1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Оваа сега што ја читам, со Addie, мене ептен ми е забавна, иако сама не би помислила ни да ја погледнам :) :)

    Иначе после Тес, се' изгледа "млако" :)
     
    На ane.bella, Skyfall и Annath им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Оваа допира нешто што многу нè плаши нас луѓето... Дека ќе бидеме заборавени.:worried:
    Вака на почеток барем.
     
    На do-re-mi, Stephen Amell, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    И јас сама не би ја одбрала книгава да ја читам. Ама ми се допаѓа приказната. :)
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И јас ви спомнав, не знам зошто еве сама не се решавам да сменам од тоа што вообичаено си читам. Се плашам ли дека којзнае што ќе прочитам па нема да имам поим за што се збори, не знам навистина. Со бујна фантазија сум и се чудам еве зошто не читам вакви книги почесто.

    Книгава има убав почеток, не прочитав многу, ама убаво почна и се надевам така да остане.
     
    На La-loca, sweet-cherry, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Читате? :D
    Јас стасав до вториот дел 90 страни.

    Уште пред да излези книгава се крена ептен прашина, и штом излезе одма ја купив но не ја зачитав. Толку беше популарна каде и да отворев фб, инстаграм јутуб ама буквално само за Ади се зборуваше. Буктуберкиве што редовно ги следам сите по 5 звезди и дадоа, но исто напоменуваа дека е slow pace, јас не сакам бавни книги и реков нека стои можи некогаш ќе ја прочитам, ама не ми се верува :shake:
    Ама ете пишано и било да ја читам во друштво :).

    За сега ми е интересна, и баш се радувам што поглавјата се кратки и брзо се читаат.

    П.С. видете на Ади кој и прави друштво :$ вчера ја порачав, денес стигна. 20210323_174429.jpg
     
    На Annath, CameliaMiller, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Колку брзо ти стигнала @ane.bella, што убаво. Корициве се прекрасни. :l:
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Дефинитивно е slow pace, и тоа е единственото што до сега го имам како замерка :) Јас сум до 28%, колку страни тоа би било не знам, околу 450 е вкупно книгата, значи некаде (само) 126 страни сум прочитала :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    За 24 часа стигна. Магацинот на амазон е само 15/20 мин. возење од каде што живеам.
    Стварно кориците се пре убави, не се познава на сликата ама црвената боја е металик и изгледа како оган, милина :) Обожавам книги со убави корици, оваа ми е new favorite :l:

    @CameliaMiller само 126 :D јас 90 и си велам браво бе, звер си :rofl::lol:

    Ме плаши дека ќе почни да ми здосадува ако си течи вака баавно :|
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски
    И јас ја почнав :D уште сум на почеток.
    И нешто ми се измеша... Филмот The age of Adaline е снимен по книгава? Или само имаат слична приказна?
     
    На CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Само приказната им е слична не се поврзани. Филмот прв излезе уште пред неколку години а книгата 2020 во октомври.
    Можеби Шваб добила инспирација од филмот за темата на книгава :)
     
    На CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски
    А јас па не ни проверив кога е книгата излезена (facepalm)

    Добро, инспирација, ама и имињата им се слични, да не речам исти.
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Овде во книгава Ади побара помош од ѓаволот, а во филмот на Адалин ѝ се случи несреќа па затоа „заглави“ вака без нејзина волја.
    Оваа Ади во книгава, не беше ни свесна во што се впушта. :|

    Мене инаку многу бавно ми оди, имав работа деновиве па доста бавно читам, тек сум на вториот дел. Убава е и ми се допаѓа пишувањето, само ми е многу бавна и се надевам дека нема да почне да ми смета до степен да ме смори. Ќе ве стигнам викендов. :)
     
    На ane.bella, CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    И мене бавно ми оди, до вториот дел сум. Интересна ми е приказната, ама една глупа ситница ме изнервира. Стварно глупа дупка е у приказната ама :D
    Океј ако пример ја напуштат просторијата кај што е Ади ја забораваат така? Е сега вика дека има поминато пример цела вечер со ликови, ликот нели ќе оди во вц и толку ќе ја заборави :D Знам дека цепидлачам сега и не се оставам да уживам во книгата ама сакав да споделам.
     
    На ane.bella, Mishela, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Јас ја прочитав :)

    Имам што да кажам де, ама ќе ве чекам да прочитате.

    И сменете го името на темата @RainBow :)
     
    На Stephen Amell, ane.bella, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Браво, ама си брза :)
    Јас сум 40% :$
     
    На ane.bella, Mishela, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски
    И мене бавно ми оди, ама јас и немам сега толку време за читање, на работа не читам како порано.
    Морам да си кажам дека ми се допаѓа стилот на авторката. Уживам во читањето, па и не ми пречи што ми оди бавно.
     
    На Stephen Amell, ane.bella, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Јас иако ја прочитав за мислам 4 дена, дефинитивно е бавна. :)
     
    На Stephen Amell, violetblue, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И јас заглавив со работа неделава, навечер сум капната а само тогаш имам време за читање, па ми паѓа главата. Добро е што и толку прочитав.
    Имате право инаку, бавна е ама не е досадна да вртиш очи и да се прашуваш ќе тргне ли работата или не. Засега навистина ми е убава, единствената замерка е тоа што е бавничка и толку. Ќе видиме што ќе бидне понатака. :)
     
    На Stephen Amell, violetblue, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Најбавни и долги ми се гледаа деловите од минатото, тие ми беа така развлечени. Остатокот ми беше прекрасен за читање. Од мене 5/5.
     
    На Stephen Amell, CameliaMiller, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Добро, јас сум до 25% некаде. Моментално е во Париз. Она што ме нервира и упорно го мислам е следново.

    Зошто едноставно не влезе во гостилница, во нешто, не се најаде убаво, не оди после до вц и секако ќе ја заборават, па може само да си излезе? Зошто толку се мачи со храната? Имало во тоа време валјда гостилници штом имало да платиш и да преспиеш?
     
    На Stephen Amell, CameliaMiller, Skyfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.