1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.222
    Јас некаде 20% ја прочитав, не е баш забавна за мој вкус. Не можам со 18 годишниве некако :D

    Башка постојано има native зборови без превод (некои се со превод) па ми тррба време да сфатам контекст.
     
    На Skyfall, ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Леле книгава.
    Спремете се за многу мрчење, зашто прилично ме изнервира до самиот крај.

    Почна навистина интересно, ветуваше многу, интригантна приказна, скокотлива тема, мислев дека баш ќе ми го задржи вниманието. Ама не. Мораше да биде развлечена на милион страници додека не ти се здосади крајно и не посакаш темнината и тебе да те проголта.

    Добро, да се навратам.
    Стилот на пишување ми беше одличен на почетокот, живописен, вовлекува во приказната. Но, подоцна стана доста репетитивен. Единствено нешто што ужасно не можам да го поднесам е репетитивноста. Зошто мора нешто да се повтори милијарда пати? Зошто мораше да има толку непотребни делови и талкања? Прелетав низ некои делови, особено кон крајот, и апсолутно ништо не пропуштив. Колку само ќе беше подинамично и повозбудливо доколку беше спакувано во помалку страници. Колку поубаво ќе се осетеше бескрајната борба помеѓу Лук и Ади, нивната омраза и страст. А не вака разводенето... Жалосно.

    За Хенри... Ми фалеше подобро да беше прикажана мотивацијата зошто ја направи зделката со темнината. Некако не ме допре тој дел толку. Повеќе се соживеав со делот на Ади, апсолутно и јас ќе ја прифатев зделката. Тешко дека во тој период некако ќе можеше да се избави од судбината која ја очекуваше, едноставно ќе беше невозможно. А Хенри ми беше, мех, па, недоволен. :D Да се изразам со негови зборови.

    Можеше да биде навистина поинтересна приказната, да бидат прикажани интересни делови од историјата низ очите на Ади, да, знам дека не беше поентата тоа, туку односот со Лук повеќе, ама сепак.

    Има само една двојка од мене и тоа поради стилот на пишување, ништо друго. Сосема разочарувачка книга за која се сомневам дека ќе ме турне во reading slump.|(
     
    На do-re-mi, Annath, Skyfall и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Епа, déjà vu. Déjà su. Déjà vécu. :D

    Значи пола-пола сме со впечатоците за книгава ама скоро сите се согласивме дека беше побавна и од желка.

    Мене сериозно ми требаше чик-лит терапија после книгава зашто осетив дека на повидок е...криза.
    Претходно не ми беше вака, сега дури чудно ми е колку лесно можам да паднам во читачка криза и да не посакам да погледнам книга со очи.

    При крај сум, мислам дека утре ќе ја продолжам Firekeeper's daughter. До 5-то поглавје читав и ми се допадна почетокот, па ќе видиме како ќе биде понатака.
    Клубот на Рис порано бираше прекрасни книги, во последно време тенка работа. Претходните 2-3 посебно ми беа утка. Сестрите одвај ја дочитав, Санаториум не ја завршив. До книгите ли е, нема ли добри нови книги - не знам. Ај ќе видиме каква ќе испадне оваа.
     
    На Stephen Amell, Annath, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Да го сменам насловот, ја почнавте таа повеќето?

    Јас ја ѕирнав, ама не ми фаќа око, ми се чита некој ептен напнат трилер без спиење што ќе ме остави.
     
    На Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Може да го смениш слободно.

    Леле јас нешто ич не можам со трилерите, не сме баш на ти во последно време. Ќе почекам да излезе новата од Шерон Болтон па со неа ќе пробам може ќе ме натера да им се навратам.
    Што ќе читаш ти? Види ја The night swim, ако не ти е читана.
    Не ме праша, ама да си кажам ако не си ја читала. :D
     
    На Stephen Amell, Skyfall, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.222
    И мене тоа ми се чита, ме фаќа кризата, ја осеќам.
    Дајте малце да избегаме од YA, трета книга по ред ми е таква (и The Queen's Gambit според мене е YA).
     
