Супер, во друштво може повеќе ќе ни тргне. Ајде нека се погоди, одамна не сум читала нешто навистина добро.
Ја завршив, ќе почекам со споделувањето впечатоци, таман да ја дочиташ и ти. Не се брзај. Ако нешто ти значи - втората половина беше малку подинамична од првата.
Ја прочитав книгата. Ги сакам историските особено напишани по вистински настани. Одма изгуглав за Мила да дознаам нешто повеќе Мила, мислам дека повеќе би била ценета да била маж. Ама и како жена не потклекна пред никого. Алексеи ако е вистина, си го доби тоа што го заслужи. Одвратен, користољубив човек. За другиот Алексеи, жална судбина. Кратко време имаа заедно. Ама војна, страдаат и невини. Неможам да замислам колку страдала од ПТСД. Не можам да се сетам дали нешто ми недостасуваше во приказната. @Mishela втората половина беше поинтересна и многу побрзо ми одеше читањето
Мене воопшто не ми се допадна книгата , навистина сè повеќе и повеќе ме разочаруваат омилените авторки, ама некои ко Кејт и Џоди Пико едноставно никогаш нема да престанам да ги читам. Мислам дека Кејт малку го промашила форматот. Како да немала некој јасен концепт кој го имаше во претходните книги. Хаотично ми одеше книгава некако и можеби требало да ја осмисли некако другачие истава приказна. Премногу работи недостигаа за да ми остави некаков позитивен впечаток книгава. Како прво, предолга беше а не се случуваше буквално ништо, толку монотоно одеше раскажувањето, сеедно ти станува дали е ден, дали е ноќ, дали е војна или мир, дали е во Америка или на Антарктикот. Можеше комотно да биде 200 страници пократка и немаше да изгуби ништо приказнава. Цело време беше рамна линија, со никакви емоции кон никого. Површно обработени ми беа ликовите од тој аспект зашто навистина ниту едно единствено чувство не разбуди никој кај мене. Обидите за романтични врски на Мила исто ми беа реда ради, онака вметани да пополнат страници. За себе сметам дека воопшто не сум читател кој паѓа на фори со не знам какви шок-фактори и пресврти, ама книгава па ништо немаше. Баш ниту едно нешто немаше што би те извадило малку од колосек, да те штрецне, да се превозбудиш со некоја случка и да кажеш - лелелеле, што ќе се случи следно?! Нула бодови, рамна линија, како што кажав веќе. Мила, значи ме остави без коментар. Ама и тоа not in a good way. Еднаш кажува дека она му е и мајка и татко на детето и мора да му обезбеди сè, за одма после, баш поради тоа, да оди да се бори за некакви си идеали, за земјата, за не знам што. Јес да го родила додека била практично дете, незрела, наивна, ама детево исто ко да не постоеше. Еднаш само го спомна додека беше снајпериста кога се запраша каде ли бил дрн дрн и толку. Сакам да кажам, не ми беше уверливо ама ете. Па и со тоа woman sniper, woman sniper, на секои десет страници мораше да се спомне пак, за во случај ако сме заборавиле дека Мила е жена змај снајпер која што усмртила 309 наци-ликови. Ја гуглав и јас, се фрапирав колку ми личи на Elisabeth Moss. Сега сакам да снимаат некој филм и она да ја глуми Мила, мислам дека е совршена за улогата. Делот со Америка и Еленор Рузвелт ми беше поинтересен, далеку подобар од сето друго зашто даваше некоја живост која на книгава ептен ѝ недостигаше таму во првата половина. Ама пак не беше доволно за да ми остави впечаток. Единствено ми се допадна како ги рендаше Америте таму на пресконференцијата кога ѝ увалуваа некои глупи прашања и коментари. Одговорите ѝ беа баш на место, ги обработи паметно. Единствена добра работа - брзо се читаше, што сепак зборува за умешноста на авторката. Е сега, ми здосадуваше на моменти, ама ја дочитав барем. За атер на клубов. Не знам што следно би читале, ама после сите овие драми, љубовни, воени, не знам какви, ми се чита нешто мистериозно, чукнато, некој психолошки трилер можеби. Излезе и новата на Тарин Фишер, па можеби и неа би ја почнала, еве таа нека е предлог од мене. https://www.goodreads.com/book/show...e?ac=1&from_search=true&qid=up3iQfpOZd&rank=1 @violetblue да не ја прочита ти веќе новава од Тарин?
