1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И оваа од Тејлор ми е за читање уште кога излезе. Леле узбуџење, кажувајте што ви се чита.
    @CameliaMiller оваа на Ане можно е повеќе да ти се допадне од мојава Библиска книга. :D
    Шала на страна, многу ги сакам книгиве со вакви мотиви, многу интересни испаѓале досега од овој жанр. :)
    Ајде бирајте што ви фаќа око, јас сум за оваа од Ане. Ќе почнеме која како е спремна деновиве па после се враќаме на Firekeeper's daughter, таман трилерче за промена.
     
    На Skyfall, CameliaMiller, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Од предложените имам 3 20210329_191730.jpg било која од овие ми одговара мене, ај да видиме да не падне уште некој предлог.
     
    На Skyfall, CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И мене ми се свиѓаат овие три, која и да се одбере ќе читам со вас. Ајде нека кажат и другиве, имаме ехее доволно време пред нас.

    Некогаш си мислам, зделкава што ја направи Ади би ја прифатила без размислување, ама само под услов да се изолирам за да си ги дочитам сите книги што ги имам симнато. Само 2-3 илјади книги, скоро па ич. :D
    Риалити чек: ќе исчитам 5, 10, 15 книги и ќе ми пројде меракот. Потоа ќе пукнам од досада и со солзи ќе му се обратам на Луки. Немам карактер ко Ади за ваква работа, џабе се силам. :D
     
    Последна измена: 30 март 2021
    На ane.bella, violetblue, Skyfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Ова чик лит да не е малце? Бар така ми личи по описов на книгава :D

    Дајте нешто трагично, сериозно, heart-wrenching, драматично, не мора со убиства, ама така, семејна драма барем :D

    Edit: Ај со Aimee да почнеме. The Perfect Mother беше одлична.
     
    На ane.bella, violetblue и Skyfall им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Евелин мислам дека оди повеќе накај драма, можеби историска фикција до некаде, барем по рецензиите таков впечаток добивам.

    Кога сме кај драми, Pachinko да не сакате да ја читаме?
    Ја видов кај @ane.bella во купот и ми текна дека скоро ја гледав на Goodreads. Ми личеше ко за семејна драма па види дали ќе ти фати око.
    Ај ќе ја завршат Ади и другиве па ќе се изјаснат што од ова им се чита, ќе пресечеме лесно. :lol:
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Да додадам и јас некој предлог :D

    Pretty little wife - Darby Kane
    Erotic Stories for Punjabi Widows
    The other woman - Sandie Jones

    А може ли да се стави анкета и да гласаме за која книга следно на пример?
    Би требало да ја завршам Ади вечер или утревечер. :)
     
    На ane.bella, CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Може и така.
    Иако сме малку, лесно ќе преброиме гласови :D
    Изјаснете се утре, оти ја завршувам TQG :D
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Јас сум за Aimee, иако и Евелин ми изгледа привлечна по насловот.
     
    На ane.bella, Mishela и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    А да ја почнеме Firekeeper's daughter наредната недела (ова вака, груба проценка) и да си ги скратиме маките? :wasntme:
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Ама Реин и Анат ја немаат дочитано Ади :)
    Затоа мислевме нешто брзинско измеѓу :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    А така ли, значи не сум ве разбрала добро. Јас мислев дека бираме нова книга што ќе ја читаме сите зашто не ви се чека уште две недели за до оваа следната. Па затоа вака збунета, викам зошто женскиве не сакаат да ја читаме книгава порано. Сега на отспиено сфаќам дека не сум ве сфатила. :D

    Нека си стојат сите предлози, да почекаме уште некој ден да дозаврши екипава со Ади, па ќе се договориме натенане за да не им правиме збунки.
     
    На CameliaMiller, ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @Mishela Pachinko e semejna drama da, ama e skoro 500 strani, za kniga izmegju ko mnogu strani da ima.
    @CameliaMiller The seven husbands of Evelin Hugo ne e chik-lit, historical fiction/romance. (ni trgna so istoriskive) :D

    Za Goodnight Beautiful velite za od Aimee, ne za perfektnata majka, taka? Mene mozikov ko zakocen mi e, i zatoa samo si preprashuvam, ne mi zameruvajte konstantno nenaspana sum |-)
    Goodnight beautiful ne e mnogu dolga, nesto pomalce od 300 strani.

    Ej ama za vo idnina da ne ja zaboravime i The book of longing mnogu interesna sodrzina ima :)
     
    На Mishela, CameliaMiller и Skyfall им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    За Goodnight beautiful збориме, TPM е единствена книга од неа што сум ја прочитала и ми беше супер, башка доста "брза".
     