    На Stephen Amell, Skyfall, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Ооо ајде некое трилерче наредно, и мене ми треба некое ептен возбудливо. Сандерсон го читам моментално, sci-fi фантазија и многу спора ми е, не ми требаше после Ади, ми треба нешто да ме размрда. Еве некој предлог што ми фати око периодов:
    Pretty little wife
    Home before dark
    Blood vines
    The last time i lied
     
    На Stephen Amell, Annath, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    На почетокот ко ја зачитавме Ади сите оставивме коментари леле да спора е но е интересна, убаво напишана.. и сега јас ја читам книгава и си велам зарем само јас ќе бидам единствена со негативни коментари, и после вторите впечатоци не беа толку позитивне, жал ми беше ама во исто време и ми беше по лесно дека не ми е само мене мех :whew:

    Ја почнав Firekeeper's Daughter, до 7мо поглавје сум, за сега ми е добра, ајде така нека остане до крај.

    Шо решивме за Goodnight Beautiful? ете таа е трилер.
    @sweet-cherry од овие твоите јас сум за Home before dark ем трилер ем паранормал хорор :)

    А за некоја романтика не сте расположени? :$
     
    На Stephen Amell, Mishela, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја почнав Firekeeper и ја оставив. Ќе ви се придружам за следната книга :)

    @ane.bella ја сум за романтика :hai:
    @sweet-cherry Pretty little wife ми фати око мене :)
     
    На Stephen Amell, ane.bella, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.222
    Чекај прво да си ја прочистам душава со некое убиство, мистерии, скелети во ормар :D

    FD стигнав до 40%, ептен е досадна на почеток, сега е интересна. Ме тригнерна малце ама тоа кога ќе ја завршам ќе кажам :)

    Јас после ова ќе ја читам GB :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.948
    Пол:
    Женски
    Уште книга немам фатено, не ми се чита :(
    Од понудениве, Home before dark ја имам и ми фаќа око, плус дека од Рајли Сегер е, ја читав пред некое време Lock every door, солидна ми беше, може и оваа да е добра.
    Ама тоа, ако се натерам да фатам книга. Ади ме измачи.

    Силмарилион ја листам деновиве, читана ми е, ама пак ме влече.
     
    На Stephen Amell, Skyfall, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Јас вечер продолжувам со Firekeeper's daughter. Мене почетоков некако добар ми се виде, фино оди, ама рано ми е да кажам некакво мислење па ќе видиме деновиве.

    Од трилериве, Pretty little wife ми е читана, не ми беше нешто баш, малку досадна, монотона книга.
    Every last fear мене ми фати око, па можеби неа ќе се решам да ја почнам ако ме фати такво расположение.
     
    На Stephen Amell, Skyfall, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Баш истава ја гледав, не знам зашто ми запна за око, ама имаше нешто што ме привлече.
    Сакате анкета да направам? Ако имате ставете нешто и романтика, па ќе гласаме. Не мора да се брзаме, и така еве додека се дочита оваа, да се напише некоја рецензија, па ќе ставиме нова.
     
    На Stephen Amell, Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Многу ја зборат, било солидно деби па уште кога излезе ја симнав ама никако да ја почнам. Секако ми е во план да ја читам, па ако сакате ајде. Стави анкета, нека трае таман додека ја завршиме Firekeeper's daughter.
    Не верувам да бидам нешто многу брза со книгава, ама ајде иде викенд па белким ќе имаме сите повеќе време.

    Романси не ми текнуваат, нешто слабо со нив годинава.
    A sky full of stars ја гледав, ама некако што знам. Порадо би читала некоја драма историска или книга за некои царици, кралици што ти знам таму. Нешто натака ме влече, ама тоа сама ќе си читам, подобро нека биде следната книга трилер за да смениме малку.

    Мојот предлог нека биде еве Every last fear, Црешка исто предложи фини книги што ми фатија око, другите кажувајте што би читале следно.
     
    На Skyfall, CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас и се мислам на The song of Achilles, можда ви е и читана пошто
    доста е популарна, и таман е микс од повеќе жанрови: историска фикција, митологија, фантазија, романса ЛГБТ... ако ви фаќа око ставете ја на списокот.
    https://www.goodreads.com/book/show...s?ac=1&from_search=true&qid=nJCv7ufeKh&rank=2
    И Евелин Хуго не ја заборавајте :D

    @Skyfall какви романси преферираш да читаш? И онаа твојата индиската ми се гледа интересна, еротска книга одамна немам читано :D

    Eве од мене 3 романси, сите доста различни
    Archer's voice - Mia Sheridan
    https://www.goodreads.com/book/show...e?ac=1&from_search=true&qid=b4f2UqJ8F1&rank=1

    Raze - Tillie Cole
    https://www.goodreads.com/book/show/23262621-raze?ac=1&from_search=true&qid=DkucNQ4IJX&rank=1

