1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Го сменив насловот штом сте за таа.
    Јас не ја прочитав претходната, некако не бев баш во такво расположение, а и општо имам застој со читањето. Моментално ја читам Born A Crime, ме извади малку од reading slump-от.
    Потоа на листата ми се Educated - Tara Westover, исто мемоар, а сакам и од Мишел Обама да ја прочитам, гледам доста бранови направи книгата.
    Оваа интересно звучи, ќе се обидам да ја вметнам измеѓу.
     
    На rolulika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    До кај сте? :)
    Јас денес до 50%, до кај недела секако би требало да ја завршам (ако имам време утре, можеби и порано).
    Малце ми е...чудничка. А како за чудо заразна ми е приказната, сакам да видам што ќе биде и имам претпоставки, но оставам простор да ме изненади.

    Само, повторно истото чувство како и кај претходната книга - некако ептен ми се познава дека двајца работеле на приказната и на моменти ми е дури и малце конфузно, ама повеќе чудно. :)
    Ај ќе видиме...
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.038
    Јас ја завршив пред два дена, мене баш ми се виде интересна. Да не издавам спојлери, ќе пишам за некој ден. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Колку брзо читаш. :worried:
    Оваа фацата скиселена се однесува на мене, јас сум многу бавничка.

    Ама имам останато уште 4 часа, па мислам ќе завршам наскоро и јас. :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    И бавниот читач ја заврши книгата завчера.(poolparty)
    Во последно време, кога читам на Киндл ми оди многу бавно, немам поим зошто.

    Ќе напишам утре поопфатна рецензија, денес сум малку кнап со време. Ама нема на пропуштам да кажам дека книгава МНОГУ ме изненади и исто толку многу ми се допадна.
    Со оглед на тоа што The Wife Between Us ме разочара, многу се мислев дали да ја прочитам оваа новава. Плус, кога видов анкета и прашања во приказната, одма ми падна на памет The Girl Before и 'yes, Daddy, yes!!!!' испадите, па уште толку се подзамислив зашто и таа книга не ми се допадна толку колку што мислев. :D

    Оваа беше исклучок, доволно напната, добра приказна, интересни mindgames во кои верувам во даден момент секој би можел да се препознае, зашто сите си доаѓаме со некаков багаж сепак...
    Не дека е нешто невидено или којзнае какво, ама приказната ми беше многу питка, интересна, умерена, тука и таму по некој интересен пресврт (кој помалку, кој повеќе предвидлив), но повторно сосема доволно за да си најде симпатии меѓу читачката публика.
    Мислам дека ќе биде поуспешна од претходната.

    Ја препорачувам, дури и на оние на кои не им се допаднала другата книга од авторкиве.
    Би ставила и 5 без размислување, ама многу ме напна еден момент, па дадов помеѓу 4 и 4.5, што повторно е сосем солидно за некој автор кој ептен прекардашил кај мене со некои претходни дела.
    Не сум злопамтило, ама ми се ствара некој grudge кон автори кои ме разочарале, но ете, ми се докажа спротивното. :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.038
    Сум заборавила да пишам за книгава! :wasntme:

    Мене исто така многу ми се допадна. Беше баш интересна, цело време ме држеше во неизвесност и само погодував кој ќе испадне лошиот лик на крајот. :D

    Почетокот дава убава представа за животот на главниот лик, а тајните кои што постепено се откриваат во текот на дејствието ја прават да биде постојано интересна. Кога ќе си помислиш аха, сега знам кој е манипулаторот, ќе се случи пресврт и повторно се враќаш на почетокот.

    Книгава не е за оние кои лесно стануваат параноични, да ве предупредам со време. :D После неа, тешко дека некогаш ќе учествувам во некоја си анонимна анкета или слично. :))))

    Ликовите беа убаво опфатени, можев без проблем да ги замислам како изгледаат, облеката која ја носат, куќите во кои што живеат. Имаше доволно детали за да на читателот му стане јасно што сака авторот, во случајов авторите да кажат, но не премногу за да биде досадно.

    Имаше момент кон крајот на книгата кога ми се виде дека им фалеше фантазија, а и логика, па како само да сакале да ја завршат таа сцена што побрзо - *спојлер делот кога дечкото на Џесика ја чекаше пред зградата додека таа беше кај Томас за да разговараат за ситуацијата, а Лидија се појави и се представи како психолог и почна да ја омаловажува Џесика, ваква била, таква била, плус неколку пораки каде се гледаше само што Џесика напишала и овој и поверува и прекинаа комуникација.*

    Делов малце ми го расипа впечатокот, ептен сакаа да го откачат него, ама изгледа не им текнало како покреативно.

    Нејсе. Се на се, беше многу добра, од мене 4/5.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Да, ќе се сложам и јас со тебе @SV1911, дека крајот се случи во претпоследното поглавје, буквално.
    Јас не обожавам баш вакви инстант-краеви, ама тука не ми сметаше. Изгледа треба сите книги вака да ги почнувам без некакви големи очекувања, за да си оставам простор и да ме изненадат, а и да освојат симпатии кај мене.

