Не сум прочитала ни една цела книга од Шафак до сега. Копилето 2х ми е зачитана и недочитана. Сите книги и се со висок рејтинг и сакам да почнам да ја читам. И Архитектот и Чест преку апликација од библиотека ми се достапни на аудио без чекање, решив да гласм за Чест оти е пократка, но ако ми е добра одма ќе ја слушам и другата.
Јас гласав за A flicker in the dark затоа што секако планирав да читам ама ќе ви се приклучам што и да одберете.
И јас дојдов да барам да ја прикачите. Видов дека има 4 гласа па ја пуштив да ја слушам, 10 мин. послушав ни имиња ни места ништо не разбрав, јас сум “Американка” ќе ми земи некој полсаат дури да ми се адаптираат ушите и мозокот на англиски акцент, ама и да се акнам од земја турскиве имиња со англиски акцент нема шанси да ги претумачам
Го дополнив списокот со книги кои сме ги читале во клубов на првата страница во воведот, 78ма ни е оваа.
Ќе одиме до стотче годинава? Па од толку книги, белким една ќе се погоди добра. Од Евелин навака не ми оставила впечаток никоја друга од прочитаниве. Ама ајде, ќе биде.
Ја почнавте книгава? Ако да како ви оди? Јас сум на 45% Spoiler малку ме нервира што има многу ПОВ и многу time lines, сигурно на крајот се ќе слее на место ама од време на време ми е натрупано и збунувачки
Јас сум 16%. И мене ме нервира тоа. Бавно ми оди. Некако многу ликови, приказни различни периоди испомешано. Не ме фаќа око почетоков, се надевам ќе се подобри.
Мене почетокот ми е одличен ама и се што се случува си е ок, само многу ми е избуричкано, иако секое поглавје си е обележано со година сепак има многу ликови и понекогаш се мислам кој беше кој, кој на кого е татко, керка син итн.
Мене не ми смета тоа воопшто, убава е книгава засега, на околу 20% стасав. Само немам баш ни време, а ни желба за читање деновиве, па ќе видам како ќе ми оди понатака.
Јас сум на пола некаде и сега за сега 5ка би и дала. Многу ми се допаѓа стилот на пишување. @ane.bella ти ја слушаш така? Може затоа. Јас не можам да слушам книги, не можам исто да се фокусирам и почнуваат да ми летаат мислите.
И мене понекогаш ми забегува мозокот на пасење и затоа ретко слушам книги. Оваа прво само ја слушав, па после ја слушав и ја читав во исто време, вака повеќе се концентрирам. Мислам знам во што е проблемот, имав малку време за читање и затоа ја слушав на поголема брзина, сега кога ќе и се вратам ќе ја слушам со нормална и ќе ја читам, па ќе видам како ќе биде.
Морав да ја завршам Од мене 5ка. Ама после читање вакви книги полна сум со бес и го мразам целиот машки род и сите религии и традиции...
И се запнав денес и ја завршив. 4.5 од мене, не и давам 5 ради тоа што ми сметаше што го пишав во претходните коментари ( иако кон 50/60% веќе се навикнав,сепак во првата половина бев малце Лост)
Ја завршив конечно книгава. Интерессна, ама многу бавно ми одеше читањето. Ми се допадна стилот на пишување на авторкава. Повеќе осврт ќе дадам утре. Да ми легне малку книгава
Ја завршив и јас, некако скроз безволно на сила после првата половина. Добра беше ама стално имав чувство дека ми фалеше нешто за да ме воодушеви... Продолжете со следна некоја, ич некако немам желба да читам што било деновиве па решив да одморам уште малце.