Не сум сеуште, на 26ти требаше да излезе мислам. На листата ми е за читање така да ако сте за, да ја читаме?
Да, излезе пред неколку дена, баш сабајле ја симнав од zlibrary. Ако ви фаќа око супер, може да ја читаме и јас сум за.
@Mishela, Мила му беше мајка и татко на Славка со тоа што собираше листови, тревки и цвеќиња и му ги испраќаше. Мислам дека се обидуваше да се откупи затоа што не беше присутна во неговиот живот. Со тоа што се бореше да ја заштити татковината, за тој да расте и да има убаво детство. Барем јас така сфатив Ми се допадна и мене што беше без влакна на јазикот и како ги среди Амеркинците. Ја изгуглав и Елизабет Мос, не ми идеше лик која е. Да личат многу, ќе биде перфектна за таа улога ако решат да снимат филм. Гласам и јас за книгата што на предложи. Имав некои книги за препорака, да најдам кои беа може за понатаму да останат.
Да, да, јасно ми беше тоа, ама ете имав чувство како да ми фали нешто што ќе ме натера поинаку да ја доживеам. Многу некако еднодимензионално ми беше претставена не само таа, туку сите ликови генерално...сакав малку подлабоко да ме допре, да има повеќе емоции, да почувствувам дека навистина нешто ја повредило. Штета зашто темава беше прекрасна и не беше за нешто банално како што е случај со повеќето книги со воена тематика. Делот со Америка навистина ја живна малку. Имаше доста ситуации кај што суптилно им плескаше работи културно и одмерено. И да не беше тоа, убедена сум дека ќе ја оставев книгата зашто навистина ми беше монотона, што пак не ја прави лоша нели, само ете не кликнав овој пат со Кејт ич. Повеќе среќа догодина за мене, ако извади пак нова книга. Ќе ја прикачам сега книгава од Тарин, па давајте предлози кога и да ви текне нешто, еден куп нови книги што ги чекав излегоа периодов и не знам што попрво да читам. А во друштво некако ем полесно паѓаат одлуки, ем полесно се чита. Ајде happy reading на сите.
Мене искрено ич не ми оди, на 25% стасав и тука сум со денови зашто ништо не се случува и не ме влече да ја читам. Ќе ја оставам недочитана најверојатно.
Јас сум на 24%, ама уште не ми здосадила до толку. Ќе ја дочитам Немав време многу деновиве повеќе да читам. Што е со книгиве, ни една не ни се погоди
И јас немав ич време, ама ете три дена демек продолжувам со читање и пак на исто место сум. Дефинитивно ја оставам, браво за решителноста да ја дочиташ, се надевам дека ќе ти се допадне. Јас ќе препишувам овој пат ќе ги прочитам сите спојлери.
Ја дочитав. Интересна тематика сакала да разработи, за култови и колку е тешко да излезеш. Ама, или не и беше убаво проучена темата или набрзинка ја напишала книгава колку да издаде нешто. Too much ми беа некои работи. Супер херој испадна на крај. Како успеа да смисли се набрзина како да ги намести и Џинџер и Тауред. Ми фалеше нешто во целава приказна.
Да, некако ептен површно беше се во приказната. Немаше логика зошто Џинџер ја киднапирал новата,, пријателка,, на Рејни кога не беа ниту блиски ниту ништо. Крајот ептен беше лош. Демек Тауред ја спаси онака без проблем после еден емаил. Фан сум на Тарин ама оваа книга и е тотален промашок. Ниту емоции некои, ниту продлабочување некое.
Сите даваат предлог книга и после се гласа претежно со анкета, и на крај книгата со нај многу гласови ја читаме. Пиши предлог книга од тебе Од мене нека биде The Hacienda https://www.goodreads.com/book/show/57840571-the-hacienda
Аха. Тогаш нека биде од мене Ace of Spades од Faridah Àbíké-Íyímídé https://www.goodreads.com/book/show/42603984-ace-of-spades Среќа не треба да и ги изговарам презимињава