1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    До кај сме?
    Ја завршив јас од Џон Бојн и не читам ништо сега, па се мислам дали да ја почнам следната од него или оваа што ја зборевме тука.
    Или да најдеме некоја преведена, пa може ќе сака некој да се приклучи.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Оваа и мене ми е во TBR фолдерот, имај ја на ум за некој нареден пат.
    Јас инаку ја прочитав Thr3e деновиве и се изнасмеав на крај. Многу големо разочарување, скроз нереално. Не беше мој тип на трилер. Оценка 2+ дадов, навистина бледо.
    А вчера ја почнав How to walk away, некаде до пола стасав и можеби до утре и ќе ја завршам.

    Се убив од плачење, многу ме погоди и многу емотивно е раскажувањето, иако мислам дека знам како ќе заврши и некако нема да сум среќна ако е така како што мислам. А многу е реална за жал, барем засега.

    П.С. Ако ти се чита Пам Џеноф може да ја читаме Изгубените девојки во Париз нареден пат. Знам дека таа е преведена само не се сеќавам дали ја читав или не. Ќе проверам. :lol:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе ја оставам од Џон Бојн да ја читаме тука, сигурна сум дека ќе има доста за дискутирање.
    И за The Heart's invisible furies има, ама немав со кој. :(
    Уффф, не знам дали сум сега за нешто толку емотивно и срце да ме боли, доста ми е тешка и реалноста моментално.
    Затоа и немам почнато ништо, не знам за што сум.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Тешка книга е How to walk away, не можеш да заземeш страна затоа што сите се во право и не се и сè така во круг.
    Синоќа се подув од плачење, грутка ми стои во грлото додека читам. Ич не ми е за сега, ама не ми се остава на толку многу пројдено. :(
    Ако е крајот како што мислам, ќе се изнервирам малку, ама сепак мислам дека ќе биде убава книга.

