Мене не ми е удав досадна ко претходнава на Тарин што ми беше на пример. Slow burner e, ама не е толку страшно. Темата навистина е скокотлива, највеќе ради тоа продолжив да читам, некаде до 40% сум.
Јас знам што е проблемот, вчера ја завршив A Love letter to Whiskey книга која е пре убаво напишана ама ептен слоооу, и сега оваа пак така, и 2 слоу брн книги една по друга не ми е лесно да читам Ќе читам до кај 20/30% ако уште се мачам ќе ја оставам, не сакам да ме стави во читачка криза.
Пред да почнеме, како го читате името на детето, Клауд, Клод? Се нервирам кога не сум сигурна како се изговара одредено име. @ane.bella е од тоа говорно подрачје ,помош?
Klod, na angliski koga se izgovara se zavlekuva malku na O I se slusha kako Klood/ Kload Sorry za latinicata, pishuvam od na Mm telefonot
Тишина на темава пак. Да почнеме да ја коментираме книгава, мислам дека доволно време помина. Книгава почна бавно, некако ми беше развлечечно. Но, веќе на втората половина ми стана интересна и само вртев страници да видам што ќе се случи и како ќе заврши. Ми се допадна и стилот на пишување. Ретки се родителите како Роси и Пен што би го прифатиле своето дете какво и да е, без да прават голема врева околу тоа. Единствена грешка дека беше што ја криеја тајната за Клод/Попи кога се преселија во Сиетл. Секоја тајна кога тогаш ќе излезе на виделина. Според мене, беа повеќе окупирани со Попи и малку ги имаа занемарено другите деца. Особено, Ро, најголемиот, кој веќе стануваше тинејџер и му требаше и него внимание. Во оваква ситуација, како да се поставиш со другите деца, за тие да не се почуствуваат помалку вредни? Сакав уште нешто да допишам, ама ми избега мислата. Ќе го оставам овоа барем од некаде да почнеме дискусија
Алал да им е на родителите, просто за чудење( иако е книга де). Навистина го поддржуваа од старт, и бабата исто. Се изнервирав за Ро мислам беше кога мислеа дека е нацист и хомофоб, можеа малку повеќе верба да имаат во него. Некако само за Клод беа секогаш загрижени другите деца беа во втор план, особено кога се преселија во Сиетел, и наместо да почнат од старт како што треба тие направија уште поголема збрка. Некако делот со заминувањето во Тајланд ми беше ту мач и вишок во приказната. Она баш кога не прашуваат во Македонија дали имаме фриждер и исто и Роси кога отиде таму. Ми немаше баш некоја поента крајот онака ми беше меех, можеше подобро. Во секој случај книгата треба да ја прочитаат сите родители и они што планираат да бидат, дека еве некогаш не е се црно и бело. Дека од двајца стрејт родители со синови може да се роди трансџендер дете. Во секој случај Роси од тотално погрешни причини сакаше ќерка. Јас да сум дете на такви родители ќе де сметам дека не сум бил доволен што сум машко па ајде на 3,4,5 дете само и само да биде ќерка.
Каснам и јас со пишување на мислење. Книгава почна сосема солидно и ветувачки. Мислев дека навистина ќе биде добра. Ама, стана...досадна. Не знам како е можно книга со ваква тематика да е досадна, но ете. Предолга беше, премногу непотребни повторувања некако. Друго, сосема нелогично ми е дете од машки пол на девет или десет години да изгледа скроз како девојче и никој да не примети нешто. Веќе почнуваат да се гледаат разликите секако и долга коса нема да му ги смени цртите на лицето, на пример, тоа ми беше сосема неуверливо. Не знам, на крај не ми се допадна воопшто книгава, бледа некако, секоја чест за родителите само кои се обидуваа на секој начин да му помогнат на детето, ама толку. https://www.goodreads.com/book/show/46000520-the-thursday-murder-club Ова е од мене предлог за следна, ако ви се чита.
Мислам дека и не му/и даваа никакви апчиња за да се спречат хормоните, може и сум грешка. Ми се изгубија некои детали веќе. Да, книгава треба да биде задолжителна лектира за сите родители. Да, имаше нелогичности, но најголем акцент да се стави на тоа како од почеток го прифатија Клод како да е нешто нормално. Друго нешто што не ми се допадна беше однесувањето на наставничката во првото училиште. Таа, како педагог и наставник неможеше да прифати дека Клод е различен. Нејзиниот пристап беше скроз погрешен. Зошто толку и сметаше црвената ташна што ја носеше? И најмногу ми се допадна психологот. Колку беше кул и мислам дека и тој допринесе многу за како да се снајдат Пен и Роси со ситуацијата. Од мене предлог https://www.goodreads.com/book/show/36249634
Сега пред некој ден излезе новата од Алиса Фини, Дејзи Даркер се вика. https://www.goodreads.com/book/show/59808050-daisy-darker Сакате да ја читаме? Jа почнав, онака океј е, скроз на почеток сум. Очекувам нелогични пресврти од ракав извадени, ама ако не друго, бар има материјал за зборење во книгите на авторкава. Секогаш има интересни ликови. П.С. Еве пдф.
Супер! Друг кој сака да чита слободно нека се придружи, па може ќе се улови нешто интересно along the way.