Јееее, се собравме и за оваа книга. Еве една што утре треба да излезе, нека стои како предлог од мене за некое следно читање. Или за анкетата, мислам овој пат ќе имаме. https://www.goodreads.com/book/show/56970272-i-must-betray-you Солидна е авторкава, а ова со Романија баш звучи интересно како за промена.
Јас ја прочитав. Кратка е и брзо се чита. Од мене предлог е https://www.goodreads.com/book/show...e?ac=1&from_search=true&qid=Lops75n5GY&rank=2 Ми треба нешто посуштинско, обемна е, ама се надевам вреди.
Многу ме изнервира. Ептен ми се допадна книгата претходно и кога стигнав до крај останав разочарана. Имаше некои недоследности и нелогични ситуации ама ми беше забавна за читање.
Колкав потенцијал имаше книгава. Огромен. На почетокот ми се допадна многу, ме навлече, едвај чекав да читам. Ама, како што се развиваше приказната, ми стануваше се побесмислена. Прво, Моли како лик беше сосема недефинирана. Како да не сакала авторката да сеобврзе на едно нешто, па и натури сто работи кои до крајот немаа смисла. Ликовите, а и самата приказна, станаа како од цртан филм, ни логика, ни доследност, не ми се веруваше што читам на моменти. Зошто вратарот не и кажа дека и е дедо? Гледа дека е сама на светот човече, демек и се најде кога и требал, ама внука му е, зошто ја остави така? Кога неговото семејство е и нејзино семејство. Моли виде дека не може да си верува на себеси кога станува збор за карактерот на луѓето, а сепак и се јави на Жизел да и каже да побегне, зошто тогаш не се послуша себеси? Немаше никаков цврст доказ дека не е инволвирана. Хуан Мануел колку само беше ставен за крајот да е среќен, сосема се погоди да одговара на сите quirks на Моли, ама сосема. П како во толку години не направиле два реда муабет да дојдат до тоа сознание.... Колку беше смешен само нивниот план, они ќе го разоткриваат Родни Адвокатката требаше со сите податоци да отиде во полиција и полицијата да го спроведе тоа, немаше што они да прават на своја рака. Колку повеќе ја мислам книгава повеќе ме нервира, зашто ме излажа на почетокот дека ќе е добра. И дадов тројка, ама се мислам на двојка да симнам.
Моли на моменти преочигледни работи не сфаќаше, несакајќи дилаше дрога со месеци, а на моменти можеше да процени на кого да верува и сама да одлучува битни работи без да консултира никој, како на пример целата ситуација со Жизел и бившата пред неа.
Јас не ни почнав да ја читам книгава, сега ве читам и си велам арно и што не сум ја почнала. Што ќе се чита Next? Ќе има анкета од предложените книги или ќе се бира сосема нешто ново?
Не ја читај, навистина, да се изнервираш само. Штета ептен за книгава, многу ми е криво. Јас ја почнав од Wally Lamb, ама можам да ставам анкета од минатите предлози, или ако имате нешто ново да додадете сега.
Книгава убаво почна ама крајот разочарувачки. Се согласувам погоре со мислењата на @RainBow и @crimson.
Јас тотално изгубив желба да ја дочитам книгава и тоа на 90%. Си кажува ова доволно мислам. Jа завршив секако, ама како ме изнервира, уфффф. Да ја имав печатената, ќе посакав да ја запалам мислам. Не ми се допадна книгата и не можам да го преболам тоа што првата половина па и до кај 60% ми беше одлична. Што се случи после, како си дозволила авторката такви нелогични работи не знам. Колку повеќе пробувам да анализирам делови, толку поодвратна ми станува книгава. Површни и Моли и бабата и сите. Еден саглам лик немаше. Авторката не се потрудила ни Моли да ја долови како што треба. Вака ниту имаше некој раст ликот, ништо, само постоеше. Штета, можеше да биде одлично деби, ама ете како неколку глупи потези можат да направат пресврт во целокупниот впечаток за некоја книга.
И стави ли единица? Според анкетава тешко да се спогодиме. Јас ја почнав I know this much is true, ама ми фаќа око и првата од Елиф, а сакам исто и The Hush, па не можам да се одлучам.
Не, двојче доби. На раб бев синоќа, ама си реков ај утре со оладена глава. Имаше некои цитати кои навистина ми се допаднаа, ама сега кога отворив киндл хајлајтс да видам и да препрочитам што толку ми се допаднало, со други очи ги гледам и толкувам. Ете, двојка за прологот, зашто беше одличен тизер за книгава. Чест ја гласав од анкетата, ми се чита некоја драма. Башка што си ја имам префрлено книгава на Елиф откако ми е купен киндлов и мислам редно е да ја прочитам пред да прослави десетта годишнина во киндл.
Не сум ја ставила Од Шепетис книгата во анкетата. Може во следната да оди, @Mishela? Се мислам и јас за чес да гласам, може да ја прочитам додека ја читам големава.