делува, почнувам од утре да ја читам. ^_^
     

    Прикачени фајлови:

    На *Ench@nted*, do-re-mi и SV1911 им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    @SV1911 да не ја почна?
    Јас сум до 15 посто,
    ама морам да кажам дека има многу работи што ми пречат. Временското прикажување на настаните, има премногу карактери и со ниту еден не можам да се поврзам, тама сум почнала едно нешто да следам прерипнува на друго... Малку разочарувачки ми е.
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Ја почнав и заспав после неколку страници. :D

    Премногу детали има од животите на луѓето, малку е тешко да се запомни сѐ, башка и имињата додека им ги запомнив кој е кој, ехее.. Ќе видиме како ќе биде понатака, се надевам ќе стане поинтересна.
     
    На violetblue и RainBow им се допаѓа ова.
  17. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Да, на почетокот малку конфузно е кој лик е, плус дека ретроградно иде дејството, ама потоа секој лик си ја добива својата приказна. Инаку длабоко сум трогната од книгата и тематиката на истата. Од лицемерието на про-лајферката Џенин и на таткото на Бет. Ми се допаѓаше како беа испреплетени заедно причинско-последично приказните на Бет и Џој. Баш ме интересира ревју на книгата од про-лајф point of view.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Книгава мене не ми се допадна воопшто.
    Прво, не можев да го сварам форматот. Немаше ништо интересно, нити нешто за очекување до самиот крај.
    Веќе кога знаев дека Олив е застрелана не можев понатаму да се поврзам со неа, а ниту пак нејзината смрт ме трогна, зашто кога умре не знаев каков лик е.

    Немаше ништо ново во аргументите за и против абортус, а со самото тоа што не можев да се поврзам со ликовите не можев ни да застанам на нечија страна. Да, јас сум про чојс, ама би сакала да имаше лик кој убаво би образложил зошто е про лајф, да имаше лик со кој можеш да се поврзеш. Џанин не беше таков.
    Никој, апсолутно никој не ми остави впечаток.

    Демек пресвртот со Бет беше ептен очаен, како да не се знаеше која е само зашто имаше различно име. И тоа дополнително ме изнервира.

    Се надевам дека нема пак да го постави вака тајм лајнот и во друга книга, зашто нема да ја читам за мене не функционира и ја утепа цела книга и цела нејзина поента.

    Разочарувачки.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Да бидам искрена, не ја дочитав. Стигнав до првата четвртина некаде и не можев да читам понатаму, не ми го задржуваше вниманието.

    Кога Рејн ја даде како предлог, ја помешав писателката на книгава со една друга писателка и затоа мислев ќе биде доста интересна, доцна ми текна за која се работи. Книгите на Џоди Пико не ми се допаѓаат. И порано имам почнато нејзини книги и на пола оставено непрочитани зошто ептен немаат приказна, во мои очи барем.

    Ајде сега, друг предлог! :)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓаат нејзините книги, секогаш се добро истражени и знае за што пишува.
    Ама за оваа ништо не си пропуштила што не си ја дочитала. Баш ништо.
    Дај некој предлог што ти е на листата.
    Мене ми се Where the crawdads sing, секаде фрчат позитивни критики за книгава,
    Educated: A Memoir by Tara Westover, оваа исто.
    И The Heart's Invisible Furies - Boyne, John, новата од авторот на Момчето во пижами на риги.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.