1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    И мене ми се гледа таа од Кејт интересна, ќе ви се приклучам. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ја почнам утре конечно. Дочитав тоа што ми беше почнато во Киндлот, расчистив „полици“ па сега на раат ќе уживам (се надевам) со Кејт Квин.

    Почнавте ли, како е засега?
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.031
    Уште не. И јас ќе ја почнам утре - задутре.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Конечно ја прочитав...
    Премногу страни за мој вкус.
    Единствено приказната на Џордан ја читав со голем интерес и внимание. Приказната на Иан и така и така. Од друга страна приказната на Нина ми беше привлечна на почетокот. Потоа некако без концентрација читав. Ми се допаѓаше како беше преставена Ана, злобна, калкулирана...Најмногу ми беше жал за Рут, низ што се поминала. Некако премногу наивно испадна како ја пронајдоа Ана, дека навистина споделила толку информации со нејзината мајка. Некако тој дел ми беше меехх.
    Хајлајт на книгата ми беа Џордан и Тони, онака да ти дојде топло на душата. Од друга страна Иан и Нина беа пресмешни, особено Нина со она ,,ну ладно,, :D
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Леле јас мислам цела вечност сум на тие 37%, имам чувство како да читам едно те исто цело време зашто некако малку конфузни ми се овие приказни раскажувани од повеќе гледни точки.
    Дали дека навикната на такви dual-timeline приказни, кога има малку повеќе ангажман за мозокот се гасам. :worried:

    Засега убава е, нема нешто од WWII што не ми е интересно за читање, ама приказнава на Џордан ми е омилена. :)
    Ќе видам како ќе бидам со обврски деновиве, веројатно во текот на наредната недела ќе ја завршам па ќе се вратам со целосна рецензија како што е ред.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас на почеток сум уште, ама ми стои дека малку поразвлечена ќе биде. Се надеевам нема да ми се одолговлечи читањето.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Дечки што бидна, ја прочитавте ли The Huntress?
    Мене ми се допадна, иако морам да признаам дека првата третина од книгата ми беше мнооогу, многу бавна и монотона. Како ништо да не се случуваше и како воведот да траеше предолго.
    Потоа кон средината стана многу поинтересна, па како напредуваа настаните, така и самата приказна ми беше повпечатлива и поинтригантна.

    Eдинствена замерка ми е развлеченоста. Предолга беше книгава и тоа ми ја направи малку одбивна на некој начин, но сепак ми се допадна. Поради тоа и не сум сигурна како да ја оценам - некаде помеѓу 4 и 4.5.

    Не можам да издвојам најомилена приказна, но можеби таа на Нина највеќе ми отскокнуваше, иако на почетокот најинтересна ми беше Џордан, сепак потоа ми се смени некако фокусот.
    Убава книга како и да е, вреди да се прочита, само да беше бар стотина страници пократка...

    Дали има расположени да читаме повторно некоја книга?
    Јас во моментов ја читам „Половина жолто сонце“ од Чимаманда, ама на списокот ми се овие:
    1. The Dreamers, by Karen Thompson Walker
    2. The Night Tiger, by Yangsze Choo
    3. Ask Again, Yes, by Mary Beth Keane

    Пишете каква е ситуацијата кај вас, ми се чита нешто интересно. :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    @Mishela да не прочита нешто од овие погоре книгиве?
    Некако ниедна не ми фаќа око. Не знам ни што да почнам да читам, последниве не ми се погодија и не си верувам на изборот сега, мислам што и да одберам нема да биде добро.
    Да ставиме некоја книга да го освежиме клубов? Излегов малку од reading slump-от во кој имав западнато.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    @RainBow jа почнав The Night Tiger ама не ја дочитав, дали дека периодов прочитав многу историски, ич не ми е периодот за таква книга, ми здосадија. А убава е и ми се допаѓа (на околу 50% стасав), ама ќе ја дочитам понатака.

    Јас имам многу нови на листата, ќе ставам линкови, па види дали нешто ќе ти фати око и секако дај предлози од твоите. Планирав да ви ја предложам новата од Кристан Хигинс, ама штом не ти се допаднала, ќе ја тргнам и јас, една (глупава) книга помалку за читање.

