1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    За како стигнеме, ептен е долго еднаш месечно мислам :)

    Таа е новата, @Mishela јас имам уште 10% некаде од The Childrens Blizzard па ќе ја читам оваа :)


    Едит: ама ме погодивте од одма со fantasy ]:)
     
    На ane.bella, Skyfall, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Како стигнеме така ќе читаме, јас отприлика дадов предлог до 2 наслови месечно (на две недели по една книга) колку да има движење.
    За повеќе, ќе видиме како ќе имаме време зашто верувам секоја сака да си чита наслови и по сопствен избор покрај заедничкиве. :)

    И јас немам читано ништо од авторкава @ane.bella, а многу ја фалат. Особено тој серијалот Villains. Aма многу тешко се убедувам да прочитам нешто поразлично, иако немам некоја посебна причина за тоа. Можеби ми фали мотивација преку друштво, ќе видиме. :lol:

    Ама си брза @CameliaMiller, браво. Јас како желка се осеќам со читањево. :D
     
    На Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Добро изгледа книгава. И доста критики собрала за кратко време.
    Добра дружина се собра тука фала богу, од кога се шуткаме со Мишела само. :D
     
    На Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Да, имам лесна рака. :D
     
    На Skyfall, CameliaMiller и RainBow им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Чекај дур не налетам на некоја досадна.

    Не можам да недочитам книга и ќе се мачам 3 месеци :D
     
    На Annath, Skyfall, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Леле и јас сум таква. Кога некоја книга не ми се свиѓа, упорно главам со неа и се влечкам, препрочитувам реченици, концентрацијата не постои, а јас читам ли читам. И после зошто криза, па ете зошто. :D
    Имам грижа на совест ако оставам недочитана книга, дека можеби ќе се случи нешто интересно а јас нема да дознаам. Никогаш не се случило нешто вакво патем, таквите книги стално си остануваат за никаде до крај и може треба човек да се охрабри да остави, но ете.

    Исто многу тешко да се натерам да прочитам нешто ново. Не дека читам само определени жанрови, баш си читам секакви ама најчесто играм на сигурно. Ај во друштво е полесно, па може и ние две ќе се зачитаме фантазија.
     
    На Annath, Stephen Amell, Skyfall и 3 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Како јас да сум го напишала мислењево :D

    Единствена недочитана ми остана Sold on a Monday, ама таква читачка криза ми направи, можеби 5 месеци ништо не читав од нервоза што ме фаќаше. А добри критики има, ама ете. Умрев од досада, сите 30-40% и не се ни сеќавам баш веќе.

    Ова со жанровиве :D Генерално немам одредени омилени жанрови, ама чик-лит знае да ме утепа од досада затоа избегнувам, како што кажав јас сум човек без многу имагинација и општо, филмови, книги надвор од реалноста тешко ми е да читам затоа што не можам да се соживеам баш, ама ако е ептен добро како Хари Потер пример, може; или пак филмот The age of Adeline ептен позитивно ме изненади, а очекував да зевам :)

    Тука со вас може и ќе прочитам нешто ново, иначе сама... тешко. YA не би ми ни текнало да разгледувам од страв да не налетам на некоја Самрак приказна :D
     
    На Annath, Skyfall, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Јас многу сакам YA, посебно ако се некои крими-приказни. Е сега да, не сакам YA романси или некои такви, мислам дека ги надраснав со Твајлајт и Афтер. :D
    Ретко некоја што ептен ми се допаднала, освен The fault in our stars, таа ми беше преубава книга.
    Исто и од Holly Jackson трилогијата, A good girl's guide to murder. Е тоа беа забавни книги, уште најновата ми остана.

    Ти сакаш трилери @CameliaMiller, мислам дека ќе ти се свиѓа. А јас морам наскоро да ја прочитам оваа што ви ја предложив вчера, некако ме привлече ваљда дека интересна тема опфаќа.
     
    На CameliaMiller, Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    До сега имам само 2 книги оставено да не ги дочитам, за едната уште се јадосувам и само си велам ај ќе ја завршам некогаш, ама под свесно знам дека нема да ја завршам. Многу ми е не убаво да оставам книги не дочитани и ги тегнам со месеци, а зезнато ми е што не можам да читам и повеќе од една книга.

    Гледам да не се ограничувам многу и сакам да читам различни жанрови но пак на крај завршувам со некоја фантазија, YA фантазија, романси или паранормални романтики, ( вампири, ангели shapeshifters) абе Twilight за возрасни :$:bandit:

    Ќе мора една јака romance книга заедно да прочитаме, важи? :D

    Јас си мислев дека читаме една книга месечно, дури сега видов дека ќе бидат повеќе.
    Како бавен читач имам предлог:
    Дали може да се одберат сите книги пред да почне месецот, пример: Од 1ви до 10ти се чита Ади ла Ру, од 10ти до 20ти втора одбрана, и од 20ти до 30ти трета одбрана, или колку и да се реши да се читаат книги да се стават во одреден период, па да си планираме пред време во кои книги ќе учествуваме.
    Јас ќе сакам да ви се придружам во секоја книга ама знам дека нема да можам. Не сум ни брз читач ни имам многу време, читам по максимум 3 книги месечно.

