1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Јас немам проблем со оставање на книга. Сум се мачела некогаш, ама никоја до крајот не ми го променила мислењето до толку да си речам среќа што ја дочитав. Секогаш било исто како што сум очекувала. Затоа сега не се мачам, ако не бива, не бива, знам дека нема ни да ја биде.

    Не се сеќавам на приказната, ама на чувството да, на тоа дека беше одлична. Еве ѕирнав кратката соржина и веднаш се потсетив, такво потсетување ми доаѓа само од книги што толку ми се допаднале.
    Е сега, различни вкусови.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ја прочитав и јас Етернал, и единствена замерка имам за описите детални на све и свашта Немало потреба од толку страници и толку детали. Сите тројца ми беа убаво склопени мене, без Елизабета некако немаше толку да дојде до израз поврзаноста и пријателството помеѓу Марко и Сандро. Елизабета им беше како сврзник на двете приказни на Марко и Сандро. Крајот ми беше така ептен жален и ме погоди целата таа суровост на војната и неправдите спрема Евреите.
    Не знам дали сум грешка ама мислам дека има филм по книгата Вода за слонови или?
     
    На Skyfall, CameliaMiller, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Зашто сме бре такви, не ми е јасно. Ама еј, теши се еве јас се решив да оставам и немам грижа на совест. Wow, ни мене не ми се верува дека ова се случи. :D

    Таман си, има филм со Роберт Патинсон и Рис Витерспун. Скоро го даваа некаде на ТВ-програмите, ама си реков чекај прво книгата да ја прочитам па после ќе гледам.
     
    На Skyfall, CameliaMiller, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав Influenced, до 15 посто стигнав, ми се допаѓа до сега, брзо се движи некако.
     
    На Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Од книга што за малку ќе ја шутнев на крај ми испадна убава книга која за жал е многу развлечена и пре обработена. 3 пати менувам мислење за крајната оценка, прво и ставив 3.75 па ја намалив на 3.50 но некако не ми даваше срце да ја ставам на исто рамниште со Goodnight beautiful и со Firekeeper's daughter, знам дека не се ни од исти жанрови но убаво се сеќавам дека овие две ми беа толку замарачки што кога ќе прекинев со читање тешко се натерував да продолжам, а оваа и кога не ја читав ја мислев и едвај чекав да продолжам со читање, и на крај решив дека конечна оцена ќе и биде 3.75 :nod:

    Елизабета не ми беше досадна ниту пак ме нервираше и се согласувам со @violetblue дека баш преку неа ја видовме блискоста на Марко и Сандро, но од друга страна пак мислам дека не требаше таа да е главната личност на книгата, повеќе ќе одговараше да е Марко или Сандро.

    Пред крајот ми беше ептен брутален, покрај сестра му можеше и мајката на Сандро да преживее.

    @Mishela во нај кратки црти:
    - Таткото на синот од Елизабета е Сандро, го носи името на татко му Алесандро и на кратко го викаат Сандро.
    - На крај Елизабета се мажи за Марко, Марко го прифаќа синот како да е негов, и со Елизабета имаат уште една керка.
    - На почетокот нели татковците на Сандро и Марко беа хард кор фашисти, но откако дојдоа нацистите и почнаа да се изживуваат со евреите многу нешта се сменија, Марко и татко му Бепе се бореа со партизаните против нацистите. Сите евреи од гетото ги однесоа во логор, вклучувајќи ги Сандро и татко му Масимо, а мајка му и сестра му " се спасија" оти во моментот беа во болница.
    - Марко и Елизабета заминаа по Сандро и Масимо да ги спасат од логорот, Масимо нема да може да бега со нив оти му е повредена ногата и само Сандро ќе го " спасат" но само на кратко. Кога ќе стигнат на железничка за да си одат дома ќе има и наци војници, Сандро го фаќа паника, овие ќе препознаат, Марко ќе сака да пука во нив а тие во него, и во рој момент Сандро ќе скокне пред куршумот што е намемет за Марко и така Сандро умира. Елизабета и Марко мора да бегаат и ќе го остават телото од Сандро тука на железничката.
    - Ден пред тоа беа убиени и мајката на Сандро и таткото на Марко.

    Ја искасапив цела приказна но горе долу тоа е тоа. Девојки дополнете со уште нешто важно ако пропуштив.

    Јас почнав Black sun да ја читам, ми фалеше една добра фантазија книга, за сега ми е многу интересна, ќе видиме за понатаму.
    Ако ја прочитам на време сигурно ќе ви се придружам во наредната книга што ќе се избере, а ако не во наредната сигурно во таа по неа.
     
    На Skyfall, CameliaMiller, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    @Mishela епа го имам гледано филмот пред некое време го начекав на некоја програма, мислам дека не би ми била сега книгата интересна.
    Епа да стави @RainBow анкета да гласаме?

