Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Јас денес ја дочитав книгава, ќе ја пишам мојата критика.
    Ќе ја ставам во спојлер, затоа што имам пишано за некои детали, од кои и завршницата.

    Имам повеќе пофални зборови за книгава, но и забелешки.
    Ќе почнам со забелешките.

    Јас лично имиња не памтам, ама во една книга ми се многу важни, затоа што сакале или не - најчесто првиот впечаток кој го добиваме за еден лик е од неговото име. Освен тоа, кога името кореспондира со карактерот, веднаш добивам впечаток дека авторот се потрудил да го спакува ликот најдобро што може. Џастин?! Зошто баш Џастин? Ме асоцира на Џастин Бибер, во краен случај на Џастин Тимберлејк, ама во никој случај првата претстава што ја имав во глава не беше физички силен и моќен маж. Јас би му дала некое друго, не толку лигаво име.

    Второ, ми фалеше приказната на Теса. Знам дека не беше во главниот фокус во книгава, ама се надевав дека на крајот авторот ќе нé почести и со нејзината судбина. Сакав да дознаам што се случило со нејзиниот маж и ќерка, некако ми недостигаше тоа парче од приказната. Мислев дека во крајните глави ќе ја видиме и вечерата со Wyatt, при која Теса ќе му раскаже што се случило.

    Освен овие и неколку други ситни забелешки, имам само пофалби. Приказната и текот на настаните ми се допадна многу. Ме држеше во неизвесност, дури и ме измори од толку размислување. Постојано се обидував да ги спојам точките, да ги предвидам настаните, ама не успеав. Двата дела во кои беше раскажана борбата за живот на Либи и Ешлин, буквално ме натера нервозно да цупкам со нозете. Откако го собраа во комбето, цело време се надевав дека Џастин е жив, дека ќе се спаси, дека неговата жена и ќерка нема да останат сами. Си замислував сценарио во кое целата несреќа што им се случи, ќе ги спои повторно во едно мирно и хармонично семејство. За на крајот, кога веќе почна да се разрешува целата ситуација, да си речам: Kill that son of a bitch!!
    А Кетрин... ох, Кетрин. Колку наивна може да биде една млада, заљубена девојка. Сакав да види дека Џастин ја искористил, дека ако има можност да избега без неа, нема ни да се двоуми. Ми се допадна што на крајот така испадна.
    Само не ми беше јасно – се откри ли кој всушност го застрела Џастин? :^)

    Имаше убави мисли, од кои една ми остана во глава: It wasn’t that strangers couldn’t hurt you. It was simply that the people you loved could do it so much better.
     
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    68.165
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    ^
    Во мојот коментар пишував за Теса, дека пред оваа книга има друга која што се вика Love You More. Таму е опфатена нејзината приказна.
    А за тоа кој го уби Џастин - мислам дека тоа беше З, бидејќи Џастин го предаде сопственото семејство, крадеше пари од својата компанија и ги ставаше на сметки за кои никој ништо не знаеше долго време, ја измами сопругата...
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Ооо, па значи требаше таа прво да ја читаме :?:
    Ќе ми биде на листа дефинитивно, иако крајот на приказната веќе го знаеме...
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Јас денес го препрочитав тој дел, ама сепак мислам дека
    Лопез го уби Џастин.
    З беше дисциплиниран и принципиелен, па затоа го уби Мајк. Затоа што не ги испочитувал the terms of the assignment. Ама мислам дека на З сепак не му беше грижа што потоа ќе прави Џастин. Неговиот тим си го исполнил даденото.
    Од друга страна, Лопез има мотив да го убие, заради целата ситуација со неговата внука. Не знам како би дознал дека е жив, како ги споил коцките, ама мислам дека е поверојатна таа теорија.
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Јас читам на мобилен, па ако можете да споделите онлајн страна за читање на книгава, испобарав се. :(
    А фајловите од торентите не ми ги отвора, телефонов не поддржува таков вид фајлови.

