1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Ја прочитав.
    3/5

    Зошто имаат потреба да напишат 450 страни, нешто што ќе го собере во 300 пример? Ако е пократка книгата, не значи дека е полоша.

    Умрев од репетитивност, аман - заман, колку пати напиша дека фрла растение во реката, нели за здравје или за што и да се молеше во моментот?

    Јас разбирам дека како native авторката чувствувала потреба што повеќе да вклучи од нивните традиции, обичаи, јазик, но ова не е начинот. Пре би да прочитам книга напишана баш со таа тема, вака ниту пола ги разбрав, ниту се трудев после некое време да разберам.

    Три ѕвезди има од една причина, а ќе беа две, бидејќи ме тригерна баш.
    Ова спојлер е спојлер од мојот живот, не од книгата.
    За убиството на Лили.

    Додека читав, срцево во грч ми беше тој дел.
    Затоа што имав real life блиска пријателка како Лили. И не малку слична, него многу слична. Не толку карактерно, него некои настани, а и физичкиот опис.

    Додека бев во САД се зближивме, и останавме во контакт, и повеќе од тоа отпосле.

    Кога јас ја запознав, беше млада, амбициозна, со по некоја глупост, преубава девојка.

    Беше полу-native, полубела. По мајка native.

    За жал, некаде пред првата бременост, заедно со маж и' (белец) почнаа да користат наркотици. Додека беше бремена беше на rehab. Потоа додека беше мало девојчето, повторно почна да користи. Маж и' се прибра, се опорави, се трудеше и на неа да и' помогне, но беше залудно се'. На крај кога таа заврши во затвор, ја остави и доби целосно старателство над девојчето и се отсели. Не се разведе од неа, туку се тргна зошто очекуваше отсуството на ќерка и' да ја натера да се бори и да се лечи. Таа не ја бараше ќерка и' назад...

    Излезе од затвор. Најде нов човек.
    Ужасен човек. Не само наркоман, дилер. Остана бремена. Користеше бремена.

    Се породи со второ девојче.

    Нецели 2 месеци по раѓањето на девојчето, типот ја уби, со еден куршум во глава. Се бранеше тој, несреќен случај, биле под дејство на meth... и доби само 7 години затвор. Овој беше исто како неа, native.

    Девојчето го посвои мајка и', а со полусестрата се гледаат често, бившиот маж и за ова се грижи колку може.

    Трагедијата - огромна. За неа, за децата...
    За да биде уште поголема, брат и' нејзин само 2 години порано почина од предозирање.

    Зошто ги спомнав расите.
    Затоа што се многу битни на темава.
    Еве и @ane.bella можеби повеќе ќе знае, ова се мои впечатоци од пред речиси 10 години.

    Во САД владее meth епидемија. Премногу зависници има.
    Но, луѓето од другите раси, посебно native и црнците, добиваат најмалку помош за да излезат од тој круг.

    И кога некој ќе настрада, кога е некој убиен, обично судовите и не се замараат премногу.

    Друга работа што ме тригерна е географската близина. Мојата пријателка беше од Минесота, Бемиџи, а настаниве се случуваат во релативно блиски места, во смисла популација со native Американци.

    Меѓу нив преголем дел се жртви на дрога, во огромни размери, за жал.

    Приказната за Лили и Тревор едноставно... како дежа ву ми беше.

    Како и да е, очекував друг расплет, иако имаше добри поенти со тоа што не се отвори судски процес за Daunis, ама сеедно, последните 20% можеше многу подобро да ги искористи и да долови поголема слика, наместо дека Daunis веќе не е во контакт со Леви.

    What's the point?!

    Како и да е, ок. Кој има време и нерви да гугла додека чита, go for it.

    Јас ќе ја почнам сега Goodnight Beautiful, малце да освежам ум :D

    Едит: ако некој ја разреши мистеријата кое е нејзиното спиритуално име, како почина татко и', споделете.
     
