1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Претпоставувам не било вообичаено за тоа време сама девојка да биде услужена во гостилница. Ниту дека имало класичен тоалет за жени, најверојатно би ја сметале за проститутка, а и секако би можеле да не ја пуштат да излезе.
     
    На Stephen Amell, CameliaMiller, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право, па цело време се зборува каде оди сама жена, не смее никаде да оди, а јас викам зашто не влезе да јаде сама во гостилница.
     
    На Stephen Amell, CameliaMiller, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски
    И јас така си велев прво, ама после ми текна оти сепак 18 век е во прашање.
    Јас сум некаде 35-40%... Денес белки ќе читнам повеќе, немам обврски. Малку ме нервира што се одолговлекува толку, ама можам да поминам преку тоа засега.
     
    На Stephen Amell, CameliaMiller, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Мене ми стана доста поинтересна после 50%, кога се уклучува и другата перспектива. Темпото е исто, од бавно побавно ама it picks up, како што викаат.
     
    На Stephen Amell, CameliaMiller, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски
    На 70% прочитани од книгава, само ќе кажам дека it's not my cup of tea. Сеедно, ќе ја дочитам.
    Не би ја ставила во жанр фантазија, барем моето поимање за овој жанр е поинакво.
     
    На Stephen Amell, CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Јас и' дадов 5/5 заради пишувањето на авторката.
    Едноставно преубаво ми пишува :)
    А и искрено, мене барем претешко ми е оценувањето на жанр кој не ми е познат.

    Како да нарачам кока-кола, а да не ми чини тоа што е газирана :D

    Општо вакви фантастични книги (надреални, не знам како да ги наречам) не се my cup of tea, сепак бев позитивно изненадена затоа што не ме нервираше "тој дел", обично апсолутно ми е досадно се' што е надреално, паранормално, научно фантастично итн. :)

    Така што за читатели како мене, што најдалеку во фантазија што отишле е Хари Потер и немаат особена желба за таква литература, можам да ја препорачам, доволно има од тоа на што сме навикнати за да ни' задржи внимание :)

    А авторкава навистина се надевам дека некогаш ќе напише и некоја драма можеби, со нејзиниот стил мислам дека би било одлично четиво.
     
    На Skyfall, Annath и ane.bella им се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Исто, штом ја почнав и ќе ја дочитам, ама не ја разбирам "галамата" што се крена за книгава :^)

    И јас не би ја ставила во фантазија.

    При крај сум уште 80 страни.
     
    На Skyfall, Annath и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски

    Фантазијата како жанр во книжевноста не е баш лесно да се дефинира, ама не е исто со надреално каде што има духови, паранормални појави, барем според мене. Што не значи дека сум во право, се разбира.

    Фантазијата ја наоѓам во книгите на Толкин и Луис, кога се измислени цели нови светови, ликови, цели нови народи, па и јазици. Затоа оваа книга (а ни Хари Потер) не можам да ја ставам во тој жанр, бидејќи дејството се одвива во светот во кој живееме, ама ни приказната не е нова, отсекогаш кај човекот постои желба за бесмртност, исто како и желбата да им се допаѓа на другите, само што не е секој подготвен да направи се', за да си ја исполни таа желба. Но колку е човек подготвен да ги сноси последиците од исполнувањето на истата. Имам уште малку, се надевам денес ќе ја дочитам.

    За стилот на авторката чиста петка, ама за приказната уште немам дефинирано оценка, пошто не знам што следи.
     
    На Skyfall, ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Што знам луѓе, за мене ова е фантазија, повеќе како паранормал но тука некаде отприлика. Сето она кое не ми е реално со вакви deal with the devil работи, го ставам во фантазија.
    Не е епска фантазија како книгите на Роберт Џордан, Робин Хоб и авторите што пишуваат слични книги, ама сепак ми е фантазија. И тие имаат милион поджанрови како што имаат трилерите и драмиве и многу се испомешани.