    Некаде од петок може да почнам да ја читам оваа од Џон Бојн, да ја прочитам оваа и ќе разлистам некоја тралалајка. И он има длабоки и емотивни книги, па да прошарам малку за секој случај.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Е ме закопка сега со книгата. Не се сомневам дека е добро напишана, и претходната беше супер.
    Башка и ја ставив на киндл.:wasntme:
    Ај ќе ја почнам. Ќе ја ставам во наслов, па ќе ја продискутираме.
    Гледав еден трилер, Замка, преведен од Матица, демек добар бил, ама на гр 3,49 рејтинг. Најчесто се согласувам со рејтингот, па не ми се ризикуваше.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Ауу Мелани Рабе ли, како беше авторката. Не, тргај го, аборт мишн. И јас му ставив 3ка. :D
    Мислам дека нема да ти се допадне. Ај да си оставиме уште малку време да размислиме, сигурно ќе се најде нешто убаво што е преведено и кај нас. :)
    А How to walk away мислам дека ќе ти се допадне. Само се надевам ќе биде вака до крај, да не ми се уништи крајот со некоја тешка глупост ма да не верувам вакво нешто од Кетрин.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Да, Мелани Рабе беше. Го тргнав одма, трилерите и така некако ретко се погодуваат, па ако се и со слаб рејтинг ништо.
    Ајде таман имаме време да побараме и некоја преведена.
    Оваа од Џон многу ме копка, одамна не сум прочитала нешто толку страшно добро напишано, толку реално и блиско, навистина е прекрасен човекот.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Така е, ретко се наоѓа баш добар трилер. Не памтам кога последно дадов 5, можеби на Birdbox ама и тоа не ми беше баш трилер туку повеќе психолошки, суспенс, дистопија можеби. Замка не е од тие, за мене беше доста слаба книга.
    Имам на ум една многу убава во издание на Култура, Симона Спарако е авторката. "Никој не знае за нас" се вика (со убав превод како за чудо) и има многу пристапна цена, на Саем мислам дека ја купив 99 денари.
    Ама читана ми е мене веќе. И иако ја паметам од збор до збор, да бидам искрена во моментов ич не ми се дискутира на темата која ја обработува, многу тешка книга ама вреди да се прочита некогаш.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Ќе ја разгледам баш.
    Од Лусинда Рајли утре нова излегува, ама многу обемна, 672 страници. Во нејзин стил, две приказни, една старица, тајни, дрн-дрн... Се мислам дали да ја ставам на листата, некако од неа сум заситена, веќе знае што да очекува човек.
    И од Џоџо новата ја чекам, The Giver of Stars, ми стои дека ќе е добра, на 8ми излегува.
    И Тестамент е излезена, ама некако не сум во такво расположение.
    Не знам дали кај нас ќе ја прведе некој.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Видов за Лусинда и се мислам дали да ја читам. Можеби па ми треба нешто вакво, иако веројатноста е голема дека ќе биде малку клише. Сите нејзини ги пројдов освен серијалот и веќе во сон ми е научен тој шаблонот по кој слепо се води. Ама за ладење мозок па не е лоша, comforting приказни вади некогаш. Само страниците ме нервираат...ај што не заокружила на 700 кога веќе се занела толку. :D
    Следам и за Џоџо, на листата ми е оваа некое време.
    Многу лоша работа ми е тоа што newsletter-от на ГР редовно го отварам на мејл, само трупам нови книги уште старите непрочитани. :lol:
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Јас и две од серијалот прочитав, е тоа е шаблон, врз првичниот шаблон друг шаблон има. :D
    Да беше пократка не би се мислела, вака...
    Види ја оваа од Сандра Браун https://www.goodreads.com/book/show/29203612-sting?ac=1&from_search=true
    кај нас е преведена како стапица, ја има и во билбиотеките мислам.
    https://kupikniga.mk/product/stapitsa/
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Шаблонсепшн значи. :D
    Не, сестрите нема да ги читам во скоро време, така ми изгледа.
    Сандра Браун не е лоша, само не знам дали знаеш, она си ги има моментите со некои ептен секси сцени и сочни описи. :lol:
    Ајде после Кетрин ќе ја читаме неа ако си за, јас велам да дадеме шанса па може и некој друг ќе ни се придружи.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Знам, знам какви сцени има.8-|:D
    Имам две од неа прочитано, добри беа, затоа мислам дека и оваа ќе е, така ми стои. А и добро ќе ни дојде после плачкиве.:wasntme:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Јас само Mean Streak ја имам читано, мислам дека 4 ставив така нешто, што значи ја бивало. :D
    Готово, продадено. Ајде сега уживај во How to walk away па ќе збориме, има ехее многу за зборење. Мене навистина ме трогна првата половина. Втората е ин прогрес, па ќе сумирам. :wasntme:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    @Mishela крајно, крајно се разочарав од книгава.
    Не знам од каде да почнам.

    Прво, малку нереално делуваше на почетокот со несреќата. До толку во болница да не праша што се случува со нозете? Некако целата таа ситуација ми беше само креирана за подраматичен ефект. Тонот на целата книга воопшто не беше соодветен за сериозноста на ситуацијата.

    Второ, мајка и. Уфффф, мајка и со целиот тој говор за мажите дека немало да ја сакаат. Молам? Ќерка ти штотуку едвај преживеа, ЕДВАЈ, и ти со што се оптеретуваш? И ја оптеретуваш? Изгорена, парализирана, ама чекај, има поважни проблеми од тоа. И зошто преќуте, зошто не изреагира Маргарет? Беше жртва на несреќа, а уште поголема жртва и на општеството подоцна. Чип беше одвратен кон неа, одвратен, па мајка му да се дрзне да дојде и така да зборува? Грозно.

    Нормално, мораше да има таков маж, тмурен, мистериозен, ама секако презгоден и прекрасен. Целиот лик на Иан, целата приказна ми беше многу, многу тешка за варење. Неговата позадинска приказна беше само уфрлена колку да има нешто, ете, не е само некој си површен физиотерапевт кој се вљубува во пациентка.
    Патем, додека сум кај тоа, исто така ми беше тешко замисливо. Ми пречеше што упорно ја викаше Меги. Значи, му беше пациентка, ако му рече да ја вика Маргарет има да ја вика Маргарет. Што професионалност е тоа? Плус, жена која кажува на маж како и е името и како преферира да ја нарекува. И пак игнорирање.

