Кога некој ќе рече да се негува традицијата треба да ја прочита книгата. Според традиција во ред е таткото да има швалерки и да се коцка, ама не е во ред за мајката и мајката мора да се убие од сопственото дете. И што е најтрагично во Лондон, не во Турција и не пред 100год. Моралната одговорноста да се раѓа се додека не се добие машко дете.. Ми беше ептен жал за Џамила, осудена на самотнички живот само затоа што има сомнеж дека не е невина. Адем беше ептен безрбетник, прво немаше храброст да биде со Џамила, па ајде како утешна награда ја зеде сестра и. Сакав да има среќен крај и Пембе да проживее барем некој среќен живот. Не требаше на Искендер да му кажат дека ја убил Џамила наместо Пембе, не заслужуваше. Демек извалкана била честа на фамилијата, а Адем што не го интересираа ниту жена ниту деца небитно. Неблагодарно детиште ептен.
Нивната традиција никако не можам да ја разберам. Колку искривени вредности имаат. Нема врска каде живеат. Како се однесуваше жената на најстариот брат на Адем. И беше несфатливо како може да се облекуваат и да зборуваат другите жени. За нив тоа беше погрешно. Искендер беше разгален од Пембе. И никаква поддршка и совет од Адем. Мило ми е на крај како заврши Адем. Го заслужи тоа. Жална судбина на двете сестри.
Леле кога ќе прочитав султану мој На мајка му не и дозволуваше да работи, ама татко му нека се коцка не е проблем. Сакав да читам повеќе за Есма ептен симпатичен лик ми беше.
Страшно е што во име на традицијата и честа и ден денес жени страдаат, да не одиме подалеку од нашата земја, можеби кај нас не е толку екстремно со убивања ама секогаш се дава предност на мажот и се му се простува за разлика од на жената. Дали со приказната за детството на Адем требаше да разбереме зошто е таков каков што е и требаше да ни е жал за него? Да и јас сакав малце повеќе да знаам за Есма, деловите со нај малиот син Јунус мислам се викаше ми беа нај не интересни, и се до пре крајот не ми беше јасно зошто толку поглавја имаше за него.
За Јунус имаше премногу, а за Есма премалку. Никакви чувства немав спрема Адем. Ништо не ги оправдува неговите постапки. Од мене предлог книга https://www.goodreads.com/book/show/58108577
Не ја прочитав јас, уште ја читам I know this much is true, плус и со болести заглавив и така. Мислам да ја дочитам оваа, па на следната може да се приклучам. Да ставам анкета сега или?
Јас само да си кажам дека ќе правам пауза една книга па потоа ќе се вратам. Јас и малава двете сме со бронхитис, и тоа што имам земено да читам се си стои не чепнато.
Побрзо нека мине кај сите болни Јас ја прочитав книгава што ја предложив. Просечна книга, не ми беше нешто wow.
Јас дури сега конечно почнувам да ја читам Чест, имав некој без врска период без книги. Ќе ја скокнев скроз ама ме заинтересира.
Да направиме тогаш една пауза, кој што заостанал да прочита, брзо да оздравеат другите па да продолжиме. Може ако евентуално некој има предлог да пише да ќе се договараме за следна.
Не ми фаќа око оваа некако... Откако ја дочитав I know this much is true сфатив дека ми требаат малку покомплексни книги периодов. Јас се мислам да ја почнам Dune или The Poisonwood Bible. Нешто во таа насока одам.
Ме заинтригира ептен со оваа i know this much is true, ја прочитав твојата рецензија, ама некако 900 страни.. Dune ми е ептен надвор од мој стил, другата е окау. Немам јас предлог евентуално останатите ако сакаат да се приклучат @Mishela
Мене ми се чита некој класик. Разгледував што имам и најверојатно ќе ја почнам Quo Vadis, па ако на некоја и се чита ете предлогот од мене нека е тој.
Еее јас од кога се мислам за Dune, само некако ме плаши се некои лабави книги бирам во последно време. Така што, би гласала за неа.
И јас не сум за Dune. Ич не е мој тип на книга, ама нели се крена многу прашина па го гледав филмот ама ништо не разбрав, или можеби од што не сум по sci-fi не ни се потрудив да го разберам. Баш ми е мило што пробуваме да читаме нешто ново сосема различно, може ќе ни земе малку време да се договориме ама ако, претходно многу им се запнавме на историските Јас сум на почеток од Ariadne, ако сте за грчка митологија ајде https://www.goodreads.com/book/show/54860614-ariadne Овие митолошкиве ми се малку WTF!? ама пак сакам да ги читам
Ви се чита новата од Кејт Квин? Ја почнав јас пред малку и баш ми е интересна, стигнав до кај 20%. Има нешто посебно во нејзините книги, а и баш се book club material. https://www.goodreads.com/book/show...e?ac=1&from_search=true&qid=8dEMOm8ZUB&rank=1
Ќе ти се придружам. Од неа ми е читана само The Alice Network. Ама интересна содржината на книгава ми изгледа