    Многу ми се допадна како беше претставен ликот на Лидија - не карактерно, туку сликовито. Не ми се допадна како си „пресуди“ на крај, некако ми беше ептен...без врска. А типот ми се чини, пројде неказнето?
    Убав стил на пишување, многу интересна приказна, просечен крај. Пак ќе кажам, не жалам што ја прочитав иако мислев дека нема да ми се допадне, ама испадна убава книга.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.038
    Да бе, он го наследи целиот имот на Лидија. На крај Џесика му даде ливче со сума, демек оштета која он ќе ја плаќа со години.

    Лидија беше навистина добро опишана, психопатче тешко. А и Томас демек не можел да се откачи од неа, така му одговарало. :lol:

    Леле, не можам да се замислам да живеам со такви луѓе како родителите на Лидија или со некој толку калкулативен како таа. Морници ме лазеа од нејзината ладнокрвност.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Се сетив и јас во меѓувреме. И нели, на таа пара која ја имаа со Лидија, многу тешко ќе му беше ова со сумата. :D
    Многу се изнервирав, ама од друга страна па и немаше некој лик кој си немаше свои „скелетонс ин д клозет“, па...

    Лидија си имаше ептен дијагноза, ама овој нејзин Томас ми беше па сосема друга категорија. Џаболебар. Па и се уплашил за кариерата и реномето, мислам - која црна кариера човеку?! :D
    Можел едноставно да се повлече уште тогаш, ама очигледно повеќе му одговарало така.
    Ама нема врска, беше интересно да се читаат нивните семејни интриги. Најмногу ми беше криво за моментот кога Џесика се обвинуваше себе си за несреќата што се случила со сестра и. Тоа и фактот што се случило нешто лошо ми беа најтажниот момент од цела книга, којзнае колку и било тешко да го носи сиот тој товар цело време.

    Исто, многу тажен момент ми беше тоа која отиде да ја шминка онаа бабичката - не ми текнува на името, ама имав запишано дури од што ми дојдоа солзи на очи. Сама, осамена, си бараше жената (покрај шминкерската услуга) и малку друштво. :(
    И ми текна и мене - колку ли пати само сум се испонашала дебилно и обратно. Не знам зошто, ама многу ме натажи тој факт и книгава дефинитивно не е за вакви overthinkers.
    Бабичкава ќе ја памтам до крајот на животот. :tmi:
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.038
    Јас се осеќав ко баба ми кога коментира додека гледа некоја турска серија кога Џесика ѝ се исповедаше на Лидија за сите тајни. Ама бав ваква бев немој мори, не кажувај, кај се кажуваат такви работи, па уште и те плаќа, ќора ли си!! :tmi:

    Ептен ми беше и мене жал за ситуацијата со бабата, греота. Ама па и во реалниот живот ко што викаш ситуации вакви милион, не се ни замислуваш додека не е премногу доцна.

    Леле, а тие двете девојки, студентите со телефоните во рака, на почетокот на книгата, ми идеше да им акнам по една. :D Колку само не поднесувам такви површни луѓе и муабетите кои ги прават, да беа они повеќе инволвирани во книгата, сигурно ќе ја баталев.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Мене книгата ми беше ок, ама ликовите сите ме нервираа, и Лидија и Томас и Џесика. Лидија беше болно љубоморна да, ама ептен ми беше жал што се самоуби на крај, иако знаев дека нема шанси да преживее нејзиниот лик. Џесика ми беше малку одвратна дека ептен се полакоми за пари и се и сешто прифати, демек за семејството и сестра и, ама сепак... на крајот стигна и да изнудува пари од Томас. Во реален живот таквите како неа ги викаме спонзоруши. Најнеотчекуван момент во целата книга ми беше кога Џесика сфати дека типот што го сретна на улица кај сообраќајката е всушност Томас. Претпоставував дека ке има нешто поврзано со тоа, ама воопшто не очекував дека всушност баш тој бил Томас.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Па и голготата кога ги бараше потоа и не и' отвараа врата. Во библиотеката им се избаци како првокласен stalker и многу ми беше смешен тој момент. :D

    И мене ми е криво што така заврши Лидија, без разлика на тоа што ми беше многу иритантна. Јас искрено повеќе очекував некоја конечна разврска помеѓу неа и Томас и мислев дека ќе успее да му врати или да го обелодени некако неговото будалаштие, а уствари она го извлече подебелиот крај, а тој...како ништо да не било. :x
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.038
    За таков комплексен лик како Лидија крајот навистина беше млитав, слаб, брза завршница на интересна книга.

    Томас манипулираше со неа постојано, злоупотреби должност и на крај доби сѐ и се откачи од Лидија. Можеле подобро од ова.

