1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.718
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав вчера, во еден ден, навистина брзо се чита.
    Ама ќе се придружам на @Mishela во мрчењето.
    И мислам дека ваквиве книги треба да ги читаме одделно, поентава на клубот беше да има нешто за кое ќе се дискутира, а овие книги не оставаат многу простор за тоа.

    Јас ја дочитав и книгата од Џон Бојн, е тоа е книга за дискутирање, полна со морални дилеми...
    Затоа ја ставам предлог The absolutist пак, од него, едноставно раскажувањето му има нешто посебно.

    It is September 1919: twenty-one-year-old Tristan Sadler takes a train from London to Norwich to deliver a package of letters to the sister of Will Bancroft, the man he fought alongside during the Great War.

    But the letters are not the real reason for Tristan's visit. He can no longer keep a secret and has finally found the courage to unburden himself of it. As Tristan recounts the horrific details of what to him became a senseless war, he also speaks of his friendship with Will - from their first meeting on the training grounds at Aldershot to their farewell in the trenches of northern France. The intensity of their bond brought Tristan happiness and self-discovery as well as confusion and unbearable pain.

    The Absolutist is a masterful tale of passion, jealousy, heroism, and betrayal set in one of the most gruesome trenches of France during World War I. This novel will keep readers on the edge of their seats until its most extraordinary and unexpected conclusion, and will stay with them long after they've turned the last page.
     
    На violetblue и Skyfall им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Па и не мора сите книги да ги дискутираме со којзнае какви длабоки дискусии. Колку понуди самата книга, толку. Не е баш дека и нема што да се збори за оваа, се наоѓаат нешта за кои ќе се залепи дискусија, тоа што ликовите се еднодимензионални си е башка.

    Јас а и веројатно повеќето, немам време ни овие што ги тераме да ги дочитам, не па и да копаме сега стриктно некои книги што ќе понудат нешто повеќе.
    Спонтано е најубаво, кој какви си нашол ќе предлагаме и ќе се улови нешто.
    Секако дека букклаб материјал книги се добредојдени, ама мислам дека не е страшно и ако улетаат вакви тралалајки.
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.718
    Пол:
    Женски
    Не дека треба секоја дискусија да е таква, ама барем да има дискусија. Ние две реченици и толку, нема ни што да се каже нешто особено.
     
    На Skyfall и violetblue им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Па не гледам проблем и во тоа, таква се погодила книгата и завршена приказна. Следната што ќе се чита може ќе биде поразлична.
     
    На Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Се согласувам со @RainBow ,последниве неколку книги ни две реченици дискусија не развиваат. Повеќе пишуваме за да одбереме книга одколку за самата книга.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Сепак не можеме да предвидиме каква ќе испадне некоја книга.

    Џулијан на пример, авторкава што ја читаме, има прекрасни книги, полни со проникливи ликови и нудела многу прашања за мозгање. Оваа книга и е исклучок, набрзина склопена ко да не е без ич, да не ја пројде годината без да издаде книга.
    Така што, на крај сеедно испаѓа у кој куп на книги ќе копаме за да се најде убава книга по сите прописи.
     
    На CameliaMiller, Skyfall и ane.bella им се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Додека не ја зачитаме книгата нема да знаеме колкава е тежината на содржината, плус секој различно ја доживува секоја книга.
    Тука сме собрани едно мало друштво со различен вкус на книги, ама for the sake of the клубот се прилагодуваме и читаме што и да се одбере. Е сега мора да се биде фер спрема сите и за да не стане монотоно убаво е да прошараме по различни жанрови.
    Сами сме сведоци дека и од книги и автори што очекувавме многу на крај испаднаа мехх.. и немало ништо посебно да се каже.
    Јас уште на почетокот пишав дека многу не ми оди со пишување ревјуа, нормално имам свое мислење но многу ми е тешко да го опишам, усно ми е лесно да се изјаснам но да го напишам ете не можам :$

    БТВ ја завршив книгата :)
     
    На CameliaMiller, Mishela и Skyfall им се допаѓа ова.
  8. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Се согласувам дека за книгава нема што да се дискутира. Баш кога ја завршив го помислив тоа. Ама една е, не сите книги што ги одбираме се вакви. Понекогаш е добро да смениме на нешто полесно. Сепак сите читаме и надвор од клубов. Немора сите книги тука да се со некоја "тешка" содржина.
    Не дека сум многу долго тука, ама прочитав некои книги кои јас сама не би ги одбрала.

    Да продолжиме како што сме, супер тераме според мене.

    Гледам кога одбирам книги да биде некоја содржина што може да ја продискутираме, ама колку пати и содржината те примамува а книгата е катастрофална.

