1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Еве неколку кои ми се во план да ги прочитам наскоро:

    1. The Woman in the Window од A.J. Finn,(Daniel Mallory) - психолошки трилер. Ме потсеќа на The Girl on the Train доста, барем по описот има елементи на депресија, алкохол, друго среќно семејство, ама исто има доста потенцијал судејќи по коментарите.

    2. Circle од Madeline Miller. Сум 50-50 за книгава, бидејќи уживам да читам митологии ама некои елементи во описот не ми се допаѓаат баш. Како и да е, има одлични критики, па би ѝ дала шанса.

    3. The Immortalists од Chloe Benjamin. If you knew the date of your death, how would you live your life?

    4. I'll Be Gone in the Dark од Michelle McNamara, трилер.

    5. The Outsider од Stephen King, трилер.

    6. The Tattooist of Auschwitz од Heather Morris, базирано на вистински настани.

    7. Still Me од Jojo Moyes, продолжение на Me Before You. Најверојатно веќе ја имате прочитано оваа, во јануари е излезена, јас доцнам. :wasntme:

    8. The Death of Mrs Westaway од Ruth Ware, трилер.

    За сега, толку.
     
    На DAngel и RainBow им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Првата не ми е во план да ја читам, претходната од авторот ми беше многу слаба, па не планирам ништо повеќе да читам.
    На мојата листа од тука се The tattooist, Still Me, The death of Mrs Westaway. Ама мислам за The tattooist ќе има што да се дискутира.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    The Tattooist of Auschwitz е навистина интересна, се согласувам дека ќе има што да се напише за неа.

    Ја барав сега да ја симнам, ама не ја најдов. Сите сајтови за симнување на книги што ги знам или ја немаат или се блокирани. |(
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Еве ја, од тука ја симнав, https://forum.mobilism.org/viewforum.php?f=106, тука ги има скоро сите книги, само профил ти треба.
     

    Прикачени фајлови:

    На Skyfall и SV1911 им се допаѓа ова.
  5. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ви се придружувам со оваа книга :)
    Ја симнав, почнувам да ја читам.... ме заинтригира
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    So far so good! :clap:

    До рано сабајле останав да ја читам, ептен ми е интересна!
     
    На Skyfall и RainBow им се допаѓа ова.
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Ја прочитав, речиси во еден здив.

    На Goodreads пишува дека има 288 страници, додека пак .pdf верзијата е околу 160. Се надевам дека разликата е поради големината на страниците, не поради тоа што ова беше некоја кратка верзија од книгата.

    Ми се допадна, многу. На моменти сакав да плачам од тага, за толку неправедно одземени животи, уништени семејства, обележани со горчливи спомени за векови.

    Ова е историјата, сурова, болна, но не треба, не смее да се заборави. Тешко ми беше да ја читам книгава, баш поради тоа што е сведоштво на такво опако време, но тоа е најмалку што можам да направам - да не заборавам.

    Стилот на пишување ми се допадна многу. Беше лесно читлива од тој аспект, дијалозите убаво разработени, иако често кратки. Некако крајот беше многу забрзан, настаните што ги опишуваше авторката се редеа премногу брзо, што оддава впечаток како да сакала побрзо да ја заврши книгата. Единствен минус е ова.

    Приказната ме трогна! Нивната љубов, издржливоста, посветеноста.

    Лале, човек со огромно срце кој многу мудро успеваше да се извлече од разни ситуации, а да не им наштети на другите. Тој остана човек не само низ годините поминати во логорот на смртта, туку и после сите сопки понатака.

    Љубовта кон неговата Гита заслужува одделна книга. Морници ме полазија, а не паѓам на романтики воопшто.

    За малку се расплакав кога повторно се сретнаа, па ако ова е барем блиску до тоа што навистина се случило - судбината, универзумот, животот сакал да бидат заедно. Која е веројатноста?

    Поготово овој дел требаше подобро да се разработи, беше прекратко опишан, иако многу интересен и важен момент од нивните животи.

    Дали има потреба да кажам колку бев бесна за сите бебиња, деца, возрасни убиени во гасните комори.. тој момент од книгата не можам да го тргнам од глава, премногу е болен за да се проигнорира и заборави.

    Војниците, германските поготово, беа оперирани од емоции, целосно. Често се прашувам, како е можно толкав голем број на психопати да се соберат на едно место? Колку треба да немаат емпатија, да не ги трогне убиството на мало невино дете?

    Кратка критика погоре, ќе почекам да завршите па да продискутираме, има што да се каже.

