1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Ајде додека дочитуваме, да ги пројдеме прашањава што беа на крајот од книгата ако сакате.
    Ги стави @sweet-cherry малку поназад. Не мора сите, оние за кои имаме нешто да кажеме плус.

    Ќе ми треба компјутер за да се искажам на раат, па го пишувам ова само за да не заборавам да ви спомнам.
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  2. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Вечерва дојде ред да напишам уште нешто за книгава. Од празници, работа и деца неможев да седнам на раат :)

    Од сите мажи на Евелин, мислам дека Хари ја сакаше искрено. Сите бракови и беа од некаква корист, но само Хари се грижеше за нејзините чувства. Можам да кажам дека тој ми беше фаворит. :wasntme:
    Не бев изненадена од никој посебно, само не очекував дека кога Дон ќе почне да ја тепа ќе остане со него.
    Секоја приказна има две страни. Преку книгава ја дознавме таа од Евелин, ама колку вистина има никогаш нема да дознаеме. :?:
    Можеби сочуствував повеќе со неа на почетокот, особено што мораше да се кријат со Селиа. Но тоа што го направи на Моник татко ми, ја замразив скроз. Каков и да сакаш живот живеј, ама да наместиш невини луѓе, поради себичност, да не се расипе твоето име не е во ред. Што ако Моник не беше новинар? Дали и тогаш ќе ја раскажеше приказната на некој друг? Како ќе изиграше Евелин, Моник да имаше друга професија?
    И што ако беше славна и имаше пари, кога последните години од живот ги помина сама.
    Можеви книгава не е по вистински настани, ама сигурно сето ова опишано се случувало и се случува во Холивуд. До каде одат луѓето да креираат перфектна слика за себе, а во позадина се се распаѓа.
     
    Последна измена: 6 мај 2021
    На sweet-cherry, ane.bella, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Хари беше геј така да ја сакаше и се грижеше за неа како пријателка, плус и двајцата имаа и те каква корист од бракот, Евелин да се гледа со Силија, а Хари со маж и. Ја убедуваше Силија дека не треба да се гледаат за да не и се уништи кариерата на Силија, а всушност си се грижеше за својата кариера.
    Да не беше Моник новинар може и немаше ниту да и каже за татко и претпоставувам.
     
    На Skyfall, ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Не знам дали имам јас некој омилен од сопрузите на Евелин, Хари и последниот, братот на Силија не ги ни сфаќав сериозно ради договорот нели. :tmi:
    На моменти, Хари ми беше прекрасен, ама кога вака се обидувам малку подлабоко да навлезам во анализа, мислам дека беше речиси ист како Евелин. Затоа можеби и најдолго опстанаа заедно.

    Инаку, Евелин беше одличен наратор. Навистина уживав додека ги читав деловите кои ги раскажуваше таа. Ми беше flamboyant жена и самата беше свесна за тоа секако, а кога човек збори со самоувереност за што и да е, it shows. И едноставно природно ти доаѓа да се заинтересираш, да се задлабочиш, па макар она раскажувала за компот и зимници, мислам дека ќе слушав и ќе кимав со главата - да, се согласувам Евелин, те молам продолжи. :D

    А исто нтересно беше и тоа што го пишуваа медиумите. Само го потврдија оној исказот дека паричката секогаш има две страни, или тоа дека колку и да мислиме дека сме ископале се за некоја работа, секогаш има уште нешто што не го знаеме и најчесто тоа едно нешто ги менува работите од корен. :)
    На пример, среќни во брак со Хари +10 години, аха, утре сабајле - видовме како уствари беше и медиумите немаа поим за тоа.
    Прекрасни со Дон, прекрасен моќен пар што урива се пред себе, ахам, мало сутра исто...и уште колку само ги имаше примериве низ цела книга.
     
    На sweet-cherry, Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ами од цели 7 сопрузи само првите двајца може да се речи дека и беа буквално сопрузи, другите сите беа ветер во магла. Кој ми беше омилен?:?: Не знам, ако морам да одберам ќе мора да биде меѓу Хари и Роберт (братот на Селија) но сепак Хари. Можи ради тоа што тој си беше тука низ цела приказна, го запознавме по детално, другиве си беа помини замини. Хари си беше нејзината сродна душа.

    Евелин како наратор беше супер, и поверував дека навистина си ја раскажуваше животната приказна, без срам и без влакна на јазикот, само не ми е јасно како памтеше толку многу работи до ситни детали а пример поминале 50 + години :o

    ,,all's well that ends well'' Хмм, мислам дека и сама не си веруваше во ова, бидејќи зажали за некои постапки што ги направи и ради тоа на неколку пати ја изгуби Селија.

