1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас уште ја читам, но си велам до утре ќе ја завршам, но не е проблем вие слободно дискутирајте си.
     
    На Skyfall, Mishela и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.241
    Ми стигна нова нарачка од е-хорека... :bandit:
     
    На Mishela и RainBow им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Еве стигна пратката. Фала ви за ова прекрасно кафеџиско искуство, еве глас. :bandit:

    Ќе ја чекав @ane.bella да прати повеќе капсули, ама страв ми е да не платам многу лежарина кај овие како се викаа, па ајде да оставиме фора за следен пат.

    Ајде сега цум шлус и толку од анкетата, готовооо.
    Пред некој пак за замрси конци, па стварно да треба да ја читате Тили. :devil:
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    И бонус крем за кафето ќе ти пратев ама ете ништо од сето тоа, сега криво да ти биде :lol:

    Кој ќе го крши мразот прв да сподели импресии од GB?
    јас уште 60 страни имам за читање.
     
    Последна измена: 13 април 2021
    На Mishela и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Значи попијана среќна ѕвезда од мојата, здравје. :D

    Тоа е, ме фатија на емотивна карта, ама они се друго исчитале, ама жанров вака-така. Ах. :D
    Нареден пат не правам ваков криминал, поштено до крај. :D

    Читај си ти на раат, кога ќе дочиташ ќе почнеме со зборење.
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Очиве ми се крв црвени и мислам дека почнав дупло да гледам, ама и се запнав денес и ја завршив :whew:
     
    На Mishela, CameliaMiller и RainBow им се допаѓа ова.
  7. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Ќе ве молам за едно прашање на почеток на темава пишува дека рок за читање е една недела дали е така сеуште или се сменило нешто?
    Стар ми е профилов ама не сум влегол три години па не сум во тек а сум читател.
    Тенкс
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.241
    Ај затворете ја анкетава, оти како ми тргна со The Good Sister, 70% ја прочитав вчера :tmi: ако продолжи вака до крај, конечно петка ќе биде :D

    Има уште некој што ја чита Every Last Fear или може да ја коментираме?
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Ајде да почнеме со тековнава книга додека не сум ја заборавила сосема.

    Книгава е сосема типичен трилер кој ќе го заборавам за два-три дена и воопшто нема да се сеќавам дека бил wow и да го препорачувам на луѓе. Да, имаше пресврти, ама за мене лично беа сосема усилени. Авторот премногу се трудел да ги вметне за да напише нешто нетипично, што на крајот испаднало сосема типично. Премногу се трудеше, на пример, да нè насочи во погрешна насока во првиот дел, што потоа никако приказната не ми се вклопуваше натаму. Мислам, зошто маж би сакал да си ја офарба косата во црвена боја? Можам да кажам дека не бев воопшто импресионирана од пресвртите.

    Ликовите ми беа... Па, не се поврзав со никој, читав некако како од далечина, само ладно чекав да видам што ќе се случи, ама не и заинтересирано, ниту пак тоа ме допираше или будеше некаква емоција во мене.
    Ако Сем умреше во куќата, па, oh well, живот. Му понудил некој толкав простор, му го реновирал како он посакал со најскапи работи и он не си ставил прст на чело да се запраша зошто некој би го направил тоа. Ахам. Не би му рекол на пријателчето во полиција, ај бе направи еден бекграунд чек на овој, кој е овој, ми нуди вака и вака, ама што знам, некако ми е сомнително. Па тоа со хепи аур, како беше прикажано да мислиме дека е жена му, ко божем мислиш којзнае какво внимание му посветувал Сем.
    Ме нервира кога се претерува со нешто во трилер само да се наведе читателот во погрешна насока, а кога ќе се открие што е всушност, поранешното не држи вода. Тоа всушност покажува дека авторот нема бап талент, туку само ги преувеличува работите за комерцијала и читаност, ништо друго.

