Мене оваа книга некако не ми фати око, не ни пробав да ја најдам. Не знам што ми се чита, во некое сиво расположение сум, сакам трилер или мистерија па се мислам да ја почнам оваа. Ме привлече содржината, еве линк да прочитате: https://www.goodreads.com/book/show/38589787-resin?ac=1&from_search=true&qid=rN4TRAMfuM&rank=1
Оф, книгава…. Една 2ка од мене ама не знам дали е и за толку. Одма ги поврзав работите, немаше некој wow ефект. Никаков ефект врз мене немаше. Веќе почнав да превртувам очи, ја дочитав само да не смени нешто на крај. Spoiler Толку нелогичности имаше. Како сите детективи испаднаа, одма се откри кој ја купил куќата. Зар мислеа дека ќе можат да скријат за несреќата со тоа што ќе ги преселат во друга населба. Нели потпишаа NDA. И пак и кажа на Либи за како починал мажот и. И Савана, дали и еден месец го знаеше Логан, и одма му кажа за видеото.
Се согласувам со тебе не беше нешто посебно, ама сум читала и далеку полоши книги. Ситуацијата е баш за размислување дали би постапиле исто како Савана и Холи или би оставиле на полицијата.
Тешко прашање. Си го помислив додека ја читав книгата. Да живееме во совршен свет, се разбира полиција. Ама не живееме во таков. Како и во книгава, вистината кога тогаш ќе испадне на виделина. Ама не очекував синот толкав психопат да испадне.
Па може и немаше да испадне на виделина ако Холи и Савана не се каеа за договорот. Ако тоа го сфатеа како еден вид исплата на штета што секако би им следувала. Савана на крај ме разочара многу што го покажа видеото. Исто и таткото на Логан беше во ептен шах мат позиција, да ти каже детето дека згазил човек и да мора да го покриваш или да го пријавиш. Само од овие аспекти ми се допадна книгата.
Не би сакала да се најдам во позиција на таткото на Логан. Савана во многу ситуации се покажа зрела, ама кога му кажа на Логан за видеото беше многу детинесто.
Викендов почнав една друга јас, да ја завршам (до пола сум) па за некој ден планирам да ја фатам Resin.
Ја прочитав Resin, едвај. Повеќе пати бев во искушение да ја оставам. Скандинавски автори да, ама ова ми беше разочарување. Spoiler Многу монотоно дејство,никаква кулуминација немаше книгата, како една рамна линија. Не ја сфатив баш поентата на тоа што Лив си зборуваше со Карл. Родителите беа толку одбивни карактери, толку слаби. Мило ми беше што Лив се спаси, ама ми изгледаше на крајот дека на некој начин ќе оди по стапките на татко и.
Јас ни оваа не успеав да ја почнам. Нешто не ми одат книгиве периодов па ќе паузирам малку со серии, филмови. Зимски сон.
Ајде да ја читаме They never learn https://www.goodreads.com/book/show/50892240-they-never-learn На јутуб овие што ги следам сите високо ја оценуваат а и на гудридс има оцена 4.1