    Screenshot_20181026-150248-01.jpeg
    Screenshot_20181026-151251-01.jpeg
    Screenshot_20181026-150221-01.jpeg
    Screenshot_20181026-150235-01.jpeg
     
    На dunika и Skyfall им се допаѓа ова.
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ми остаа уште 80тина страници. Викендов не успеав да читам многу. Книгава успеа да ми го задржи вниманието, многу ми се допадна приказната. Ме интересира историја, сакам да читам книги во кои се опишани вистински приказни и настани.

    Да ја прочитам цела книга и ќе дадам критика :) Засега има 5+ од мене.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја прочитав пред некој ден, ама никако не најдов слободно време да пишам тука. Нема други што ја прочитале да се вклучат во дискусија? :) едно под друго се мои мислења. :lol:

    Оддамна немам прочитано книга, да биде лесна за читање и со добро обработена тема. Се согласувам со @SV1911 дека на крајот некако ја убрзаа целата приказна. Не знам од телефонов како да ставам спојлер, да не изнесувам делови од книгава за оние кои сеуште ја немаат прочитано. Ќе пробам покасно од компјутер. Фала @SV1911 :)
    Сакав да прочитам повеќе за приказната на Гита. Некако беше многу таинствено за неа и немаше многу детали изнесено. И периодот откако се врати кај сестра и до моментот додека не се сретнаа со Лале ми е празен и не е раскажно што правела.

    Им се восхитувам на храброста. Во тие моменти на немоќ и неизвесност, да останеш присебен и да успееш да најдеш начин да преживееш е стварно реткост. Какви болни умови владееле, просто не можам да поверувам какви нехумани работи правеле врз другите. На моменти си мислев дали е стварно реалност тоа што го читам. Бивало ли до толку ;(
     
    Последна измена: 3 ноември 2018
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    @Skyfall еве како се става спојлер од телефон

    До иконата за видео има повеќе опции, втората е спојлер. Collage 2018-11-03 21_31_30.jpg
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Дечки, до каде сте со книгава? :?:
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    До кај е клубов, ај да ја стартуваме 2019-та со нова книга. :)

    Мене во план ми е да ја читам The Simple Wild by K.A. Tucker.
    Штом Челси ја пофалила, значи ја бива книгава.

    Друго што ми е на листата:
    - The Book of Proper Names by Amélie Nothomb (вo моментов е на попуст во Матица и чини цели 100 денари :) )
    - The Great Alone by Kristin Hannah
    - An Anonymous Girl од авторите на The Wife Between Us

    Дајте да се чита нешто во наредните две, три недели. :)
     
    На violetblue, rolulika, *Ench@nted* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Јас сум за! ^_^

    Оваа ни е читана тука, пишувавме за неа пред некое време. Од предлозите постирани најмногу An Anonymous Girl ми фаќа око.

    @RainBow ајде да ја оживееме темава (highfive)
     
    На violetblue и Mishela им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам дека пројде таа книга, ама не сум фан на Кристин Хана па затоа ја шуткам по дома од тогаш и во план ми е да ја прочитам до крајов на месецот.

    Тоа од листата ми е список за јануари, затоа си го напишав некаде за да го има да не роварам по Гудридс зашто многу ми е гужва во фолдерите. :tmi:
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Јас ја читам An anonymous girl, уште 100тина страни имам, па можам да се придружам.
     
    На Mishela и SV1911 им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Ако не чини дај знак некој, да најдеме некоја друга. :lol:

    Мене искрено не ми се допадна баш The Wife Between Us, ама кај оваа новава пак многу ме привлече краткиот опис и не одолеав, одма си ја симнав и планирав да ја почнам деновиве.
     
    На rolulika и SV1911 им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Ако можеш те молам прикачи ја! :f:
     
    На rolulika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Не е баш толку напната како кратката содржина на Гудридс. За нијанса подобра од претходната нивна книга, ама има уште време до крај, иако не верувам дека би било нешто wow крај.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Секако, еве ја во пдф верзија.

    Епа таман значи за загревање во новата година.
    Ако имате поинтересни предлози сепак споделете, мене во моментов ми се чита што било освен хорор и романса. Оваа дека нова, одма ја спремив за читање па да видиме каква ќе испадне.

    Романси ќе делкам по јануари, Џоџо Мојес ми е на репертоар за февруари. Таман да здивнам од психолошкиве зашто многу такви ми се изредија во последно време. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На do-re-mi, rolulika и SV1911 им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Фала! Мене оваа ми се виде интересна, ќе ја почнам. :)
     
    На rolulika и Mishela им се допаѓа ова.