    Значи @Mishela остана уште ти да ја дочиташ книгата :)
    Некој друг уште чита ли? @CameliaMiller @sweet-cherry ?
     
    На CameliaMiller, ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Да да, до кај 60% сум и ќе гледам да ја завршам колку што можам поскоро. Многу запнувам кај поглавјата на Лилијан. Оваа па целата се расплинува и поглавјава се километарски, па и раскажувањето во трето лице ме доотепаа. |(

    И јас мислам дека треба да си продолжиме спонтано како и досега и со што повеќе различни жанрови. Голема работа што последните две книги не биле ко што треба, ние пак на крај си збориме и баш ни е фино, така треба и да биде пред се.
    И да е кратко и да е долго, сеедно е се додека нас ни оди муабетот и се забавуваме. Дали ќе биде книга што ќе ми остане длабоко во сеќавање или некоја на која ќе вртам очи, тотално ми е небитно.

    За мене не постои книга од која не може да се извлече каква било дискусија, колку и да е без поента книгата, колку и да се недоделкани ликовите или нешто друго во книгата, ќе си кажеш што не ти се допаднало и пак и тоа е нешто што ќе допринесе да си збориме.
    Едноставно, од краткиот опис, па нека е ете и ослонувањето на претходни книги од одредени автори како у случајов што ни е сега, не е возможно да се предвиди каква ќе биде некоја книга и дали ќе понуди нешто повеќе, па мене и тоа ми има некоја своја чудна убавина.
     
    На CameliaMiller, ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Ја немам ни почнато, уште ја читам претходната :D
     
    На ane.bella и Skyfall им се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Јас некое време ве немам дружено малку напорен период имам, ама уште една недела и ќе се ослободам колку толку од обврски па веројатно ќе ве стигнам за следната :)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.143
    Пол:
    Женски
    Па да ти кажам, не знам ни дали ти е паметно да ја почнуваш оваа воопшто. Јас би размислила, поготово ако ти е безвеза таа што ја читаш во моментов, не сум во тек која од вас што чита. Не мора ни да го земеш предвид коментаров, ама има далеку подобри книги од авторкава. :D

    Ја завршив јас синоќа. Ќе пишам во спојлер за ако Камелија се реши да чита да не ѝ спојлам. Нема да сум тука неделава па затоа ќе си го споделам впечатокот од книгава сега и ќе видам како ќе стојам со времето за читање, има време до тогаш.
    Не гледам поента да ја раскажувам содржината, читавме, видовме.
    Мене многу ми се допаѓаат фамилијарни драми, ова ми беше баш таква книга и се чудам просто како ја ставиле книгава во историска фикција. Сè освен тоа е значи, мистерија, драма, романса, чик-лит, вум-лит, ју нејм ит. Ама добро ајде, поминав преку тоа зашто не беше ни битно.

    Почетокот беше навистина фантастичен, првите неколку поглавја беа прекрасни. Женска на прагот на триесеттите дознава дека татко ѝ кој не го ни познавала ѝ оставил наследство, па тука семејни тајни дрн-дрн. Одењето во Италија, средбата со адвокатот. Ми имаше некое интересно градење приказната. И тоа траеше до тука. Зашто и немаше ништо повеќе, нула бодови.

    Ликот на Фиона нуладимензионален, другите исто. Раскажувањето во прво лице си беше супер и еве се чудам зошто форматот беше таков и зошто авториве во последно време само трупаат додатни ликови за да има различни POVs, а во исто време, ова никако не придонесува за јас како читател да ги разберам ликовиве, да ги сфатам, да го видам нивниот пат, нивното надоградување како личности. На сите по ред им фалеше така, како да кажам, малку да ја разбрануваат, да ја разбудат спиритуалната страна. :D
    Ептен беа Семе Синапово материјал. Лилијан ли, Слоун ли, Марија, Антон, Фреди, еден саглам лик немаше. Само чепнати, ставени на хартија и толку. Логика слабо у тоа главите им.

    Форматот навистина ми сметаше, ако нешто повеќе мразам од вмешување на повеќе страни во една книга, тоа е менување на раскажувањето од прво во трето лице наизменично. Еднава од блиску да ја доживееме, другава 2 метри подалеку, социјална дистанца. |(
    Лична преференца е тоа, но во книгава не беше потребно. Мислам дека сто пати подобро ќе беше ако Лилијан и Фиона си ги делеа некако поглавјава, дали писмата да беа преточени во поглавјата на Лилијан не знам, нешто поразлично од ова. Зашто Слоун еве никако не допринесе за ништо. И без нејзините поглавја, пак ќе беше иста книгата. Тоа би било баш така безбедна зона, и иако веќе милион пати видено во други книги, сметам дека ќе оставеше далеку подобар впечаток. Но добро, ниту сум автор, ниту сум уредник, па и со тоа се помирив. За разлика од ликовиве, најпомирена со сè испаднав изгледа.

