Дај и ти предложи книга па да одбереме заедно што да се чита Next @Skyfall не се плаши пиши предлог и ти
Јас ич немам идеја периодов што да читам, и моментално со некои Christmas лимонади книгички пополнувам време Според некој жанр бираме за наредна или кој како предложи?
Christmas лимонади се одлични во Декември јас предложив баш таква книга и со голема надеж сум сите да се сложиме таа да ја читаме, опуштено Нема посебно одреден жанр, дај шта даш
Ајде дечки, да се активираме ако сте за. https://www.goodreads.com/book/show/54981009-the-last-thing-he-told-me Вакво нешто? Гледам сте ја спомнале. Јас сакам да ја почна од Роуз Тремејн новата, Lily, ама не можам да ја најдам за симнување. И од Сали Руни се мислам нешто да читнам, ама никако да дојде на ред.
Јас ја прочитав новата на Џоди и ич не ми се допадна. Од авион се гледаше дека е изнудена книга, да се напише нешто колку да не и пропадне годината така без книга. Ни ја препорачувам, ни ништо, едноставно не нуди ама баш ништо. И не се ни разочарав, имав некое претчувство дека ќе биде ваква. The last thing he told me би ја читала, со месеци ми стои на киндл и никако да се решам да ја почнам.
Ај прво Лора Дејв, па другава. Некако првата повеќе ме влече во моментов, ми се чита некоја мистерија-доместик трилер и оваа ми личи на таква.
Тешка ми се чини мене оваа, во смисол, темава некако не ми е за сега во моментов. Идеално нешто би било cosy mystery, доместик, лајт трилер, само да не е нешто божиќно или романтично зашто се изначитав такви во изминативе две недели.
Книгата беше благо кажано катастрофа, како да не е од истата авторка. И двата предлога ми се допаѓаат која сакате таа ќе ја читаме или и двете
И јас сум за Лора Дејв @RainBow ја прочитав победничката книга на гудридс од Сали Руни. Интересен стил на пишување. Не беше лоша.
Видов во другата тема, иста оценка сме ставиле. Претпоставувам зошто е така, инаку ќе беше чиста единица. Не дека па и оценката е нешто многу важна, ама баш па од Џоди не очекував да потпадне под вакво влијание на штанцање книги колку да се каже... Тоа највеќе ме погоди, дури се запрашав дали би ја читала понатака ако си продолжи пак со креирање вакви безвеза ликови и настани без поента. Навистина немаше поента книгава, не можам да се изначудам.
Ај читајте ја Razorblade tears втора, сакам и јас да ја читам, ама ако ја читате сега нема да можам да ви се приклучам оти само што почнав книга од 800 страни.
Empire of the vampire од Jay Kristoff. Ако читате epic fantasy книгава мора да ја прочитате, so good, барем за сега.
Ја почнав синоќа. Деновиве демек слободни, а минута не ми останува вишок, ама ќе се заврши книгава. Некако брзо темпо има, или пак интересна ми е па брзо читам, ќе видиме. Држат внимание првите неколку поглавја, интересно засега. Ај да видиме како ќе се покаже.