    Последна измена: 6 април 2021
    На ane.bella, Mishela и violetblue им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Се согласувам до @CameliaMiller, убаво што имаше спиритуални имиња, молитви и сл.ама можела авторката и да ги објасни со неколку реченици, единствено добро објаснет ритуал беше околу погребот на Лили.
    Многу ме нервираше величењето на татко и, мислам типот затруднел 2 девојќи, ама демек мајка му на Леви му се нафрлила да да Типот не ја ни признал за ќерка, неколку пати е нагласено дека затоа што не е запишан како татко на изводот она не е член на племето, а со тоа не и следува ни дивиденда од што и да беше со казината.
    Од делот со називите и племињата не разбрав ништо тотално, ниту се сеќавам како умрел Леви сениор.
    Тетка и како што сфатив е сестра на татко и, а она го организирала на крај погребот на бабата Мери
    испадна тотално непочитување на жената. Авторката е native окау ама толку пристрасност не ми беше во ред да читам.
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Не го носи презимето на татко и' затоа што мајка и' била малолетна кога ја родила, а баба и' Мери не дозволила. Сепак, мајка и' ниту засекогаш била малолетна, ниту пак татко и' се ангажирал нешто посебно да ја признае. Битно и' рекол N'Daunis (моја ќерка). Абе ајде :D

    И зошто откако заврши истрагата Џејми не и' го кажа вистинското име?
     
    На ane.bella и violetblue им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Може ли да напишете кратка содржина на книгава од почеток до крај, со спојлери комплет?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Како со спојлери?
    Со вклучени - читливи - или скриени? Јас се извинувам, не разбрав баш :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Не, не, мислев цела содржина со спојлери, аме не скриени. :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Јас, ама чекај, тоа бара време.
    Да ставам ручекот па ќе седнам со кафе есеј да пишувам :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ме заинтересира за што беше книгата по мислењава ваши. А видо веднаш дека ќе е како Ади, бавна, развлечена и репететивна, а уште една таква немаше да можа да поднесам.:shake:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    И подобро, да те спасиме од маката.

    Сега види, има книгава 4+ оцена на goodreads, што значи дека има луѓе што навистина ја бендисале.

    Сега... ќе се обидам да ја раскажам, но ако нешто заборавам ќе ме дополни @violetblue

    Битно за книгава и приказнава е дека настаните се одвиваат во Sault Ste. Marie, град во Мичиген кој се простира од двете страни на границата меѓу САД и Канада, измеѓу проаѓа канал и тој е границата, а во непосредна близина е Sugar Island кој е резерват. Во градот живеат белци, црнци, индијанци.

    Daunis (ќе ја пишувам вака, бидејќи не знам како би било на македонски, Данис, Дунис?) е 18 годишна девојка, по мајка белкиња, по татко индијанка. Мајка и' ја родила кога имала само 16 години, но бидејќи родителите на мајка и' се од една од најугледните фамилии во градот, поради срам ја испраќаат во Монтреал да ја роди Daunis таму. Мајка и' се враќа кога Daunis има 3 месеци, но тогаш татко и' е оженет и жена му раѓа машко дете - Леви. Татко и' бил хокејар, но доживеал сообраќајна несреќа ноќта кога мајка и' на Daunis го фаќа во кревет со Дејна, мајка му на Леви, па поради повредите останува без работа.
    Daunis обожава хокеј и долго планирала и на колеџ да игра. Но, на почетокот не дознаваме точно зошто се премислува и се запишува во локален колеџ и добиваме впечаток дека така одлучува бидејќи баба и' по мајка доживува мозочен удар и е сместена во hospice дом, па Daunis сака да е во близина на мајка и', посебно затоа што само неколку месеци порано вујко и' починува од предозирање.

    Вујко и' меѓу другото и' бил професор во школо.

    Најдобра другарка на Daunis е Лили, таа живее само со баба и'. На Лили on&off дечко и' е Тревис, кој е моментално зависник, па Лили не сака да биде со него поради тоа најмногу.