    Возрасните исто толку незрели, себични, гадни како и потомциве, крушите навистина не паднале подалеку од стеблото.
    Како прво, каков husband material видела Лилијан во Фреди еве не знам, не ми е јасно. Џаболебар од првиот ден, он романот ќе го пишува, ќе изведува бесни глисти и ќе ги брка соништата а немаат леб да јадат, ооок. Битно познат и славен ќе станува, а жената безрезервна поддршка се разбира, како поинаку. :^)
    Да одам некаде на сезонска работа со маж ми и само јас да работам а он да собира инспирација за книгата несудена и ненапишана, па и да си го фати патот во Париз за да ја донапише книгата оти нели не му беа доволно широки Тосканските полиња. Па ќе го запалам сосе машина за пишување бе па, не да го тапшам по рамо и да му викам земи си колку време и да ти треба миличок.

    Без врска ми беше браков меѓу Лилијан и Фреди, врскава со Антон не ја ни коментирам. Исто и тоа што Фреди ја знаел „тајната“ цело време ич не ме изненади, само ми немаше поента. Единствена поука од книгава е тоа да имаш храброст да пресечеш, а не да игнорираш и да се правиш дека сè си е во ред, лабавко, супер еве прекрасно, а бракот мртов од сам старт.

    Единствен „шок“ ми беше тоа што не остана инвалид кога направија сообраќајка тогаш кога прв пат стигнаа во Италија. Моја претпоставка беше дека тогаш се случила несреќата, па додека се опоравувал Лилијан се зближила со Антон и имале грижа на совест потоа па затоа богатството отиде кај Фиона. Ова испадна бетер шпанска серија, на која и самата Лусинда Рајли како кралица на ваквите семејни саги може да им позавиди. И да научи некоја нова финта, секако.

    И последно, а исто толку важно, можеби и најважно - ич немав чувство дека се наоѓаме во Италија, ич. И за тоа нула бодови. Кога прочитав винарија, очекував бесконечни винови лози, газење со мокри боси стапалца по ровката земја додека се пикаат низ виновите лози. Па нешто повеќе околу процесот, околу винските сорти, нешто подлабоко, нешто што бара посериозно истражување на таа тема. Нафрлани некои поими како сомелиер, дегустација, дрн-дрн и толку.

    Еден поен за крајот, зашто Џулијан не ја доутепа книгава со некоја вртоглава љубовна приказна за Фиона и ја оставија таква каква што е, не буричкаше по нејзиниот љубовен статус по секоја цена. Да се случеше нешто вакво, ќе ставев една ѕвездичка без двоумење. Вака си доби :*::*: и така.

    Е така, си ја искажав маката и можам конечно да си го исклучам компјутеров на раат денес. И така дечки.

    Пак ќе кажам, авторкава пишува прекрасно и се чудам, на крај памет не ми беше дека вака ќе се изненадам баш со оваа книга. Како да ѝ е прва книга, како да не ја читав истата авторка.

    Како студентка имам читано две од серијалот за хајлендерс, ептен ми се допаднаа. Сега може и нема да ми бидат ништо посебно, ама ептен ми беа dreamy тогаш па кој сака историска романса (значи љубовни приказни, лоцирани во средновековна Шкотска), не им се мислете. Баш се книги за на плажа.
    A fire sparkling исто солидна историска драма. Со оваа или била пијана па од тука темава за винарија, или некоја грешка во системот ѝ се десила, друго објаснување немам. :worried:
     
