1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас имам уште 80 страни.
    Си велам ако не вечерва утре сигурно ќе ја завршам.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Готово и јас ја завршив :party:
     
    На Skyfall и Mishela им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Давајте предлози за следни книги, девојчиња. Таман да дозавршат сите што ја читаат Евелин.
    Јас книгава долго ќе ја паметам, ептен ми се допадна, не можев да се одделам од неа. Оценка уште ѝ немам ставено, размислувам. :D

    Инаку, еве мој предлог, да фатиме малку историска фикција. :)

    Eternal by Lisa Scottoline

    [​IMG]
     
    На ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @Mishela ме фати око :) Сакам да читам такви книги.

    Од мене предлог The lost girls of Paris - Pam Jenoff
     
    На Mishela и ane.bella им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас започнав книга и сега не знам дали ќе ја завршам на време и да читам што ќе се одбере тука :|

    Иначе предложувањето и избирањето на книгите ми е ептен возбудливо тука во клубов :lol::$

    Имам неколку на ум, но се решив The star crossed sisters of Tuscany да ја предложам
    https://www.goodreads.com/book/show...y?ac=1&from_search=true&qid=7uZmQHHYsc&rank=3
     
    На sweet-cherry, Mishela и Skyfall им се допаѓа ова.
  6. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    И јас ја завршив. Мене стварно ептен ми се допадна книгава :) Во мојава киндл верзија има и прашања за дискусија, ако сакате можам да постирам некое од таму па да си збориме:D

    Од предложениве книги The lost girls of Paris ми е читана, не е лоша. Ми фати око оваа The star-crossed sisters of Tuscany. Oд мене предлог The giver of stars - Jojo Moyes
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  7. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ме фатија око досега сите предложени книги :)
    @sweet-cherry постирај ги прашањата, да ја продискутираме книгава. Сите ли ја прочитавте?
    Како ќе бираме следна?
     
    На sweet-cherry и ane.bella им се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller видов дека ја чита сега, не знам дали @RainBow ја чита и до каде е, другите мислам дека сите сме завршени.

    И јас сакам да ги видам прашањата, ќе биде интересно да ги одговориме
    @sweet-cherry како не ја пиша книгава од Џоџо вчера кога правев порачка од Book of the month баш ми фалеше уште една книга и ја имаат оваа баш ја гледав :)

    Ајде нека се даде уште некој предлог па ќе се договориме како и до сега, или можи пак со анкета да биде :)
     
    На sweet-cherry, CameliaMiller и Skyfall им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.241
    Јас денес ја почнав Seven Husbands ама ок е, брзо ќе ја прочитам ваљда. My sister's keeper цела недела ми одзема.

    Мој предлог за следно:
    The kite runner - Khaled Hosseini
    или ако ја имате читано
    A thousand splendid suns
     
    На sweet-cherry и ane.bella им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    Ќе ги ставам прашањата за дискусија во спојлер
    1. Of the seven husbands, who was your favorite, and why? Who surprised you the most?
    2. Did you trust Evelyn to be a reliable narrator as you were reading? Why, or why not? Did your opinion on this change at all by the conclusion, and if so, why?
    3. What role do the news, tabloid, and blog articles interspersed throughout the book serve in the narrative? What, if anything, do we learn about Evelyn's relationship to the outside world from them?
    4. How do you think Evelyn's understanding and awareness of sexuality were shaped by her relationship with Billy-the boy who works at the five-and-dime store? How does her sensibility evolve from this initial encounter? As she grows older, to what extent is Evelyn's attitude towards sex is influenced by those around her?
    5. Evelyn uses the saying ,,all's well that ends well'' as part of her explanation for not regretting her actions. Do you think Evelyn truly believes this?
    6. Evelyn offers some firm words of wisdom throughout her recounting of her life, such as ,,Be wary of men with something to prove'', ,, Never let anyone make you feel ordinary'... What is your favorite piece of advice from Evelyn? Were there any assertions you strongly disagreed with?
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Карактерот на Евелин ми беше оној на типична спонзоруша и жена што гази по лешеви за да дојде до својата цел. Сите мажи што ги имаше и беа пресметана инвестиција, а секој потег калкулиран. Трпеше семејно насилство, се мажеше и разведување, ја изгуби најсаканата личност само за да има пари и слава. И некако воопшто не можам да поверува дека од срце се радуваше кога Celia доби оскар.
    Поради такви карактери како Евелин мнозинството сметаат дека жените ги добиваат работните места и унапредувањата затоа што имаат секс со претпоставениот. И на крајот зошто и беше целата борба? За да си ја очисти совеста и ја замати сликата на Моник за покојниот татко. Значи себична до крај.
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Да, скроз се сложувам со се што напиша.

    Јас и дадов 4.5 звезди

    Ликот на Евелин е ептен unlikable, и мислам баш тоа и беше целта на писателката и затоа ја претстави таква: себична, егоист манипулатор и тврдоглава. Толку многу изгуби низ животот и ни за секунда не ни помисли да се промени.
    Дури и до последните денови од животот си беше манипулативна и бесчуствителна ( со Моник) демек ќе ти ја раскажам мојата животна приказна, ти ќе заработиш многу пари и ем ти богата ем уште долго ќе се зборува за мене ем јас со чиста совест ќе заминам на онај свет.
     
