1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Не си, јас сум тек до пола. :tmi:
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Изгледа само мене ми е онака ништо посебно, лимонатка, или дека не сум по ваков жарн. 3ка од мене и дадов, немам некој впечаток.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас тек на почеток. Ама брзо ќе биде, да ме чекате. :D
    @CameliaMiller не знам дали си ја читала од Чембрлејн The Dream Daughter, ама ако не си да ја читаш.
    Има time travel, ама не еклучно за книгата.
    Чекај, ќе постирам мојата kритика.
    The Dream Daughter - Diane Chamberlain
    Имам многу книги прочитано од авторкава. Ама оваа книга... Оваа е најдобрата до сега.
    Не сакам да откривам многу, ќе кажам само дека бев скептик кога прочитав дека вклучува и патување низ времето, но Дајен го искористила само да додаде една нова димензија во приказната и и послужило како одлична алатка.
    Во 1970 Карли е трудна, но нејзиното бебе има проблем со срцето за кој нема решение. Што може да направи Карли за да му помогне на нејзиното бебенце? Има ли нешто што не би го направила една мајка?Приказната ме допре толку длабоко, пролеав солзи, едноставно е страшно емотивно четиво со многу изненадувања. Топла препорака од мене, нема да зажалите.
     
    На violetblue и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    Фала, и јас поради тоа патување низ времето ја избегнував :D
    Ама чим не е пребитно и не е цела приказна тоа, ќе ја прочитам :)
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    Лимонатка е, ама јас изгорена од лимонатки како Шопингхоличарка (џизс крајст) ептен со сомнеж ја почнав, за да ме забавува цело време :)

    Што читаш сега? Јас ја почнав The woman in cabin 10 од Ruth Ware.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Која ќе биде наредна книга? Се ослободив малку од обврски па да ве дружам :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    Ја прочита Erotic stories? Таа ја читаме сега :)
     
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Има разлика од лимонатка до лимонатка :D Јас од Софи Кинсела ниедна книга немам прочитано и нема да прочитам. Ама како оваа книга сакам да ги читам :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Мене па Софи ми е супер (ако збориме за чик-лит), има добри книги и одличен хумор. Ретко кој ја надмашил. Исто и Александра Потер, Сузан Елизабет. Лесни книги, но убава, топла приказна и симпатични ликови.

    Оваа книга некако не знам, нешто ми фали за да ми легне. Затоа и толку ја влечкам мислам, имам нешто што ме носи удолу. Значи забавна е сè тоа, ама некако нешто фали. На толку прочитано, толку и можам да кажам. Впечатокот секако ќе се комплетира кога ќе ја завршам и ќе откријам што е тоа што ми недостасува.
     
    На violetblue и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    Јас друго од неа немам читано, само Шопингхоличарка и тоа многу одамна, и некако ич ама ич не ме бендиса. Општо чик-лит не сакам, ама има чик-лит и чик-лит, како и во секој жанр :) На пример уште не ми се верува што оцени и' дадов на Клејпас :D ама во моја одбрана, претходно немав оценувано книги, ме бендиса или не ме бендиса беше :)

    Од друга страна, некој би рекол и Чембрлејн дека е чик-лит, и можеби е, ама ете, мене ми се убави книгите нејзини.

    И Кумсон не е лоша, мене ми е баш за одмарање, за опуштање, што викаш, топла приказна :)
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Да, и Дороти е супер. Со исклучок на поновите отров-досадни книги. Она, Дајен и Џоди ми се некако повеќе накај вуман лит. Малку така позрели драми. Чик-лит ги викам оние со "помладалачки" ликови, обично кај сите се во рани дваесетти или негде околу триеска. :D

    Ништо, ти не се врткај ниту околу историска романса штом не ти се свиѓала Клејпас. :lol:
    Мене од неа ми се свиѓаше серијалот за Travises. Дали дека стандардни романси со драма, ок беа, фино течеа барем првите две. После стана досадна малку. Некако ептен е или скроз утка или солидна Лиса, не знам на што сум со неа. Само една ми се допадна од оној Wallflowers серијалот и другите сите така-така, просечни, некои и скроз глупави,
    како онаа што направи дил со киднаперот и се заљуби во него, па и дете ќе имаа нели, мислам...ноу комент. :x

    Многу сакам историски романси јас, ама само Џули Гарвуд и Џудит Мекнот. Џулија Квин не е лоша ама здосадува шаблонот, додека овие претходниве немаат баш некој шаблон. Или треба да прочитам уште нивни книги за да им го провалам. :D

    Мене инаку од муабетов ми се јави желба да ја прочитам последната книга на Дајен, oнаа како беше Small town/ big town, слаба сум со имињава ама сте ја виделе веќе сигурно. Можеби и сте ја читале, ама јас ептен каснам со нејзините книги, последните 3-4 не ми се читани.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Гледам дел сте ја прочитале не знам дали ќе ве стигнам.

    Инаку јас Софи ептен сакав да ја читам кога бев тинејџ, ама и мајка ми ја чита :D Некогаш се смотанки така книгите, ама лабави се, некако асоцијација ми е на типична книга ко за на плажа. Чемберлејн и Кумсон ми се типични драми некако, иако и нив знам да ги читам.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    @Mishela јас баш сакам историска фикција, ама искрено тоа на Клејпас не може ни историска фикција да се нарече, зборувам за Wallflowers серијалот, сите 4 ги прочитав, има и петта, ама таа жртва не ја правам :D
    Валфлауерс ми беа како за луѓе што никогаш немале секс уствари :D Не знам, 17 годишни би рекла, не за луѓе 25+ сигурно
    Немам против ни романса, ама малце... повеќеслојна да речам?
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Па не се историска фикција книгите на Лиса, историска романса се. И тоа "историска", најчесто се однесува на фактот дека дејствието се одвива неколку векови наназад, ништо историско не очекувај од вакви книги.
    Тоа ми е како ретро чик-лит. И само Џули Гарвуд ми е посебна навистина, другите ретко вака да се трефне нешто.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ја имам читано таа од Рут, па сега ќе ја почнам сопрузите на Евелин :) измеѓу на паузите од еротскиве приказни ја прочитав the heart,s invisible furies, како за драма онака. Инаку обавезно да ја прочиташ препораката од @RainBow , колку јс исплакав таа книга значи.
     
    На CameliaMiller и RainBow им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    Ја ставам следна :)
    Ми треба вака препорака од мои луѓе кога не сум сигурна :D

    Си имам issues иначе, и да не ми чини книга, морам да ја завршам, затоа ептен барам препораки за се' живо, знам да заглавам некогаш, да не можам 6м да ја прочитам :)

    Која е оваа што ја читаш сега не разбрав?
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    Затоа не штеди препораки, сочитателке :) Мене ми треба помош, лошо е што до пред 2г не ни запишував што имам читано, па некогаш налетувам на веќе прочитани книги и така :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Леле ќути, срце со денови ме болеше значи. Уште се присетувам, толкав впечаток ми оставија ликовите.
    Оваа не и е последна мислам, ама онака е, на средина, тројка има од мене. Big lies in a small town.
    A да ја отвориме анкетата? Предлог некој?
     
    На Mishela, violetblue и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.228
    Предлог - No Exit од Taylor Adams

    или од претходните анкети, нели рековме некоја романса :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    А, читате ли дистописки?
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.