Ја завршив книгата. Интересна, една 4ка од мене. Брзо се чита. Има примеси на How to get away with murder. Spoiler Не очекував дека се работи за иста личност. Колку и да убиваше мажи што го заслужиле тоа, сепак мислам дека не е нејзина одлука. На крај заврши со психолог што ја подржи да продолжи да убива. Колку треба да си спремен, да испланираш се до детал, да помине како самоубиство.
И јас ја завршив книгава. Мило ми е што зедов да ја читам без да знам скоро па ништо за содржината. @Skyfall дури на крајот видов зошто велиш дека ти е како How to get away with a murder, јас пак уште од прв чаптер реков дека оваа Скарлт е женска верзија од Декстер Spoiler: кратка содржина Во книгата следиме 2 POV едното е од страна на Скарлет која е професор по англиски на колеџ во Пенсилвенија и Скарлет е и сериски убиец, убива само мажи кои се насилници/силеџии, демначи итн, криминалци кои прават лоши работи на жени а не се осудени, едноставно таа им пресудува. Другото ПОВ е од Карли која е прва година на истиот колеџ каде што Скарлет е професор, интровертна, чудна повлечена девојка која доаѓа од дисфункцијално семејство. Карли со тек на време развива чувства кон нејзината цимерка која за разлика од неа е многу по откачена, по оутгоинг ама и малце "лесна" во моментов не ми иди по соодветен збор за опишување, плус со нив се дружи и Вес другар на Алисон(цимерката) уште од основно училиште, Вес е нешто како карли мирен, повлечен и секогаш расположен да им помогне на девојкиве. Некаде кон средината на книгата има јак пресврт и тука сфаќаш дека Скарлет и Карли уствари се една иста личност. Книгата е многу интересна и брза за читање, до 90% во книгата мислев дека ќе биде 5 звезди, но ептен при крај намалив на 4,5 нај многу заради тоа што Карли го убива Вес кој низ цела книга го опишува како ептен добар дечко и на крај му прави пресврт дека и демек и тој е како останатите мажи Инаку Вес ми беше нај симпатичен од сите карактери. За Џаспер (toyboy на Скарлет) осеќав дека е малце манијачки настроен и мислев дека на крај баш него Скарлет ќе му се отвори, но ете и него го уби. Има уште многу да се пишува не опфатив се ама горе долу тоа е тоа.
Spoiler И мене не ми се допадна за Вес што го уби. Можеше да напише поинаков крај за него. Како цело време беше добар добар и на крај друго лице. И јас очекував дека ќе остане со Џаспер и ке убиваат заедно Ама тој ептен покварен испадна
Писателкава ко да го мрази цел машки свет, на крај сите мажи ги испоуби Стварно ми е криво за Вес, на крај со 2 реченици го скина
Јас оваа предложенава ја чекав да излезе, ете ја дочекав и никако да ја почнам. Стално нешто друго ми одвлекува внимание. Почнав друга во меѓувреме, не знам со кое темпо ќе ја дочитам зашто многу ми е интересна и не ја брзам. Читајте ја, јас може и покасно ќе се вклучам само да си кажам мислење. Мала е, мислам дека брзо ќе ви оди A day like this.
Имам 2 книги почнато, една читам една слушам, плус од денеска децава се пуштени дома и не знам колку време ќе имам да ги завршам почнативе и да ја почнам оваа. Нека помине гужвава околу Thanksgiving па другата недела ќе ми е по лабаво и ќе гледам да ја почнам. Дајте за декември предлог за новогодишни/божиќни книги
Епа ајде да се почекаме ако сакате? Таман од следната недела може оваа, па ќе бираме и други по расположение.
Прочитав синоќа неколку поглавја, ми се свиѓа како е пишувана. Концептов, поточно темава малку ми е веќе видена, ама сепак нешто ме влече да ја читам па се надевам ќе биде добра книгава. Еве ја во пдф, симнувајте слободно кој ја нема.
Книгава ни напред, ни назад, ни дијагонално, ни никако. На 70% сум и тотално немам желба да знам како ќе заврши. Не ми е јасно зошто книгиве никако да се погодат, ко некое проклетство, теорија на заговор - што и да се одбере за читање одма испаѓа нешто безвеза. Сакав да предложам за следно читање ама и така ми е сомнителна книгава, башка од омилена авторка, се плашам да не ја снајде и неа проклетството на безвезалните книги. Ќе пробам да ја дочитам книгава викендов, ме отру засега и морав да си кажам.
Сакав синоќа да пишам и не успеав. Јас сум на 30%, интересна ми е засега. Ќе видиме како ќе оди натаму. Ама ми држи внимание.