    People we meet on vacation - Emily Henry
    https://www.goodreads.com/book/show/54985743-people-we-meet-on-vacation



    научете ме како да ставам линк а да не е цел долг линк туку само името од книгата, како вие што ги поставувате книгиве :$
     
    На Skyfall, Mishela и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Еве ќе ти оставам едно ривју од Ахиловата пета, па ако уште и се мислиш после пиши. :D
    Up to page 55, The Song of Achilles is nothing but a romance between Achilles and Patroclus. There is nothing wrong with that, except this romance is a mopy and gushy wide-eyed affair. I have a hard time believing that a 10-year old boy would wax so poetically about his beloved's appearance, down to his feet:

    "In the huge hall, his beauty shone like a flame, vital and bright, drawing my eye against my will. His mouth was a plump bow, his nose an aristocratic arrow." (p. 26)

    "His dusty feet scuffed against the flagstones as he ate. They were not cracked and callused as mine were, but pink and sweetly brown beneath the dirt." (p. 27)

    No, this is not how a 10-year old boy describing his crush would sound like, but a female MFA graduate.

    Also, boring.

    Леле описов на стапалава, умрев значи, божеее.:rofl:

    Напиши го насловот на книгата, селектирај го, оди горе кај алатките кај тоа што пишува линк и кликни на него, ќе ти се отвори прозорче и партирај го таму линкот од гудридс претходно што ќе го ископираш. Се надевам не е премногу збунувачки.

    Емили Хенри ми е мех, Ја читав Beach Reads, aма нема ништо посебно за дискусија навистина, само лесни книгиче за без мозгање, толку. Миа Шеридан исто ми е тука негде.
     
    На CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Од оваа авторка ја читав Кирка летоска, на рати. Првиот пат кога ја почнав ме смори, многу беше монотона и досадна па ја оставив. Ја дочитав по некое време и генерално ми се допадна, но вакви книги ко да ми бараат ептен некое посебно расположение. Порадо би ја читала A thousand ships, ми личи на баш интересна ама чекам да ми дојде некое расположение за митологија, инаку баш ги сакам тие книги.

    Новата на Емили Хенри ќе ја читам обавезно, мене ми се допадна како пишува. Сабајле најдов ARC и од новата на Сали Торн, па тоа отприлика ќе читам од чик-лит. Тили Кол има добри романси, јас ја сакам авторкава. Маваат по така накај дарк и мене ептен ми се свиѓаат, често читам вакви книги кога немам расположение за нешто друго. Има доста утки во жанров, ама се наоѓаат и прекрасни авторки.
    Овој серијал го немам читано, ама првите неколку од Hades Hangmen беа мајко мила. Drooling. 8-|:mm:
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.222
    Јас од фантазија сигурно ќе скокам книги сега, не е тоа-тоа :)

    Од романса, ок, само нека е меѓу возрасни :D

    Кога ќе ја дочитам FD ќе читам некој трилер измеѓу секако.
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас некако се попребирлива станувам со годините. Или пак со преголемиот избор можеби. Порано, одиш во билиотека, читаш од позади и тоа ти е. Сега, не ова, не она, па една критика лоша имало... Па ова не ми се читало, не знам што.

    А фантазија за да ми се погоди треба некако да е вкоренето во реалноста, да е добра метафора и да има допирни точки.
     
    На sweet-cherry, Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @RainBow знам дека книгава не секој може да ја чита, и не само оваа, во книгиве со митологија многу се пишува за педофилија, инцест и што уште не :|

    П.С не ми успева со линковиве, ај нека си стојат така цели :)

    Сакам митолошки книги интересни ми се,

    https://www.goodreads.com/book/show...s?ac=1&from_search=true&qid=0c5myPBn5J&rank=1 A Thousand ships и неа ја имам на ТБР, сега во април излегува уште една Ariadne и таа сакам да ја читам https://www.goodreads.com/book/show/54860614-ariadne?ac=1&from_search=true&qid=mMdieVVQBy&rank=1

    @Mishela е да и Raze e дарк романса, серијалот е 4 книги ама мислам дека нема да смета да се читаат индивидуално.

    ЕДИТ
    Дали ја имаш читано A lesson in thorns od Sierra Simone (Thornchaple) серијалот? дарк романс, фаќаат око

    За FD колку повеќе читам се по интересна ми станува.
     
    Последна измена: 2 април 2021
    На Mishela, CameliaMiller и Skyfall им се допаѓа ова.