    Ајде првата половина од Април нека е Ади, втора половина Firekeeper's Daughter.
    Ова е само предлог, ако се прифати супер, ако не не' е проблем :$
     
    На CameliaMiller, Mishela и Skyfall им се допаѓа ова.
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    :*:Две книги месечно мислам дека се доволни. Секогаш може да се додаде книга ако ги завршиме тие две брзо :) Јас оддамна сакав да ви се приклучам во клубов, ама сега било :D
    Јас сум заглавена со For whom the bell tolls - Hemingway. Неможам да ка дочитам никако. Си правам паузи со други книги да одморам :$ кога ќе ја дочитам славам :D

    @ane.bella ја сум за предлогот. Т.е. И за двата :D и romance книга и да ги одбираме книгите пред почетокот на месецот
     
    На CameliaMiller, Mishela и ane.bella им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    @ane.bella и според мене предлогов ти е одличен и можеби најлесно ќе ни биде вака за во иднина. (Инаку дааа, да за романси, па макар и паранормал. Јас сум за нешто дарк :bandit:).

    Може првата половина од месецот да имаме една книга, после со друга да си продолжиме. На паузата ќе си збориме за читателски маки и ќе си даваме предлози. :D
    И јас малку бавно читам некогаш, а сакам да не пропуштам ништо, но и сакам да си имам време да си ги читам моите книги во меѓувреме па ова навистина ми се допаѓа како предлог.

    Кажете како сакате, дали до крајов на месецот (уште недела ипол) да ја почнуваме Ади, а потоа да почнеме со Firekeeper's daughter. Или сепак сакате тие две книги да ни останат за од први април натака, а сега да паузираме?
    Ќе ве тагнам сите по ред, немој да мислите дека сте се извлекле. ]:)
    Се шалам. :D

    Целта е да си се собереме фино друштво за муабет и да ни биде убаво, па како сакате така ќе направиме.
     
    На ane.bella, CameliaMiller и Skyfall им се допаѓа ова.
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја сум да ја почнеме Ади сега :)
     
    На ane.bella, CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    А во април втората да ни биде еве некоја романса на пример, ќе ја обереме накнадно книгата по расположение.
    Не мора некоја ептен којзнае каква, може и contemporary за загревање.
    Пишете сите што мислите, слободно. :)
     
    На ane.bella, CameliaMiller и Skyfall им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Аман таман се собравме, одма распуст :D

    Ади да ја почнеме сега, па нека е и до 15ти април еве таа подолго, после по 2 недели една. Таман и ние гладниве да се нахраниме со други книги измеѓу :D

    Романси може, предложете, јас некоја психопатска може ако сакате да предложам или историска фикција :)
     
    На Skyfall, ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Важи, нема да има распуст за овие жедни читателски души. :D

    Ајде вака, да ја читаме Ади наредниве две недели, може? Негде отприлика до кај 5-ти април. :)

    После неа, да видиме за што ќе бидеме расположени, па ќе се договориме дали да биде оваа што ја зборевме или друга, пак со време ќе одбереме за секоја да може да си обезбеди примерок или во превод - да увалиме пиратерија секаде кај што треба. :D
     
    На CameliaMiller, Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  16. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Ајде и јас ќе ви се придружам.:hug: Се соочувам со читачка криза моментално, мош ако читам со друштво, ќе ми биде поттик, ем мотивација, да прочитам некоја книга.

    Ади ќе ја читаме?
     
    На Mencia, CameliaMiller, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Да, неа ја одбравме. Ја ставив на претходната страница, симнувај и придружи ни се слободно. :party:
     
    На CameliaMiller, Skyfall, Stephen Amell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ајде Април нека биде експериментален и продолжен месец, Април го почнуваме во Март. Ајде да ги поставиме сите правила сега, и од наредниот месец (Мај) се држиме строго по правилата.
    Во текот на цел месец можеме да предложуваме книги и последната недела од месецот да гласаме за 2 или 3 книги за следниот месец. Е сега како би гласале не знам, само со изјаснување или ако е можно со анкета :?:

    Гледам сите сме ЗА за да се почне Ади одма.
    Значи од денес ја почнуваме Invisible life of Addie LaRue, и како што рече @CameliaMiller нека ја читаме до 15ти и таман имаме време за уште една до крајот, нека бидат 2 книги овој месец.

    Која е втотата? Дали останува на Firekeeper's daughter, или ќе бараме друга?

    Јас почнувам :) 20210322_131202.jpg
     
    На CameliaMiller, sweet-cherry, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Ухуу се собравме :D Јас би можела до 2 книги месечно со вас тука, евентуално би заглавила ако ептен не ми оди книгата или кога имам малку повеќе обврски.

    Читам и со уште еден друг клуб ама тоа е само за книги фантазија. Би читала било кој жанр искрено. Ади ја симнав и ќе ја почнувам сега :)
     
    На CameliaMiller, Skyfall, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    @ane.bella ајде втората нека си остане Firekeeper's daughter штом ја бендисавме и неа.

    Ја читаме и диксутираме Ади значи во наредниве три недели отприлика.

    Може секоја да дава предлози кога ќе наиде на убава книга како за клубов. Кога ќе ви се допадне нешто, пишете слободно, не е страшно.
    Обично после секоја прочитана книга се договаравме за следната, но може и последната недела од секој месец да ни биде за тоа. Ќе се договараме за што сме расположени од предлозите и што ќе читаме следниот месец, за да може секоја да си обезбеди копија и да си испланира.
     
    На CameliaMiller, Skyfall, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.