    На Skyfall и violetblue им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Книгава многу ме допре, пред се поради Моник. Таа ми беше навистина прекрасен лик и се изнервирав на крајот многу од пресвртот, па и уште и се пушти Евелин ја гушкаше за да имаат picture perfect момент. Глупачка.
    Евелин...па само ќе кажам дека таквите жени во рл ми се одвратни карактери.
    Лош избор на зборови можеби, знам, ама тоа е тоа, го чувствувам и го пренесувам онака како што е. Одвратни луѓе кои немаат ништо свето, па ни љубов кон друга личност, дете, што и да е, постојат и ќе постојат.
    И како таква, супер си беше опишана со сите нејзини, па ајде да ги наречам демони, иако не беа тоа.

    На крајот, џабе што остана со Силија, кога целата нивна врска беше изрежирана шарада. Цел живот скриени (од кој, пола скарани без очи да си видат), цел живот го пројдоа во мозгање теории како да се сокријат и кој да прелажат за да учествува во нивната камуфлажа.
    Измеѓу тоа, Евелин си лечеше рани како знае и умее.
    Знам и јасно ми е колку неславно завршувале гејови и лезбејки тогаш во тоа време, ама па децении минаа и времињата секако се менуваа, па мислам дека комотно можеа "да излезат" јавно и никому да не му е гајле за нив, но како инаку ќе имаше повод да избегаат во Шпанија. :D

    Не ми сметаше ништо, не ми сметаше ни развратот, ни лагите, сè сварив, само не можев да се натерам да сочувствувам со неа. Едноставно не бев способна. :)

    За Моник, навистина ми беше криво. Ме заболе душата, цел живот да се прашуваш зошто тоа му се случило на твој родител и преку ноќ да дознаеш дека тој не бил ни малку виновен за тоа што му се случило. Па и бркањето новинар, баш она одбрана и примена во удобноста на домот на дивава. Вау, која чест.
    На крај Моник испадна уште една нејзина шаховска фигура, пред да затвори партија.

    Не сум сигурна колку книгава заслужи ваков крај, малку ми беше over the top тоа со таблетите, но добро, што друго им остана и на двете.
    Јас посакував книгава да ја задржи драматичноста до крај и Моник да обелодени сè за несреќата, ама очигледно не беше таков drama seeking карактер.
    Сакав бре да избие еден јак скандал, да и се врати се. Дури мислам дека и самата Евелин би умрела да ја зборат и спомнуваат, макар и за прикривањето на сообраќајката. :worried:
    Ама шанси немаше Моник да си го стави семејството на тапет и да дозволи таква работа да ликне. Не беше во нејзин стил, за разлика од холивудците, она си го задржи достоинството и беше професионална и беспрекорна до крај, иако не заслужи Евелин таква учтивост, ама ни малку.

    Книгава навистина ќе ја паметам долго, баш беше Холивуд во најдобро светло. :)
    Пуштив душа, ставив 4. Некако на граница ми беше цело време, ама некои работи беа предобро испроектирани па мислам дека тотално си ја заслужува и оценката и целокупниот рејтинг.

    Од телефон ова успеав да го истипкам, ќе допишам утре за другите работи кои ќе ми притекнат во меѓувреме.
     
    На violetblue, ane.bella, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Книгава ептен прикажа како функционира Холивуд. Колку заткулисни работи се тераат. Ти ги гледаш мислиш најзаљубени, тоа се со договор и причина. Мене не ме изненади Евелин со нејзиното однесување, рамнодушност и себичност. Такви луѓе што сакаат да се центар внимание, не се грижат за другите чувства.
    Евелин беше толку бесчуствителна, што мислам дека според неа и направи услуга на Моник.
    Се согласувам и со вас @violetblue, @ane.bella, @Mishela
     
    На Mishela, violetblue, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ко што гледам има анкета ставена :) Гласајте да почнеме да читаме побрзо :) некако ептен заслабнавме периодов
     
    На ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Јас фатив да читам еден трилер. И мене не ми се верува дури, поим немам од кога го немав читано овој жанр. Не е лоша па ќе видам колку ќе ми се допадне. :)
     
    На ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  17. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас не почнав да читам ништо. Малце пауза правам деновиве и плус немав многу време. Чекам од тука што ќе одбереме :)
     
    На ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Тешко мене, ако не спомнеше ти немаше ни да заприметам дека е нова анкетата.
    До утре е гласањето, да им кажеме и на другите, можеби и тие немаат заприметено дека е нова @CameliaMiller @violetblue

    Јас се гњавам повеќе од недела со The song of Achilles, почна интересно арно ама од после се изгубив, не знам кој е кој оти тоа имињата ептен им се тешки за памтење, па треба и да памтам кој на кого е син, брат, татко, братучед, сопруг, љубовник, крал принц :drunk: умов шашма ми се стори :D

    Anyway... дајте нешто интересно да одбереме за читање :)
     
    На violetblue и Mishela им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.241
    Јас се гњавам со Евелин, ептен не е мај кап оф ти.
    Ама ќе ја прочитам.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ја видов анкетата @ane.bella ,ама некако како многу малку време да посветуваме на дискутирање на самата книга, штом прочитаме една веднаш друга и обично ја продискутираме 2-3 члена.
    Плус и некако не ме влечи моментално историска фикција, Пам мислам дека ја имам читано, Хусеини дефинитивно го имам, единствено останува да му дадам шанса на Џоџо Мојес.
     
    На ane.bella и sweet-cherry им се допаѓа ова.