    Не ме воодушеви книгава инаку, ја завршив синоќа. Цело време бев во грч и очекував нешто што ќе ја смени играта, некој клучен момент, ми фалеше нешто што ќе го забрза пулсот и ќе ја разбие флегматичноста.
    Ми се допадна книгата, посебно како беше напишана, но не мислам дека ѝ е оправдана галамата која се кренала позади неа. Не понуди ништо повеќе од просечна приказна со просечни ликови. Исто така имам чувство дека на секое поглавје и јас доживував дежа ву заедно со ликовиве кои Ади ги среќаваше и малку ми беше turn off тоа.

    Брзи беа поглавјата и еве ова даваше некоја динамика, ама мене воопшто не ми помогна да ми се допадне некој од ликовиве така подлабоко. Имам чувство дека не успеав да ги запознаам и Ади ми беше многу незрела, не знам, наивно дете кое не беше свесно во што се впушти.

    Тројка ѝ ставив, навистина ми фалеше нешто што ќе ја вивне така малку повисоко и ќе ја направи книгава да кликне со мене. Вака само ја изгустирав до крај и толку, не успеав да се поврзам со никого, ми фалеше исто тој момент во книгава.
     
    На Skyfall, ane.bella, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Последниве 100тина страни мислам дека ги читам цела вечност.
    Мене ми е интересна книгава. Целосно мислење ќе дадам кога ќе ја завршам.
     
    На ane.bella, CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Јас користам заеднички збор "фантазија" за се', бидејќи едноставно не знам подобар термин што би опишал се' збирно.

    Во таа смисла и Хари е фантазија за мене, очигледно не постои реално Хогвортс :) А во иста категорија ми е се' надвор од она што е реално, што знаеме дека постои, без оглед дали се духови, цели нови светови, екстремно напредна и се' уште непостоечка технологија и вештачка интелигенција итн. Бидејќи авторот излегува надвор од тоа што знаеме со сигурност дека постои, и може да оди во кој правец сака - да фантазира како сака.

    Тука ми е таа линија, како на пример со The Apothecary, важно е што авторот го претставува како реалност. Елиза верува во духови и магии, на пример, но самото тоа не ја прави приказната за духови и магии. Затоа TA (според мене) не е фантазија, но TILOALR е фантазија.

    Е сега, за љубителите на таков вид литература или филм итн. секако дека постојат жанрови и поджанрови, мене ми е тешко да дефинирам нешто што не разбирам.
     
    На Skyfall, Mishela, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Јас сум на 60% некако ептен ко желка сум со книгава, а не дека ми е досадна, ама ете не можам да седнам и да читам chapter по chapter. До сега ова што го прочитав лично не би го дефинирала многу како фантазија жанр, барем не типична фантазија. Повеќе би ми одело во mystery/натприродно. За фантазија лично сметам добро изграден магичен свет, со моќи, магии, чуда.
     
    На Annath, Skyfall, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Gledano spored kako e podelen Fantasy zhanrot knigata spagja vo low fantasy, e sega malce mi e ne realno da ja stavam vo ist kosh so Harry Potter ( i H.P.e vo low fantasy) pa zatoa rekov i spored mene ne mi e fantazija :)

    Samo shto ja zavrshiv. Interesno zamislena prikazna no mnogu bavnaa, razvlechena niz 400 plus strani i na momenti nekoi raboti mnogu se povtoruvaa, samo kolku pati se spomnati crnite lokni na Henry, isto i na Luc loknite zaedno so zelenite ochi :smirk:
    Chesto se spomenuvaa kosi, ochi no nemashe nekoj po detalen opis na likovite ( ili sum go ispushtila delot so opisite) Addie e so nakrshena svetlo kafena kosa i 7 freckles na liceto, Luc vitkana crna kosa i epten zeleni ochi, Henry ko da e kopija na Luc samo pomlada verzija i so naochari :?:
    Ne znam oti ama koga zboruva Luc so Addie go zamisluvav so angliski akcent i so glasot ( ne i likot) na Tom Ellis od Lucifer :D Valjda deka i dvajcata se gjavolot i so slicno ime :devil:

    gore dolu go pogodiv i krajot. Dali spored toa kako zavrshi knigata mislite deka ima shansi i za vtor del? jas mislam Da!