    На violetblue, Mishela и ane.bella им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски
    Ја завршив пред малку.
    Ајде пишувајте сега reviews... мојот осврт за кратко ќе го почнам.

    Редактирано

    Оценката ми е 5/5 за стилот на пишување, 2.5/5 за приказната.
    Првичната идеја ми се допадна, ама начинот на кој се развиваше приказната не баш.
    Ади само сакаше да живее квалитетно, и да биде запомнета по нешто, да не биде нејзиниот живот и придонес на планетава земја заборавен како милиони пред и после неа.
    Договор со ѓаволот? Па зошто да не, ако тоа ми го даде она што го барам. Ама сепак, има некои трикови тука, се' е во зборовите. Како ќе биде кажано, така ќе биде исполнето. Затоа, човек треба да биде внимателен.
    Колку и да беше на моменти незрела, толку и беше паметна, се снаоѓаше за да биде овековечена во уметничките дела, небитно дали слики, скулптури или песни.
    На крајот убаво изигра, постигна да биде засекогаш запаметена.

    Дали ќе има продолжение, не знам, ама немам нерви да читам повторно вакви натегања со Лук (француско Лик, поточно она нивното „(у)и“. Love-hate врска, ама со себеси, со своите внатрешни демони, кои ги создаде според сопствената замисла, сопствените стравови и желбата да направи нешто повеќе од својот живот, да го живее во секоја секунда со полни гради, да не биде само она што било вообичаено тогаш за жените - домот и децата.
    Можеби на крајот баш таа ќе биде победник, којзнае?

    Хенри... од една страна таман се вклопи во приказнава, од друга страна ми беше малку вишок... што знам. Иако љубовта им беше убава. Не дека беше лошо што беше единствениот кој не ја заборави, ама зошто се случи тоа не сфатив... не ќе да е поради неговиот договор со ѓаволот, можеби нешто пропуштив.
     
    Последна измена: 30 март 2021
    На sweet-cherry, violetblue, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Намерна беше средбата, Лук "намести" со цел да се вљуби Ади и да го изгуби Хенри, за да сфати дека само таа и Лук се вечни и дека нему му припаѓа :)
     
    На ane.bella, violetblue, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја завршив и јас. Мене ми се допадна приказната. Давам 5/5.
    Мислам дека втор дел на книгава не е потребен. Ќе се развлече приказната. Доволно е една книга.

    Едно прашање за дискусија. Дали би го прифатиле договорот на Ади?

    Ади влезе незрело во договор со ѓаволот. Избрзано. Таа само сакаше да избега од животот што требаше да го живее. Беше родена во погрешно време и погрешно место. Самиот начин на живот ја направи да биде поснаодлива. И успеа да најде начин да остави трага.
    Како јас ја сфатив приказната; мислам дека Лук намерно го стави Хенри во животот на Ади, за таа побрзо да му се предаде него.
     
    На sweet-cherry, ane.bella, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Во 21 век не, оти имам начини.
    Али и во 18ти можам да отрујам некого на пример, па ќе се ослободам :)
     
    На ane.bella, Skyfall и Annath им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски
    Тоа да, Лук самиот кажа. Ама на крај, сам падна во стапицата...Ади го искористи тоа, да биде запаметена. Хенри повеќе ми беше тука за да има смисла целата приказна и борба за вечно постоење.

    И она што го кажа, на крај демек се жртвуваше за Хенри, и дека ќе му припаѓа на Лук, ама не засекогаш, туку додека тој ја сака крај себе. Затоа е цврсто решена да му стане одбивна за да ја пушти пак да биде слободна. Значи ќе ја има онолку колку што таа ќе му дозволи.

    Некогаш книгите ги сфаќам и фигуративно, не баш како буквално раскажана приказна. Не верувам во вакви натприродни нешта, ама верувам дека секој од нас има свои демони, како Ади што го има Лук. Од него не може да избега, никогаш.
     
    На sweet-cherry, ane.bella, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Јас би направила договор само се надевам подобар избор на зборови би кажала од Ади и Хенри.
    Мене повеќе ме допре приказната на Хенри некако. Тој ги немаше привилегиите на Ади, на 1 година му беше договорот, али ете и тој не избра добро.
     
    На sweet-cherry, Annath, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Би го прифатила договорот само во безизлезна ситуација ако се работи за смрт или живот за некој од најмилите, а за мене лично не би.
    Дури и да прифатам за мене уште првата година на годишната ќе се предадам, не можам, не сум толку ни тврдоглава ни силна за да живеам живот како што беше на Ади.
     
    На Annath, Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.