    Се спрема сезоната за хокеј, а во градот доаѓа ново момче кое треба да игра во тимот на Леви, Џејми. Џејми живее со вујко му Рон, и за него знаеме дека постојано се сели.
    Бидејќи има девојка, а Daunis е убедена дека нема никогаш никому да биде љубовница, се договараат таа да му биде "амбасадор" и да му ги покаже местата, настаните, традициите на градот и островот.

    Секој ден Daunis и Џејми трчаат, така се зближуваат. Таа не успева да дознае многу за него, но доста му кажува за себе.

    На една прослава на островот, Тревис и' досаѓа на Лили да зборуваат, Daunis пробува да го спречи, но сепак тој заминува со неа да зборува. Daunis се опијанува, паѓа на работ на шумата и гледа дека Тревис вади пиштол и го усмерува кон Лили. Ја приметува Daunis и нанишанува кон неа, но Лили се бори со него за пиштолот и тој пука во неа и ја убива. Потоа се убива сам себе.

    Додека се случува ова, Џејми е прв на местото на настанот, бара пулс но сфаќа дека е Лили мртва. Потоа ја забележува Daunis и ја трга од таму, практично бегаат во градот, а таа се сомнева во кој е навистина Џејми, бидејќи и претходно во дадени ситуации реагира како полицаец.

    Џејми и' објаснува дека навистина е полицаец на тајна задача, и тој и Рон, и дека целта е да го сузбијат ланецот на метамфетамин. Daunis им треба за да биде нивен доушник.

    Таа прифаќа, па бидејќи треба да одат на курс за правење мет, решаваат таа и Џејми да глумат пар.

    Иначе Daunis е geek, и се разбира во хемија многу, па на "курсот" прави речиси "совршен" мет.


    Мала пауза, ќе продолжам, има многу :D
     
    На RainBow, Skyfall, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller ова ми е ко троубек од средно: еден ќе ја прочита лектирата и ќе ја раскаже у тетратка, па пола клас ќе препише од него. Најчесто јас бев оваа со напишаната лектира, сега некоја бунтовна фаза ми е изгледа па ќе препишам без пардон. Добро не баш, ама ќе се префрлам на аудио верзијата. :D

    Читањево на моменти ептен ми оди, книгава тече, тече, тече и ми се допаѓа. Потоа има некои моменти кои ми се скроз исти, досадни, непотребни. Ми рушат впечаток тотално. За ефект ли се ставени не знам, ама можел уредникот да замеша прсти малку и да ја опраат работава. Книгава можеше да биде фантастична, ама засега испаѓа сосем просечна, просечно деби со добро изменаџиран маркетинг позади него.
    Нема веза, ептен сум инвестед веќе во книгава па не ми се остава на средина, но ќе ја дослушам. Гледам ми ја ставиле на вк па денес на работа се заслушав и до пола сум.

    Навечер ја читам The Borgia Bride и уживам. :inlove:
     
    На Skyfall, ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Ама супер ќе беше приказната, ако прво ја смалеле малку, а второ, ако не го зезнале крајот.
    Мислам цела поента на книгата, борбата, поуката што треба да ја извлечеме... не знам. Крајот ептен беше нелогичен и meh.

    Чекај после ќе продолжам да раскажувам, @RainBow горе раскажав околу 15-20% во многу скратена верзија :D
     
    На ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller баш ми е жал за целата ситуација со другарка ти. Жално за неа и нај многу за двете мали деца што ги оставила зад себе.

    Е сега свесна сум за дискриминацијата што се врши и над индијанциве но за жал не ми е длабоко позната тема, знам само дека не ги третираат многу по различно од црниот народ, а како е третиран црниот народ скоро на секој му е познато, нај свежи се случаите со Џорџ Флојд и Бриана Тејлор.