    Која е поентата да осмислуваш толку комплексни карактери за да на крај целиот труд пропадне во вода со таков завршеток... еве не знам, можеби не сум компетентна да им судам волку стрго, сепак, никогаш немам напишано книга, ама од гледна точка на вљубеник во пишаниот збор, ќе кажам дека можеле, морале подобро.

    Според мене Џесика беше манипулирана. На почетокот се согласи за парите, реално, многумина во таква кнап ситуација би го направиле истото, ама после веќе не беше за парите, туку приврзаноста која ја чувствуваше кон Лидија. Поради тоа и остана, иако прашањата ја соголуваа до гола кожа. Лидија ја манипулираше Џесика, ѝ ги извече сите тајни за да може после да ја уценува да прави што таа ќе каже, знаејќи дека Џесика нема да има храброст да ги признае сите мали и големи лаги акумулирани со текот на годините.

    Мене многу ми беше жал за Џесика во хотелот, каде требаше да се додворува на рандом странец, а Лидија ја посматраше постојано. После секоја таква случка, Лидија се правеше дека ѝ е пријателка, дека ја разбира, дека Џесика може целосно да ѝ верува.

    Џесика според мене беше жртвата во целата приказна, изманипулирана до точка да нема право да каже не.

    Малце и беше на Лидија таков крај, требаше да се дознае каков лошотилок се криеше зад тоа лице и углед уште додека беше жива, заедно со Томас да си го добијат заслуженото.
     
    На violetblue и Mishela им се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Мене пак крајот ми беше баш реален, не секогаш во животот лошите луѓе го добиваат заслуженотот. И јас сакав Томас да биде казнет ама еве ваквиот крај ми беше баш дека некогаш добиваме шамар од животот.
    Џесика можеше да прекине после еве случката во хотелот, ама дека беше толку многу изманипулирана не баш, секогаш кога имаше некоја тешка задача единствено си велеше дека со тие пари може да и приушти одмор или терапија за сестра и, така да на крај излезе дека всушност и не е баш така невина кога го уцени Томас за пари.
     
    На SV1911 и Mishela им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Во право си, всушност, се согласувам и со двете.
    Јас имам поделено мислење за Џесика, но навистина ми беше многу жал за неа во некои поглавја, зашто и таа си имаше issues со товарот што го носеше. Можеби на некој начин, одеше подлабоко и подлабоко во „бизнисот“ со Лидија со намера да собере доволно пари и за да се „искупи“ нели од несреќата што се случила, а потоа си прерасна во нешто како зависност, зашто Лидија и беше единствена блиска личност за разговор.
    Ама да ме прати некоја си, да им се додворувам на оженети или да си го злоупотребувам и онака тешко добиеното работно место, па и да ме гледа како Симс-човече, а јас како дебил да барам уште лудости зашто ми дала добар кеш...аммм, претпоставувам го знаете мојот коментар.

    А Лидија и Томас, уф...е тоа беше дуо од соништата. Не знам кој ми беше поантипатичен, не можам да се одлучам.
    Криво ми е што навистина никој не си го доби заслуженото; Лидија го извлече најдебелиот крај, а овие двајцата и ќар видоа од сето тоа. :x
     
    На violetblue и SV1911 им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Ајде пак да читаме нешто, aко сте за. :)
    Пред една недела излезе новата книга на Кејт Квин, па ако ви се чита историска фикција, да ја земеме предвид.

    Еве што е на мојата листа за март, давајте предлози да одбереме нешто.
    1. The Huntress - Kate Quinn
    2. The Silent Patient - Alex Michaelides
    3. The Lost Girls of Paris - Pam Jenoff
    4. The Law of Moses - Amy Harmon

    Сите со ветувачки рејтинг. :)
     
    На SV1911 и violetblue им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Баш сега се мислам што да читам, ама повеќе барав нешто релаксирачко и со хумор.
    Од Кејт Квин ептен ми фати око, може таа, има глас од мене. The silent patient ја прочитав, супер е, да ја прочитате. Од Amy Harmon ја имам читано Making faces и воопшто не ми се допадна стилот на пишување, не би читала нешто од неа пак. А за Пам Џеноф може и таа, ми стои дека е добра.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Оваа од Кејт ја чекам од лани, со душа чекам да ја прочитам. Би требало да е добра, па да видиме. Страв ми е да имам некакви очекувања за да не се разочарам на крај.
    Инаку до сега читав некои полабави YA книги, ама ако имаш нешто интересно на листата би читала и тоа, @RainBow.
    Јас си сакам историски, па затоа генерално и такви книги ми се вртат низ tbr листите. Ај нека се јават и другиве па да се активираме.
     
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Moже новата од Кејт, јас сум за историски, да одморам малку од психолошки трилери.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Ја има на пајратбеј во epub, ама еве ја во пдф.
     

    Прикачени фајлови:

    На violetblue и SV1911 им се допаѓа ова.