    Ниту пак стилот на пишување не беше нешто посебно, сосема просечен, ништо посебно возбудлив.
    Едноставен, краток, разбирлив.
    Книгава од мене има двојка, толку.
     
    На ane.bella, CameliaMiller, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Тоа на почетокот, сега ставаме книга, па ја чита кој како стигне, па гледаме кога ќе ја завршиме да ја искоментираме. Добредојде и се надеваме ќе ни се придружиш. :)
     
    На CameliaMiller и ТрагачПоНадеж им се допаѓа ова.
  11. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Тешко,книгиве на англиски ги читате :?:
    Знам англиски ама не до толку :)
     
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Не ми е јасно како толку време Ани не успеа да влезе во неговата канцеларија. Па и полицијата, тоа било последното место каде што бил, да не проверат за докази. Може оставил некое писмо или нешто.
    На почетокот ми почна интересно, особено wtf моменти ми беа кога се расплете приказната дека не е жена му таа што раскажува за happy hour, west wing серијата.

    Брзо се читаше, ама имаше делови што беше убрзана и недокажана приказната. И крајот, како да сакала побрзо да ја заврши книгата.
     
    На ane.bella, CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Мене најголем пресврт во книгава ми беше тоа дека Ани не е таа која ги прислушкува сеансите, и тоа беше тоа.
    Сето останато премногу ме потсеќаше на книгите на БА Парис (знам дека сум досадна со неа, ама тоа е, не можам да си помогнам), кај што се прави build up на приказна која и не е нешто многу битна, ама полни страници и поглавја и некако ми се изгуби желбата да се внесам. Океј беше, ама премногу плитка, неприродна, недобрусена, не знам како да ја опишам ама отприлика мислам јасно ви е.
     
    На ane.bella, RainBow, Skyfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.241
    ^ Се согласувам со сите.

    Иако беше генерално интересна, крајот секако не беше успешен :)

    Немаше допирна точка - некои настани едноставно немаа логика ако земеме во предвид дека не е Ани, дека е маж. Како да не ја прочитале пред да ја издадат книгава.

    Како што напишав и порано, мене ми личи на "истрчана" книга. Како да не и' се обрнало доволно внимание за да биде добра.

    Јас бидејќи ја завршив TGS ќе ја почнам Erotic stories :) @RainBow ај затвори ја анкетата, дур имаме "победник" :D
     
    На ane.bella, Mishela и Skyfall им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Затворена е Каме, не се секирај. :D
    Таа си е книгата па може да се почнува веќе. Јас имам уште 30% од една што ја почнав деновиве (и ич не ми се свиѓа ама ај...), ќе ја завршам вечер и од утре стартувам со новава. Ако ја завршам сега, ништо чудно и вечер да ја почнам ама ајде да не земам многу залет. :D
     
    На Skyfall, ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.241
    TGS 5/5 од мене :)
    Баш тип на книга, пресврти што ми се свиѓаат.
    Е сега, рече дена The Perfect Mother не ти била по ќеиф, мене ми беше, па не знам дали би ти се допаднала оваа :)
     
    На Skyfall, ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Ја имам за читање, ќе ја имам на ум. The mother in law од авторкава ми се допадна, на оваа ќе ѝ дадам шанса во прва прилика кога ќе ми се причита жанров.

    Мене вчера конечно ми излезе оваа, со месеци ја чекав веќе:
    [​IMG]

    Каква корица, љубов на прв поглед. Ќе ви кажам дал ја бидува кога ќе ја прочитам, се надевам и тоа ќе бидне наскоро.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @CameliaMiller од кого е The good sister?
    На goodreads ми дава повеќе книги со истиот наслов?
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.241
    Sally Hepworth :)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Па и уште насловот, Goodnight beautiful, намерно така ставен да не наведе дека е за жена. Мислам, сигурно ќе му пишува мајка му така, не мора да значи, ама многу малку е веројатно, поверојатно е my dear boy, или нешто во таа насока.
     
    На ane.bella, Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.