    Не знам колку ви е познат случајот за гасоводот во Дакота, Dakota access pipeline, покрај сите протести и не согласување од страна на Индијанците, а имаа голема поткрепа од цел свет и пак никој не ги слушна, решија и му го сместија гасоводот да му поминува низ резервациите и светите места каде што живеат.
    Да не одиме подалеку, Thanksgiving додека ние јадиме мисирки и славиме ден на благодарност на Индијанците им е дел на жалост, геноцид ден кога изгубиле 700 души :fubar:

    Да се вратам на книгава, ја читам ама почнав и да прескокнувам досадни делови што се повторуваат цело време :tmi:
    И ја разбирам идеата за вметнување native зборчиња, ритуали и приказни низ цела книга, со тоа сакала да ни нацрта по живописна слика, но малце е претерано и збунувачки.

    Дојдов до делот со банкарската сметка, зарем и Леви... :o или Не?
     
    На Mishela и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Сакаш да ти кажам или сакаш да си прочиташ? :D
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.141
    Пол:
    Женски
    Па така како што раскажа, така и требаше да биде напишано без многу тупење.
    Многу сакам да читам за другиве народи, за работи кои не се толку застапени, познати (барем во нашиве простори), ама книгава се чудам како замина во овој правец.
    Првите неколку поглавја ептен, ама ептен ме зграпчија. Другово...:doh: ај ќе видиме.

    Имам уште 6-7 саати, таман деновиве ќе ме занимава на работа и така ми е досадно па нека зборат. :D
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Ова е баш пример за too much. Јас со задоволство читам за традиции, обичаи, интересно ми е, ама во целава приказна сериозно беа некои премногу.

    И пак битни прашања до крај не одговори (facepalm) битно samaa 150 пати фрли во реката, ок е значи, и 45 пати сабајле се молеше на Креаторот плус по некој дедо. Значи...

    Ај да не ти расипувам повеќе :D
     
    На ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  16. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Оставиме да живеам во надеж уште некое време, ама си претпоставувам што ќе испадне на крај :mm:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Ух.

    Значи Daunis и Џејми глумат пар, меѓувремено има уште два чудни смртни случаеви, на две девојки. Daunis дознава дека пред неа, вујко и' бил доушник, па го наоѓа неговиот дневник каде што гледа што истражувал. Меѓувремено таа шета по Sugar Island и собира печурки, затоа што мислат дека кој и да го прави метот, користи и magic mushrooms. Како и да е, сфаќа дека не се печурки, него некој традиционален индијански лек, па ги кине и крие последните страни од дневникот.

    Меѓувремено, се развива страст меѓу неа и Џејми, конечно имаат секс, но на забава Рон и' кажува дека Џејми глуми и дека негова била идејата да ја искористи за случајот. Исто така вечерта, нејзиниот бивш ТЈ (за кој мисли дека ја искористил и оставил туку така) и' кажува дека мисли дека Џејми не е добар човек баш затоа што брат и' Леви ја одобрува нивната врска. Дека Леви нему му се заканил со другарите дека ќе најдат начин да го повредат и да не се гледа со неа. Иначе ТЈ е племенски полицаец.

    Претходно додека истражува, се пика во канцеларија на еден што не се сеќавам што улога имаше, освен дека е родител на нејзин врсник, а на забавава тој и' приоѓа и и' кажува дека има скриена камера и дека ја фатил како душка низ канцеларија.

    Секако, сосема логично, оди во хотел со него, а тој ја силува.

    Се враќа на забавата и седи до крај, па одејќи накај дома застануваат со Џејми на паркинг и се соочува со него за тоа што и' го кажа Рон. При тоа му удира бокс, а кога сака втор бокс да му удри, тој се поттргнува и таа паѓа. Доаѓа Рон, ја зема и ја носи дома, таа му објаснува дека Џејми не ја повредил.

    Подарок од Леви има choker од нивниот татко, но Леви и' кажува дека и' оставил + поклон дома. Копа по соба и наоѓа пакови, но не сфаќа зошто се кај неа оставени.

    Меѓувремено, сфаќа дека на заедничката сметка што ја има со Леви, постојано расте билансот, илјадници долари. Леви и' вика дека собира пари за да купи земјиште во Канада.
    Но кога алелуја ќе се посомнева во него, ќе сфати дека во паковите е скриен мет.

