Ја завршив книгава. Брзо се чита, интересна содржина. Ме држеше во неизвесност. Не ми беше од тие книги што уште на почетокот знаеш како ќе заврши. Дури очекував и поинаков тек на приказната. Крајот малце ми беше ко недовршен, ме остави со милион прашања. Spoiler Не дознавме како поминала средбата помеѓу Бејли со дедо и и вујко и. Баш ме интересираше како Бејли ќе ги прифати нив. За Овен/Итан како течеше приказната ми стана јасно дека нема да се појави пак. Ете на крај изгледа успеа пак да се врати назад. Најмило од се ми беше што Бејли ја прифати Хана, па дури почнала да ја вика мамо
Мене нешто ми беше монотона, не можам да дефинирам зошто, иако брзо се читаше. Spoiler Крајот не ми се допадна, да оставеа дека Итан не се враќа и тоа е тоа, мислам дека ќе беше пореално. И дека на крајот Бејли ја вика мамо ми беше ту мач. Некако повеќе фокус имаше на небитни работи отколку на главните. Се обидела со заплет со професорот од Тексас па им текнуваат ситници, бејли со свадбата и стадионот ми беше превртување очи.
Ви се приклучив и јас со читање, а некое време ми беше симната веќе на киндл. И што знам, не знам што да кажам за книгава. Брзо ја прочитав, синоќа во една вечер, ама ќе биде изгледа од оние книги што скроз ги заборавам после некоја недела. Ликот на дедото ми беше скроз неверојатен и нереален.
Јас сум на 70% и после ќе седнам да ја дочитам. Првата половина ми беше баш динамична, поинтересна. Во оваа втората скроз ми спласна и еуфоријата и желбата за читање, онака безволно вртам страници. Ќе ви ги прочитам и коментарите и ќе се надоврзам, правам кафе и седнувам.
Јас пак ништо, таман да почнам, ќе прочитам негативните коментари и толку. Таа другата што беше спомната не ја читаме?
Чекав некој да пише да не изнатрупам едно под друго мислење и чекајќи заборавив да искоментирам. Од книгава само првите 30% ми беа супер. Тоа додека да навлезеш подлабоко во приказнава и толку. Понатака вториот дел беше безвеза, очигледно ставен со намера да ја зближат некако со Бејли преку тарашкањето за минатото и за Итан. Ама ептен филмски го изведоа и тоа и третиот дел од книгава па впечатоците начисто ми спласнаа до самиот крај. Не ми е јасно како покрај такви книги оваа победи во мистерија-трилер жанров. Тажно ваква книга да земе признание покрај The push... Јас ја почнав новата од Дајен и 1/4 пројдов само, да ја дочитам па ќе се вратам овде да видам до кај сме со книгиве. Сум за Рејзорблејд да ја читаме ако сè уште сакате.
Заглавив јас со една досадна бавна книга. Ако нешто ја убрзам деновиве ќе ви се придружам, ако не на следната.
Која ја почна? Ете таман уште малку време за и @ane.bella да ја заврши големата книга што ја почна, па ќе ја читаме Rasorblade tears. Е на толку договори и стратегии ако не ја биде книгава...навистина не знам што да кажам.
На пола сум. Интересна книгата ама овој Кристофф има многу тежок неразбирлив начин на изразување (барем за мене) многу јака концентрација треба а јас слаба сум со концентрација, па и затоа ептен бавно читам. Видов дека ќе ја читате новата од Чембрлен место Рејзрблејдс па ми олесна таман имам повеќе време да ја до читам оваа, ако ја дочитам Дочитала или не ко ќе и дојди ред на Рејзрблејдс се приклучувам. По странскиве книжевни групи многу е популарна и само убави коментари читам, јас ја купив книгава за овој мојов да ја чита ама изгледа пред него ќе ја прочитам. Ко ќе ја почнувате викајте ме
Ќе те тагнам, без гајле @ane.bella. Кај те оставаме вака, башка толку време ја збориме книгава, шанси нема да се дозволи некоја да пропушти прилика за читање. Се надевам ќе е добра, а ако не ја прочитам вака со малку мотивација преку клубов, знам дека никогаш нема да дојде на ред за читање онака. Стално со нешто друго за читање завршувам.
@Mishela еве што читам https://www.goodreads.com/book/show/59232498 По едно поглавје две и ми се здосадува. До пола сум, се надевам ќе почне да станува интересна.
Ја имам и јас на Киндл оваа, ама ете и неа никако да ја почнам. Ако не се опраи до крај кажи, да ја бришам со време.
Ја дочитав книгава. Првата половина навистина некако бавна, ама потоа летаа страниците. Сепак, и дадов тројка на крајот поради првата половина и поради тоа што беше очигледно што се случува и ништо не ме изненади на крајот. Има попилично за дискутирање, зошто и како, за одлуките на Ели... Дочитајте ја, па може да си подискутираме.
Ме уби книгата колку беше бавна. Особено мисијата на Ели во 65тата. Премногу растргнато беше. Ја разбирам поентата ама сепак многу ми беше досаден тој дел, многу детален беше некако.