    3.5 zvezdi od mene.
     
    На Annath, Skyfall, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    И да има, не би се впуштила пак во толку спора книга :)

    А пак, сега ја читам The Queen's Gambit и лично ми е пребрза. Дур преџвакам едно, веќе отишло ехехе :)

    Ајде да збираме предлози, мислам следната ќе ни' почне од 15ти Април?
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Спојлерс алерт
    Да, Ади е наивно девојче кое во миг на тотална немоќ и е понудена одлична прилика и нормално дека без размислување прифаќа. Од друга страна воодушевена сум од нејзината истрајност да не се предаде на Лук без оглед на се. Моментот кога Хенри ја препозна ми беше онака како топење на срцето, ама Ади покажа дека за вистинска љубов нема преголема жртва. Јас некако ептен се соживеав со осаменоста на Ади, и нејзината борба со самата себе дали да му се предаде на Лук или не. Би сакала да има втор дел, интересен ми е оној love- hate однос со Лук.
     
    На sweet-cherry, Annath, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    За од 15ти април е Firekeeper's daughter.
    Да одбереме нешто за пред неа?
     
    На Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И јас не би читала продолжение зашто не знам колку би била расположена за нешто вакво. Впечатокот ми го расипа репетитивноста, можеше да биде подобро изведена можеби, но тоа е сепак мој впечаток.
    Како да прочитав некаде дека се спремал филм, не знам дали е потврдена информацијава зашто во скролање не ни приметив што и како.

    Инаку, се надевам следнава книга што ни е на ред ќе ни биде малце подинамична да не размрда.
    Кога сакате да ја почнеме Firekeeper's daughter, сакате порано? Пример викендов или следната недела? Па по неа пак нова да најдеме, давајте предлози ако не.

    @CameliaMiller добра ти е гамбитот? Јас ја почнав кога излезе серијата и кога дознав за книгава, ама нешто не ми фати око па ја оставив.
    Сега фатив една спортска романса од Х.Хантинг зашто ми требаше нешто такво лабаво. Ќе видам каква ќе испадне. :tmi:

    Еве мој предлог за некое наредно читање, ако ви фаќа око нешто вакво што е на граница на "историска фикција" ама малку поинакво.
    The book of longings
    download.jpeg.jpg
     
    На Skyfall, CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Јас сум за, кај и да е ќе ја довршам оваа.

    Едит: @Mishela може да ја почнеме и FKD, може и нешто друго измеѓу за овие што не ја дочитаа TILOALR да имаат време да ја дочитаат, да не им испоскокаме одма со FKD :)

    TQG не знам што оцена на крај ќе дадам, тешко повеќе од 3, а некаде на пола сум.
    Преплитка е за мене искрено, многу скока од настан во настан, самото играње шах од кое немам поим не ми пречи, ама некако како секвенци од настани ми е цела книга.

    Од мене предлози за "измеѓу":
    Saving Grace - Debbie Babitt
    One for the blackbird, one for the crow - Olivia Hawker
    Goodnight beautiful - Aimee Molloy
    A million reasons why - Jessica Strawser
    He started it - Samantha Downing
     
    Последна измена: 30 март 2021
    На Skyfall, Mishela и ane.bella им се допаѓа ова.
  19. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Супер и јас сум За. Што предлагаш ти? Дај нешто од твоите :)
    @Mishela The book of longing ми е на ТБР за оваа година, би било супер ако решиме да ја читаме.

    Мој предлог е The seven husbands of Evelin Hugo од Taylor Jenkins Reid
    https://www.goodreads.com/book/show/32620332-the-seven-husbands-of-evelyn-hugo
     
    На sweet-cherry, Skyfall, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Интересна ми звучи книгата предлог од @ane.bella .Ако некој ја има ќе може да ја прикачи овде?
     
    На CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.