    Сакав да и се допадне приказната многу повеќе отколку што ми се допадна. TYSIAF е подобро напишана, иако е исто feel good книга, ама не беше до овој степен.
    Иако, читањето на оваа ме тера да се запрашам и за мислењето за претходната.
    Лошо, многу лошо.
    За крајот што да се каже, јасно ми е од претходната книга, ама тука некако повеќе ми беше неверојатен. Единствено ми беше мило што и магично не прооди. Тек тогаш ќе беше.(facepalm)

    Толку ми се чини имам засега да кажам.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    @RainBow нели, колку беше смирена за некој што се наоѓа во таква животозагрозувачка ситуација. На девојкава стварно животот и се смени преку ноќ, а цело време беше таква зен - ништо не ми е, just a bunch of scraps, ќе пројде ќе бидам како нова.
    Кога спомнав дека се плашам каков ќе биде крајот, мислев баш на тоа клишето дека магично ќе прооди и ќе му се фрцка на Чип со долгите нозе сместени во тесни фармерки и високи штикли, за да му се одмазди поради тоа што и' заби нож во грб.
    Од мене 3 овој пат. Првата половина ми беше многу емотивна и многу интересна, убав старт имаше. Многу плачев на некои делови, навистина многу ме погодија, ама како се појави Иан, така почнав да вртам со очите. Едноставно знаев дека ќе бидат пар, се осеќаше тоа. Па толку патетики во неговиот лик, единствено се насмеав на делот кога беа во викендицата и и' рече нешто во стилот - е што, да не сакаш да те оставам со Tweedle Dee & Tweedle Dum. :D
    Кити и Фет Бенџамин (Бенџамин ли се викаше тој нејзиниот па, не ни запаметив) ми беа комични во две-три сцени.

    За мајката немам коментар. Сакала авторката да вметне нешто емотивно во неа па ја плеснала демек приказната за Кити. Мене ми беше тоа патетично. Да го лажеш маж ти за таква сериозна работа, па каков човек си ти?
    Ќерката уште неосвестена од операцијата, она крена револуција дека на ништо повеќе не било исто, дека не личела на ништо, па и забрана да не се гледала во огледало...јас верувам дека има секакви родители, ама ваков муабет на пример би очекувала да прави баба ми што е безмалку 90 години, не мајка ми од 50-тина и некоја. Ебати мајката.
    Некако да, беа во право дека ништо повеќе нема да биде исто, ама и НЕ дека таа е унаказена и дека треба да се труди да се врати во нормала за пази молим те, да си најде маж. (facepalm)
    За да биде сексапилна, за да не остане сама. Само ова ќе го ставам за муабетот од мајкава: :puke:

    Чип нема да го коментирам, ни несудената свеки на Меги. Ама поканата за свадба? Она изоставена, мајкава молим лепо, останала во контакт ејј со жената што дојде да и' ја вреѓа ќерката дури уште лежеше во болница. Ма вака да му дојде некоја на мое дете, има да ја запалам, не да ја дружам и по свадби да се каниме.

    Многу ми се допадна замислата и пораката на книгата, дека не треба да се предадеме кога мислиме дека пред очите ни се распаѓа стариот терк на живот, дека треба да најдеш сила во себе, ама да продолжиш напред ЗА СЕБЕ. Не за мајка ти, не за дечкото, не за тие околу себе, туку ЗА СЕБЕ. Затоа што заслужуваш да си дадеш шанса, без оглед на околностите кои ти се сервирани. Епилогот ми беше убав и емотивен, ама не можам да дадам 5 поради тие неколку работи кои ми паднаа во око додека читав.
    На моменти ми се чинеше како да читам изромантизирана верзија на Me Before You, со обратни улоги. Речиси сум сигурна дека така некако и' била замислена, ама несимпатичните ликови си го направија своето.
    Не знам дали има лик со кој со поврзав, само Кити и нејзиниот дечко ми беа симпатични.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Ова, ова го заборавив. Остана пријателка со неа човече, син и свесно и го доведе животот во опасност на нејзината ќерка, ја направи инвалид, и потоа место најпосветено да ја посетува, да остане со неа, тој ја остави, ја сврте целата работата како тој да е жртвата. И оваа и остана пријателка. Тоа ми е незамисливо и непростливо.
    Зарем не требаше Чип да одговара за тоа што го направи? Таму се прикрадоа нели, он уште го немаше положено тој испитот. Значи свесно ја загрози, ја натера да се качи. Страшно.
    И како ја третираа на свадбата, ја избрка еј, ја избрка. Не можам со луѓето од книгава, да познавам такви IRL ќе ги отерам кај што им е местото.

