Мене ми е читана, The Good Sister. Ми се допадна како содржина. Баш деновиве ја симнав свекрвата за читање.
Ајде придружи ни се за оваа. Леле Собарката Стварно мислам дека нема да биде оваа таква, не знам зошто. Сега ми се насобраа, лееее, треба побрзо да читам. https://www.goodreads.com/book/show/58884736-the-measure И оваа ми фаќа око.
Таа што е во насловот. Како е Demon? Јас со The covenant се растегнав малку. Собарката никако, не можам да го сфатам хајпот за книгата.
Јас сум до 30 посто негде и @Mishela имаш право дека потсеќа на Лиен Мориарти, како беше онаа книгата со девојчето што се удави, дрн дрн, па се влечкаше сто години дејството. И оваа ми е таква некако и не е толку морничава како нејзината претходна. Иако има уште време да истресе некоја грозоморна сцена. Ама, брзо се чита, кратки реченици и поглавја.
Јас сум на 26% брзо се чита. Засега е добро. Интересна приказна ми се гледа, се надевам нема да уништи понатаму.
Јас ќе си ќутам. Бар тука некаде сум како вас во однос на прочитаното, па се надевам за брзо ќе биде.
За каква бандера плаче книгава, не ми се верува. У шок сум што глупост читав. Тотално неспоиво со стилот на пишување и начинот на градењето на ликовите од претходната книга. Иста книжевна судбина како Алекс Мајклидис - Немата пациентка му беше одлична книга, следната буквално беше нечитлива, ја оставив. Ќе видам сега нова ќе има во јануари, ќе ја читам па ќе си покаже. Муабетот ми беше, со Ешли Одрејн иста ситуација - би ѝ дала уште само една шанса за некоја следна книга, па ако продолжи вака да се глупира не би продолжила да ја читам зашто едноставно не вреди. Книгава комотно можеше да подлегне на малку скиминг, не дека нешто ептен битно и значајно се случуваше во поголем дел од поглавјата. Good people, yeah right, ако се тешиме само. Евтина книга. Ич не сакав да продолжам да ја читам, ама атер за клубот инаку веројатно ќе ја баталев. Ова немаше никаква вредност, дури грозно ми е тоа што пробала да игра на емоции кај различни типови на жени, т.е. да се соживееш нели демек со некои од нив. Пример, јас сум таргетот што делумно требаше да се пронајде во ликот на Ребека. Ликот како лик океј - жената што сака да биде мајка. Арно ама, има х загуби, па има криза на идентитет и се прашува што понатака, yadda-yadda-yadda, и капак на тоа, дознава дека е трудна откако мажот свечено изјавил дека можеби треба да се помират со судбината. Ок сум и со тоа, ама до тука. Имав огромен проблем со лико-градењето и ставањето глупи некои пресврти без никаква вредност. Баш напротив, наместо да направат нешто, само ја дозакопуваа уште толку книгава. Толку евтино, толку без никаков сензибилитет, коментар немам. И на крај, ко да беше малку, дознава дека мажот ја изневерува со комшиката, ЛОЛ. Не навлегувам во тоа дали е реално или не, туку е само премногу евтино и не мислам дека е тоа начинот да се изведе нешто такво. Ова никакви емоции не буди, само гнев и негодување. Криеше од мажот 4 месеци дека е трудна и демек ѝ успеа ете, па имаме пак пресврт на кој не знам дал да се изнасмеам. И, „објаснувањето“ за ова дека не приметил, требаше да биде неговата backstory со швалерката. Генијално, шпанска серија вајб. Уште да дознаеше некој дека сам на себе си е мајка фалеше. Имам уште многу што да кажам, ама отприлика на тоа нека остане. Си реков да пишам додека го допивам кафево. Да удри кофеинот да ме расположи малку после вакво разочарување.
Значи, очај. Јас не читам веќе ништо од авторкава, толку е, ја тргам од листа. Дефинитивно многу потсеќа на книгата од Лиен, исто дете во болница, куп возрасни со разни приказни па што се случило, дрн дрн. Ликовите трагедија, на некои моменти ми се мешаа, истио глас како да беше. Немаше никаква смила, разум или логика зад она што го правеа, едноставно уфрлено ради некоја шокирачки фактор. Крајот дефинитивно излезен од шпанска серија, ја гледа мајка му и и вика сите ќе дознаат сега, хахахахахаха, умрев на тоа. Барем она да го турнеше од прозорецот, да имавме и гејм оф тронс момент. Ребека со абортусите, така лабаво она на вц и ај, нема постелка ништо, ма каква болница. Маж и не забележува дека е скоро 20 недели трудна. 20 недели еееј, на пола, какви лејм изговори имаше демек се потргнува да не ја забележи. Леле мори мајко. Каков евтин трилер, тука негде е и новиот од Харлан Кобен, на иста бранова должина се.
Книгава ми почна интересно. Ми се допадна концептот да покаже различни врсти на мајчинство. Ама втората половина од книгата ме разочара. Не требаше толку да ја исплетка приказната. Ми изгуби секаква смисла. Океј да има суспензија, wow момент. Ама тој wow момент во книгава превртев очи. Една реченица што ми забоде очи, од Блер пов беше; Marriage isn’t about love: it’s about choices. Јас лично би рекла и за двете дека е. Каков е тој брак ако нема љубов. Најантипатичен лик од цела книга ми беше Блер. Неможев да се поврзам со неа, ниту пак да имам некаква емпатија. На гудридс имаше толку пофалби и добри отцени за книгава. Пак ќе кажам убав концепт, ама со крајот ја уништи цела книга.