    Се извинувам не видов имало анкета за гласање, јас по насловот на темата гледав
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Во спојчер ќе ја раскажам во кратки црти книгава, ако нешто сум заборавила @CameliaMiller i @ane.bella дополнете :)

    Не ме бива многу за раскажување. Пишувам со прекини цел ден :D Се надевам дека ќе разберете нешто
    Прологот на книгата е како Елизабета го чека 13- годишниот син да му соопшти кој бил вистинскиот татко. Овоа беше некаде 1958 мислам.
    Потоа се враќа околу 1937-8 година кога Елизабета, Сандро и Марко се околу 16тина години. Тие се најдобри пријатели. Елизабета е заљубена во Марко, ама не му го покажува тоа. Додека седи на ливадата после школо доаѓа Сандро и ја бакнува. Збунета не знае што да прави кој да го одбере :D
    Фамилијата на Сандро се Евреи. Татко му е фашист и адвокат, мајка му е гинеколог, а има и постара сестра Роса.
    Татко му на Марко бил велосипедист и сега има бар, тој исто така е фашист и се најдобри пријатели со Масимо, таткото ма Сандро. Мајка му Мариа работи во кујната на барот. Најстариот брат Емедио е свештеник, а средниот брат Алдо исто е велосипедист. Татко и на Елизабета е пијаница. Порано бил сликар, ама поради незгода ги скршил прстите и веќе неможе да слика. Мајка и е професорка по музичко. Ја има само на почетокот. Еден ден кога Елизабета ќе си дојде од училиште мајка и си заминува.
    Елизабета работи како келнерка во еден ресторант. Газдарицата, Нона ќе се приврзе многу за неа и ќе се грижи како за своја ќерка. Таа сака да пишува статии во весник, ама после еден инцидент во ресторанот со татко и ќе престане да пишува. Татко и ќе почине поради оштетување на црниот дроб, а Елизабета ќе се пресели кај Нона да живее.
    Сандро има талент за математика. Дополнително посетува часови на универзитот.
    Марко неможе да чита и пишува, но се срами да го каже тоа. После еден говор во барот на татко му, го вработуваат како асистент во Партијата на Мусолини.
    Брат му Алдо е антифашист и ќе го фатат и убијат додека пренесува пиштоли.
    Сандро и Марко сфаќаат и дека двајцата ја сакаат Елизабета и почнуваат да излегуваат на состаноци со неа. Таа треба да одбере еден од нив двајцата.
    Мусолини создава Race Laws за Евреите што им се ограничуваат многу работи. Сестра му на Сандро, Роса се сели во Англија и се мажи со Англичанец. Се обидува да ги натера и другите да се преселат, но никој не сака да го напушти Рим. Мајка му и татко му на Сандро ги губат работните места, ќе мора да се преселат од куќата каде што живеат и мора да продадат се што имаат за да преживеат.
    Ни фамилијата на Сандро, ни на Марко не им дозволуваат да бидат со Елизабета. На Сандро бидејќи не е Еврејка. А на Марко бидејќи татко му имал афера со мајка и на Елизабета.
    Елизабета го одбира Сандро, но тој ја одбива бидејќи неможе да и приушти добар живот. Почнуваат Елизабета и Марко да излегуваат и тој ја бара за жена. Таа е неодлучна и го зима прстенот да размисли. На денот на роденденот е спремна да каже да, но дознава дека фашисти му ги искршиле прстите.
    Марко се “освестува” дека фашистите прават многу грешни работи и му се придржува на татко му и партизаните. Тие им помагаат Сандро и семејството за храна и пари.
    Таму некој си Германски офицер им бараше 50кг злато мислам на Евреите за да ги остави да живеат во Гетото. Тие успеваат да соберат и среќни дека ќе бидат ослободени.
    Роса се разболува и остануваат со мајка и во болница. Таа вечер Германците влегуваат во Гетото и ги собираат сите Евреи да ги носат во камп. Претходната вечер Сандро и Елизабета ќе завршат заедно (Елизабета останува бремена). Во болницТа ги заштитуваат Роса и Гена. Марко и Бепе се обидуваат да им помогнат на Сандро и Масимо ама не успеваат. Гена излегува од болницата и завршува кај Марко дома. Елизабета исто отиде накај Гетото да го побара Сандро.
    Таа смислува план како да му помогне на Сандро. Еден од офицерите руча во нејзиниот ресторант и таа оди кај него да му побара услуга. Кога таа, Марко и Бепе се враќаат дома, двајца од фашистите ги фатиле Гена и Мариа. Ја убиваат Гена. Се борат Марко и Бепе со нив, ги убиваат, ама умира и Бепе.
    Сандро и Масимо ги носат во камп. Елизабета и Марко одат да ги доасат. Успеваат само Сандро. Но, на железничката станица ги сретнуваат двајца Нази војници. Пукаат накај Марко, ама Сандро задрамува пред него. Го оставаат Сандро на железничката, а тие се враќаат во Рим.
    Кога се враќаат Марко повторно и предлага на Елизбета да се земат и дека тој знае дека е бремена и ќе се грижи како за свое дете. Прават свадба, сите се среќни, bittersweet момент. Им се раѓа син, му го даваат името Алесандро како татко му.
    Роса се враќа во Англија со Давид и имаат деца.
    Марко и Елизабета имаат уште една ќерка. Елизабета напиша книга и кога ја заврши книгата, му ја раскажа целата приказна на синот и и кој му е татко.
    Пред тоа заборавив да споменам додека Елизабета живееше со Нона и ноќта кога ја заврши книгата и сакаше да и ја покаже, ја наоѓа мртва во кревет.
     