    Сестра и не и зборувала три години. Зошто? Маргарет не беше крива за ништо. Не знаеше ништо, не направи ништо. Зошто да не биде со неа во контакт? И тоа ми беше несфатливо. И после кога се врати демек толку блиски беа. Три години некој да не ти зборува после таа близина некако ми беше вештачка.

    Како можеше татко и да и прости исто не знам. Го лажела толку време, плус жената некако неподнослива ми беше, не знам како ја трпеше. Ама секако не дознавме ништо повеќе за татко и, ставен само колку да има нешто плус.

    Се согласувам дека пораката беше топла и емотивна, ама многу лошо пренесена.
    2,5/5 има од мене книгава.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Да, си пројде неказнето. Битно после дознавме дека карма ис а бич и дека бракот не му успеал. Woohoo! :D|(
    Има прашања на ГР баш за истово. Ме интересираше и мене и отворив да видам дали некој се сетил да праша, ама немаше баш некои релевантни одговори. Ова ми падна во око:
    Да, имаше премногу сабплотс и некако детално опишани работи за ликови кои не беа ни битни. А за тие за кои требаше (таткото на пример), ништо, компир. Не заслужи човеков таков крај, многу ми беше криво додека читав во епилогот.

    Чип беше ужасен лик. Сè најнечовечно и најповршно собрано во еден човек. Она не ни сакаше да се качи во авионот, се плашеше нели од летање, ама му угоди сепак и ја кошташе за малку со животот.
    Кити веројатно го насочила гневот кон погрешната личност, што никако не оправдувам, ама често знае да биде случај во вакви ситуации.
    И татково сосем случајно дозна дека Кити не е негова ќерка, да не се најдеше тогаш пред вратата,верувам дека мајката немаше ни да му признае никогаш. Патем, примети ли колку пати беше потенцирано дека ѕидовите се paper thin :D Одма знаеш дека е најава оти нешто фатално ќе се случи кога се изнесува таков детаљ.

    Многу одвратен лик таа мајката. Не знам како и' прости на крај, па и сакаа да ги смират, а не заслужи таков добар човек до себе на толку лаги и толку непромислени зборови. Ако од нешто се плашам во животов е токму тоа - да не се претворам во таков родител што ќе си ги понижува децата и ќе ти затрупа и натапка со непотребна вина кога и онака им е доволно тешко. :doh:
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Не знам, некако и пребрзо беше смирувањето со мајка и. Мајка и беше истата жена, не беше нешто променета, па сега да престане Кити да и се лути. Зошто воопшто се смири со мајка и? И тоа беше само така кажано, а не беше обработено. Се шушкаа, шуш-буш и ај се смирија.
    Татко им стоеше на врата, значи ги слушна кога се договараа дека никогаш нема да му кажат. Како можеше да не биде лут кога му коваа завера за грб? Сите три и тоа. Јас би била страшно, ама страшно лута. Ај овие деца му се, пак ќе им прости, ама жена му?
    Да, знаев дека така ќе се случи и ќе дознае, немаше ништо, ама баш ништо непредвидливо во книгава. Затоа сто пати беше потенцирано со тенките ѕидови.
    Стварно не заслужува толку високи оценки книгава.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    И јас би била многу повредена и тоа повеќе од фактот што не ми било кажано, што се ковало заговор никогаш да не дознаам нешто многу важно, а не поради тоа што се десило...
    Премногу мек беше татко им со сите, затоа ми е криво што имаше таков крај. Не заслужи.
    За некои книги никогаш не ми е јасно зошто се крева галама и зошто воопшто им се дава толку голема важност. Се мислам дали да ја читам Things you save in a fire. Би сакала, ама некако се двоумам.