    “Heartbreak is a loss. Divorce is a piece of paper.” (y)
    “Be wary of men with something to prove.” ( знам дека е пишано како пример во прашањето, но ми е Favorite)
    “Do yourself a favor and learn to grab life by the balls, dear"


    Анкетата се затвори и пак немаме Winner :D
     
    Последна измена: 6 мај 2021
    На sweet-cherry, Mishela и Skyfall им се допаѓа ова.
  6. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160

    Не оспорувам дека тој брак не беше од корист. И двајцата имаа најголема корист. Мислам дека неговата љубов беше најискрена. Точно беше геј и ја сакаше како пријателка, ама беше искрено.
    Евелин може сакаше да прикаже дека се грижи за кариерите на другите, ама таа самата секогаш беше на прво место. :angel:



    Тоа со медиумите се покажа како не секогаш тие ја знаат целата или вистинската приказна. Или како знаат да ги извртат работите. :D Убав додадок на целата приказна. Добра идеја имала авторката, ми се допадна тој дел.

    Евелин беше родена да биде ѕвезда. :*:
     
    На violetblue, sweet-cherry, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ептен ги завлечкавме книгиве. Сеа со анкетава што правиме? Која следна ја читаме?
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Еве ги оставив двете со два гласа, па помеѓу може да се одлучи до утре.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Јас не успеав да ја најдам Лиса на англиски а на српски најдов некои книги ама не ми делува насловот во превод дека е оваа.
    Ако победи ја има некој пдф?
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Eternal води со 5 гласа.
    И веќе се знае дека таа ќе се чита следна.
    Ајде ставете ја за симнување па да ја почнеме.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ја почнувам вечер :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ја плати $13 за на кинделот?
    Jaс реков ќе ја купам paperback и таман до утре ќе ми стаса, ко ја видов цената ми се крена косата $30, а hardcover $ 17.50 :o um, no Thank you, и сега ќе почекам да ја стават тука девојкиве :)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ќе ја купам на киндле :) Wow, немам проверено колку е paperback :o
    Ако ја прочитам книгата за брзо, а не ми била убава, ја враќам на киндле и ми враќаат парите :D Додека не ме фатат хаха
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Еве ја Eternal во пдф. Не знам каков ќе биде квалитетот...преголем беше фајлот и морав да го компресирам за да го прикачи.

    Јас ќе ја почнам деновиве, па ќе видиме како ќе оди. Се надевам нема да ме утепа со некоја безвезална нарација. :)
     

    Прикачени фајлови:

  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    За Евелин да пишам збор два. Го обожавав начинот на кој што Евелин го раскажуваше својот живот, многу некако сликовито ги доживував тие делови, и мислам дека прилично реално е доловен Холивудскиот живот на познатите пред, и позади сцената. Евелин ми е типичен лик што би згазила се пред себе да дојде до она што го сакаше, што во случајов беше слава и успех. Доцна сфати дека љубовта на Силија вредеше повеќе. Од мажите и јас ги сакав Хари и Роберт. Другите не би ни ги да ги дискутирам. Приказната на Моник некако ми беше како вметната отпосле како начин за да се добие plot-twist во животната сторија на Евелин. Меѓутоа со тоа си ја доби длабочината книгата.

    Ова ми е еден од омилените цитати од книгата

    А од советите овој ми остави впечаток
    Инаку многу ме интересира во филмот кој ќе ја глуми Евелин. Која глумица вие ја замислувате во таа улога?

    Eternal за жал ќе морам да ја скокнам имам 2 колоквиуми нареднава недела, а и прилично многу работа, се надевам ќе успеам да ве дружам за наредната.
     
    На ane.bella, violetblue, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Интересно прашање @sweet-cherry , Прва во глава актерка ми дојде Sofia Vergara од Modern Family серијата.
     
    На Skyfall, ane.bella, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    И јас размислував за ова, не ми текнуваше ниту една актерка. Откако го прочитав твоево мислење, од глава не ми излегува Вергара, совршена за улогата навистина. :l:
     
    На Skyfall, ane.bella, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека Ева Мендес е совршена за да ја глуми Евелин, Вергара не можам да ја замислам во таа улога нај многу ради нејзиниот ептен strong акцент и плус цела е облини, а Евелин е опишана со големи гради а надолу рамна и без задник. Мендес е по рамна за разлика од Софиа :)

    А додека ја читав книгата цело време ја замислував Евелин како млада Вирџинија Мадсен ( баш како што личи во Кенди мен) а допирни точки немаат, Вирџинија е многу бела со плави очи ептен спротивна од Евелин, ама ете таква ми се вртеше низ глава :D
     
    На Skyfall, sweet-cherry, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.229
    Аман за аман ја прочитав Евелин.

    Можеби затоа што не ме интересираат славни и нивни животи, може затоа што филмови па ич не ме интересираат, не знам, 80% бев idgaf искрено. Така се чувствувам и према неизмислени холивудски ѕвезди, пејачи, општо, славни личности.

    Многу понебитни луѓе од Евелин прават што и Евелин, од местење на други луѓе за своја корист, од бракови кои се лажни од милион причини, меѓу кои и лезбејка со геј, просто немаше ништо спектакуларно.

    Крајот.. мех.

    Не знам ни што да кажам за книгава, тотално не беше my cup of tea. Двојка, едвај.
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.229
    И јас го зачував првиот цитат.
    Веројатно најинтересното нешто во цела книга.
     
    На Skyfall, ane.bella и sweet-cherry им се допаѓа ова.