    На CameliaMiller, ane.bella, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Супер си ја раскажа Браво, јас погоре ја искасапив :lol:
    Само мала поправка околу имињата, на старата името и беше Џузепина или нешто слично а Елизабета ја викаше Нона демек бабо, а мајката на Сандро се викаше Џема. :)

    П.с. книгата има цели 143 поглавја :o што е многу многу е, никогаш не сум читала книга со толку многу поглавја.
     
    На Skyfall, CameliaMiller, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Колку беа сите верни на партијата на почетокот. Кога Роза им велеше да емигрираат на време Масимо и Гема (Џема) беа одлучни дека Мусолини нема да ги изневери демек фашисти од прв ден на партијата се. А колку само ќе беше поинаку тогаш да ја послушаа. И Марко и Бепе колку беа разочарани од Алдо дека работел против партијата. За на крај партијата да им го уништи животот на сите.
     
    На Skyfall, ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Гласав за TFND ама гледам мнозинство сте за Influenced, да ја довршам The kite runner и таа ќе ја почнам.
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Да, уште од почетокот единствен што беше во право беше Алдо и за жал прв беше убијан, а на татко му му требаше цела една војна да му го смени мислењето и да му прости на Алдо.

    И јас тоа си мислев, само да ја послушаа Роса сите ќе се спасеа, но не и тие ептен беа заслепени, партијата им беше на прво место.
     
    На CameliaMiller, violetblue и Skyfall им се допаѓа ова.
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Да ја опишела Елизабета поинаку, да имаше некои подобри карактеристики може повеќе ќе ми се допаднеше. Ми беше многу млитава. Точно е дека преку неа најмногу се покажа вистинското пријателство на Сандро и Марко. Ама пак ми фалеше нешто плус кај неа.

    Партијата ептен им го уништи животот. Толку доверба и восхит за нешто што на крај им ги растури фамилиите. Алдо беше најголем предавник според Бепе, долго време му требаше да сфати дека не бил виновен.
    Им се пружија неколку шанси да се спасат. Можеа да побегнат, или Ватикан да ги скрие под друг идентитет. Беа премногу горди да ја напуштат заедницата. Особено Масимо и Гема, се чуствуваа од голема корист.
    Го заборавив иметo, мислам дека беше Раби, кога им кажуваше на Масимо и двајца главни (ги заборавив и нивните имиња) на Синагогата да ги уништат документите за сите Евреи колку беа против. Да го послушаа само и него.
    Имаа доверба во погрешните работи и луѓе.
     
    На CameliaMiller, violetblue и ane.bella им се допаѓа ова.
  13. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Да, различни вкусови. Ама некогаш зависи и во кој период од животот ја читаш :) Може да ја прочитам уште еднаш ќе ми се смени мислење.


    Ја симнувам и ја Influenced, ќе пробам да ја почнам вечер.
     
    На CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.
  14. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @ane.bella ја има на kindle unlimited книгата :)

    се извинувам на три мислења по ред.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Немам unlimited ама не е проблем и киндл верзија е само 99 центи.
    Само прво да ја завршам мојата што ја почнав, па ако уште се чита истата тогаш ќе ја сметнам.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Ќе ја прикачам јас, да седнам на лаптоп само.
     
    На CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Реин ако ја имаш прикачи ја, јас не можев да ја најдам. Ама и да ја нема пиратска, 0,99$ е, багатела :)
    SmartSelect_20210518-005341_Kindle.jpg
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    И јас не можам да ја најдам, само на mobilism ја има ама антивирусот ми се шекнува и не можам да симнам.
    Ќе си ја купам штом има ваква цена, ко за без пари.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.699
    Пол:
    Женски
    Упс. сосема заборавив да ја прикачам.
    @Mishela ja симнав јас од моби, не ми даваше некакви вируси.
    Ја почнавте?
     

    Прикачени фајлови:

    На Skyfall и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Да ја завршам The kite runner и ја почнувам.

    Конечно најдов книга за ugly tears да си поплачам.
     
    На Sky-butterfly, Skyfall, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.