    На CameliaMiller, RainBow, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Мене прво што ми падна во очи беше како одма прифати да оди во Италија бидејќи таму некој што не го знае и оставил наследство. Тој момент ми беше wtf, чекај малку, истражи, види што е работата. Не, одма купи билет и отиде. :^)
    Фреди беше најсебичниот човек. Си свиркаше тој по цел ден, гајле му беше дека жена му работеше. Живееше во иднината дека ќе заработи многу пари кога ќе го издаде романот. А тоа беше едно големо Ако. Имаше човекот mommy issues, не дека толку беше заљубен во Лилијан, колку што не сакаше да остане сам.
    Лилијан пак на смртна постела и кажува на ќерка си дека има друг татко и ја остава на цедило. Што постигна со тоа не знам. Да и ја кажеше целата вистина, можеби Фиона и Антон би се запознале порано.
    Тука го обвинувам и Фреди. Знаеш дека не е твоја ќерка, ама гледаш дека сепак те сака, кажи и ја вистината. На крај пак го остави и замина во Италија.
    И нели сите и викаа на Фиона дека личи многу на Антон. Сигурно и Лилијан го гледала Антон во неа. Зар и Фреди не би сфатил дека не е негова ќерка, па и рече не му кажувај на татко ти.
    Слоун, требаше татко и да почине пак да сфати што се е погрешно во нејзиниот живот и да обиде да се смени.
    За Антон не знам што да кажам. Првиот впечаток од шоферот негов ми беше дека бил многу лош човек. Од приказната за Лилијан добив поинаква слика. Можеби требаше да обрне повеќе внимание на него, некој епилог или нешто да ни го престави повеќе.
    Во вакви приказни секогаш се вплеткува и некоја љубовна приказна. Мило ми е мене што ја одмина кај Фиона, ќе беше тоа too much.
    Друг момент, клучот во сефот оставен без никакво објаснување. Мистерија голема :D Можел некое писменце да и остави со клучот.

    Од друга страна многу ми беа убави тие моменти кога седеа на маса и опишана храната и виното. Лиги ми течеа, посакував и јас да сум таму да уживам на разноврсната храна и вино. :angel:
    Ептен лесна и брза книга за читање.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Уште на почеток сфатив во кој правец ќе оди книгата, "мистериозната" врска на мајка и со Антон, Фреди на почеток ептен добар, разбран, различен од сите други тепачи, за после да испадне дека и Фреди не беше толку совршен.
    Беше јасно како ден дека прво Конор и Слоун нема да ја прифатат, дека Конор ќе си остане асхол до крај , а Слоун на крај ќе сфати дека Фиона е многу добра и приземна личност и ќе се зближи со неа.

    Бев грешка само во тоа што помислив дека книгата ќе биде фокусирана повеќе на Фиона, и дека ќе си најди некој италијанец ( на пример шоферот Марко ) сапуница :D и ќе се задржи повеќе на таа љубовна приказна, но ете не испадна така.
    И исто како @Mishela мислев дека Фреди во првата сообраќајка ќе настрада, и додека го читав тој дел помислев дека типот што ги издува со колата е Антон, но не, тој тука ги спаси.

    Кога ќе помислам на Тоскани, вино љубов, секогаш ми се вртат слики од филмовите A walk in the clouds и Stealing Beauty, е тоа е Тоскани тоа е Италија што сакам да ја видам и да ја доживеам еден ден, Џулиан не ми го долови тој вајб. Се на се имаше недостаток во описите и со ликовите и местото.

    Но и покрај тоа што имаше доста моменти на превртување очи мене некако ми легна книгава. Дали дека подолго време чекав да читнам нешто лесно, релаксирачко и предвидливо, не знам што беше но стварно уживав додека читав.
    Еден голем минус и за пре долгите поглавја.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Леле не, добро е што не се случи тоа :D и мене ми се сврте таа идеја, ама како тераше книгата добро е што не чепна ништо љубовно со Фиона.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    :D:D
    Ама вака си замислував уште пред да ја почнам книгата, кога имав прочитано само мала содржина. Добро ај и во првите неколку поглавја.
    Кога Марко ја зеде од аеродром и одма некако му тргна муабетот, си реков аха ете го дечкото :lol: ( овде уште не знаев дека главна љубовна драма ќе биде аферата на мајка и)
    Но Да и јас се согласувам дека ќе беше многу ако покрај љубовните авантури на Лилијан и Антон да имаше вметнато и споредна љубовна драма и со Фиона.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.718
    Пол:
    Женски
    Се согласувам сосема со Мишела за книгава. Ја имам читано само A fire sparkling од истава, ама нема споредба. Ова беше само една бледа романса и ништо повеќе за мене. Премногу коинциденции, едноставно крајно неуверлива книга.
    Ликовите крајно еднодимензионални, си имаа сите однапред определено во кој стереотип ќе спаѓаат и тоа беше тоа, никакво помрднување немаше. Не знам поглавјата за Слоун што бараа во книгава, немаа апсолутно никаква поента. Книгава немаше никаква поента.
    Оваа ми беше една од оние што ги читаш и после се каеш за потрошеното време. Ја затвораш и сфаќаш дека си останал со едно големо ништо. Не ни уживав воопшто додека ја читав, не беше од оние пријатни лесни книги.

    За следна книга што правиме?
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Зедов да читам книга од 600+ страни, наредната што ќе се чита тука изгледа ќе ја скокнам.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Јас немам некој предлог. Ниедна книга не ми фаќа око.
    Ако сте за, да ја читаме од @RainBow предлогот.
     
  20. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Тишина во темава….. 8-|(waiting)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.