    1. The Winemaker's Wife
    2. The Last House Guest
    3. Whisper Network
    4. Swipe Right for Murder
    5. Тhr3e

    Мене ми се чита некоја интересна комедија веќе некое време, ама никако да си најдам таква. До душа, сеедно ми е што ќе читам, само да вреди и да не вртам очи како на трилогијата на Колин и Тарин.
    Silas baby. Jamais Jamais. :drunk:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    :D
    Знам како ти е, со оние двете книги не да превртував очи, се чудам уште во главата како ми се.:worried:
    Сега ќе ги разгледам. Барав нешто во предлозите и на овие им фрлив око:

    Things You Save in a Fire - Katherine Center
    The Whisper Man - Alex North
    A Fire Sparkling - Julianne MacLean

    Последната е историска за втората светска војна, мене ептен ми фати око, ама викаш не ти се чита таква, а втората ми стои на интересен трилер. Првата дека е со пожарникари ми изгледа интересна драма.

    Баш ме разочара Кристан Хигинс, а и обемна книгата многу, немало потреба да ја шири толку, ниту пак имаше материјал. Штета.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, глупости. Сиот тој build up за едно големо ништо. А на првата книга и залепив па и солидна оценка, си реков готово, Russian Doll во тин-верзија. Уште да беше така. :D

    Првите две ми се и мене на листата. И навистина не знам која повеќе сакам да ја читам. :)
    А третата не ми е, ама ќе си ја додадам, ми фаќа око.
    The Whisper Man mислам дека Сакам Книги ја спремаат за издавање наскоро, како да ја препознав на сајтот. Одбери ти овој пат, јас сум ептен неодлучна.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ајде нека биде Шепнувачот, The Whisper Man де. :D
    Ептен creepy ми делува.:worried:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Може, ај да видиме каква е. Ја имаш?
    Еве ја ако ја немаш симнато.
     

    Прикачени фајлови:

    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ја симнав и почнав да ја читам.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    И јас ја почнав синоќа, стасав до кај 25%. Брзо одат поглавјата, многу ми се допаѓа кога се кратки и траат по 5-10 минутки. Предолгите поглавја ми се многу мачни за читање во последно време, дали дека наидов на предолги, досадни книги, па вакво нешто ми е освежување.

    Поручек се надевам ќе навлезам повеќе во приказната, почетокот не е воопшто лош.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    @Mishela морници ме лазат од книгава. Посебно што е со деца.
    Прво мислев дека Џејк некако ќе стане убицето, дека можеби тоа беше неговото детство, ама после се споија приказните. Немам теорија засега што би можело да се случува.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    До кај си? Јас сум на околу 70%, навечер ја читам и искрено само кошмари сонувам, многу ми е језива и мене ама мислам дека ќе биде солиден трилер.

    "Песничката" на шепкачот ми е хорор, многу е морбидна. If you leave a door half open, soon you'll hear the whispers spoken...
    Си замислувам како крипи глас ми го шепка ова и ми фуфка да станам да изгаснам светло. :D:sweat:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 40 посто негде. Се чудам како можеше да купи така куќа без да праша за нејзината историја или да пребара нешто за гратчето во кое мислел да се пресели. Како може да не знае за убиствата? Стварно не ми е јасно тоа, па само да го пишел името на гратчето ќе му излегле прво убиствата.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Нели? Сакајќи да избега од сè, сам се пикна во небрано. Тоа ми беше малку аматерски чекор искрено, не познавам некој кој купил куќа, стан туку така и не верувам дека некој така ноншалантно би си одбрал место за живеење, па и со дете плус. Ама веројатно беше така ставено за ефект.
    Сега ќе дојде интересното, ќе читаш што ќе открие следно, ако веќе не си стасала до тој дел.

    Си мислам и дека ќе пробаат да развијат романса или некои искри помеѓу Том и Карен (така ли беше жената која ја сретна во школото?), ама ајде да видиме.
    Сега гледам дека една моја омилена букблогерка дала солидна оценка за книгава па уште повеќе се загреав да ја завршам денес, имам уште 3 саати отприлика.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Апсолутно аматерски. Друго што ми боде очи е што гледа дека детето доста тешко се справува со ситуацијата, колку чудно се однесува и не размислува да го однесе на психолог, да му пружи некаква помош.
    Некогаш книгава ми заличува ко дејството во осумдесетите да се случува. Инаку секако денес би се пребарало на интернет за состојбата на гратчето. Но, ако го направеше тоа веднаш ќе знаеше за шепотењето и немаше да има мистерија. Интересна е, напната, но си има пропусти. Ги најде коските и после следува поглавјето со Пит и Норман, до таму сум. Ама ќе мора да почека до вечер, да заспие ќерка ми.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.