    Провалува кај Леви во соба после 4 фрлања на мечето на кучето, таму го пронаоѓа шалот на татко и' што упорно го бара, а Леви и' вика дека не знае каде е.

    Мајка му на Леви доаѓа дома, но Daunis успешно и' бега.

    Утредента, доаѓа мајка му на врата, оти загрижена е за Леви. Додека прави чај Daunis, таа и' подметнува дрога во шолјата и ја киднапира.

    Се буди некаде на Sugar Island, врзана за кревет, а таму е и Џејми, исто киднапиран.

    Сфаќа дека Џејми го киднапирале брат и' и другарите.

    Меѓувремено доаѓа брат и', им кажува дека Daunis им треба за да им прави мет, и ако се согласи ќе го остават Џејми да живее.

    Џејми става гпс часовник во нејзината патика, додека со Леви оди накај градот.

    На траектот со поглед се разбира со старците од племето, па тие му блокираат пат на Леви, а таа го наоѓа тренерот и сака да избега со него.

    Но тој е вмешан и ја киднапира. По пат и Леви кој избега претходно се качува во кола.
    Возејќи се, гледа дека од спротивен правец доаѓа TJ и за да му привлече внимание го фаќа воланот и ја удира колата во дрво.

    Тренерот и Леви ги апсат, неа ја носат на островот да го најдат Џејми.

    Џејми е успешно спасен, таа се онесвестува поради внатрешно крварење и завршува на интензивна нега. Кога се буди, Џејми го испраќа да си го најде своето потекло, па после да дојде кај неа (демек да се пронајде себе). И не, не го прашува како вистински се вика. Баба и' меѓувремено умира, тетка и' индијанка организира кремирање (а баба и' цел живот нејќе индијанци), Daunis се запишува на колеџ на Хаваи да учи за билки и лекови.

    И' стигаат две разгледници од Џејми.

    Завршува периодот на жалост и конечно може да игра, па оди на забава и убаво си поминува.

    На крај учествува во ритуал на индијанските жени кои се повредени (најчесто силувани).

    Битна е и тетка и' во приказнава, сестра на татко и', ама сериозно не знам кај да ја сместам без да напишам и јас 100 страни :)

    На крај, таа не комуницира со Леви, главната алка Мајк им бега, тренерот уапсен, мајка му на Леви уапсена, тој што ја силуваше никому ништо.

    И така.

    Едит: Леви ја мести со тоа што трансфер на пари прави во нејзино име во Панама. Да, на цели 17 години Леви знае како.
    И не е тој алфата во групата како што мисли таа, туку е ситен плен во играта.

    Едит2: не игра хокеј зашто скришно направила операција на рамото, неуспешна, па не си ја осеќа раката од надлактица нагоре.

    Едит3: Daunis е unenrolled во племето, оти татко и' го нема на извод од родени. Има фора до 19ти роденден да се enroll. Поклон од тетка и' и племето и' е тоа.

    Кој знае уште колку работи пропуштив, ептен е all over the place книгава.
     
    Последна измена: 6 април 2021
    На RainBow, violetblue и ane.bella им се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller браво за опширната рецензрецензија :clap: се трудам да не читам од половина на долу :D

    Дали книгава ви е YA?
    Според мене почетокот да е YA ама како се развива приказната воопшто не ми е YA, има силување, употреба на дрога, секс, можеби грешам? :?:
    Ваше мислење?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    266.223
    Епа young ADULT де, не е за тинејџери, мада е за денешни тинејџери, остај тоа.

    Има се' ама не е баш опишано во детали, така што јас би ја дала на сестра ми да ја чита, сестра ми има 17 иначе.

    Може и поучна ќе беше да беше малце поконцизна, да не беше толку расфрлана насекаде.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Е да во право си.
    Oстај ми се ствараат некои конфузии во главава :D не знам зошто јас цело време кога мислам на YA си замислувам почеток на тинејџерски години (facepalm) и да, знам дека YA е кратенка за јанг адолт и јас упорно 15 годишни си ги мислам.
    Неонка, по некогаш треба да ми се нацрта :$
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.