    Тешко дека ќе најдам, нова е книгава.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.244
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Хух, завршив и јас конечно. Уште со спојлери дискутираме, има некој што ја чита книгава? Ај за секој случај.
    Прво, знаев дека е Џастин мастермајндот. Знаев, знаев, знаев. Еве зошто. Сигурно никој немаше да ги киднапира без да ги измачува. Нели прво не беше за откуп работата. Ако не беше за откуп ќе ги мачеа, психички, физички, на сите можни начини. Ама не, они си беа безбедни цело време, ништо не им се случуваше, си јадеа оброци... Па затоа нешто не ми беше во ред тука. Само Џастин го излупаа демек, а не кажаа ни зошто, ни како. Се изнервирав во еден момент, на завршувањето на поглавјето, баш кога го земаа него и он се врати целиот истепан и рече на Либи, Не е ова за пари, бев грешка, мора да бегаме од тука. И после тоа кога се врати приказната на нив немаше ништо за тоа, јас мислев он дознал нешто, ама всушност немаше ништо. Ми беше ко да читам некој од македонскиве портали, Се срушија пет згради, многу мртви и не се знае колку ранети, а подолу во текстот читаш се сруши петкатница и нема повредени. :D Целата приказна околу него ми стана матна кога почнаа да ги интевјуираат вработените и сите работи почнаа да излегуваат на виделина. На крајот кога наводно го убија и го земаа телото во комбето тогаш бев сигурна дека сè е негова мучка. Зошто инаку би го земале телото? Тоа ми немаше никаква смисла, освен да послужи за креирање на неговата смрт.

    Ана, во право си за името, кај го нашла Џастин, тоа е такво лигаво име што не можев да го прикачам на толку јак, моќен човек. Не мислам дека Лопез го уби Џастин. Прво, Лопез испадна дека е мочко, нели се пријави таму да си отслужи што треба, покажа дека нема м*да кога Теса му се појави со пиштол, се преплачи целиот. Едноставно не мислам дека би можел да убие некого. Беше некој од киднаперите сигурно, да ја доврши работата, зашто Џастин ќе пропееше.

    Интересна беше книгава, со филмско сценарио. Нешто што ми сметаше цело време беше како можеа да не го видат затворот. Беше во таа околина, огромна напуштена зграда, башка изградена од самата фирма.

    Се на се океј, брза книга со реално прикажани карактери, со сите нивни маани и слабости. Од мене има 3.5/5
    За Love you more баш ја имам дома, преведена е кај нас, Јас те сакам повеќе, ама не знаев дека е приказната за Теса таму. Баш ќе ја прочитам.

    Лилбејби, јас само тој торент го најдов, не најдов ништо друго, не знам и дали може да се најде.
    До 26ти ја читаме The one plus one. :)
     
    На LilBaby и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    68.165
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    И мене ми беше чудно зошто нив ги третираа ок, а Џастин го истепаа... тој делот Рејн што го спомена, кога Џастин кажа дека треба да бегаме од тука, а после ништо не направи за тоа... ама се` се надевав дека ќе има среќен крај, дека нивната семејна врска ќе се обнови и сето тоа. На крај кога дознав дека всушност Џастин е организаторот, сите празнини од приказната се потполинја. Идиот, си го предаде семејството. :swear:
    Прво симни ја на компјутер, а после прфрли ја на мобилен. Јас така правам секогаш. А ако немаш читач за епуб на мобилен, симни го од андроид маркет moon + reader, бесплатен и добар е.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Фала, ми олесни програмов од Плејстор, не ми ни текна на него. Патем ја најдов онлајн, ако нa некој друг му треба, еве:

    http://www.ebook2u.org/book2/The_One_Plus_One/
     
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    68.165
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Девојки до каде сте? Јас ја прочитав уште пред неколку дена, ама не ми се пишува во спојлери.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.244
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Јас ја завршив вчера. 26ти е денес така што може да коментираме. Кој не ја дочитал нека влезе во темава кога ќе ја дочита. :)

    Значи. Морам да признаам дека сум разочарана. Ова ми е исто ко со Џон Грин. Прво читаш една прекрасна, длабока книга која те тера на размислување, па потоа читаш вакво нешто.
    Книгава ми беше како да се споиле Сузан Елизабет Филипс и Кристан Хигинс и решиле да напишат нешто заедно. СЕП има вакви љубовни приказни, а во книгите на Кристан Хигинс секогаш има некое куче, зашто таа самата е нивни огромен љубител.
    Да појаснам, не дека не ми се допадна книгава, ама не беше тоа што очекував. Ми беше онакво љубовно книгиче на кое нема да се сетам по некое време.
    Не ми се допадна тоа што беше приказната раскажувана во трето лице. Кога читав поглавје за Џес ми се помешуваше некако со Ед, немаше некоја дистинкција што ќе ги разграничи. Мислам дека ќе беше многу подобра ако беше пишувана во прво лице. Па и не мораше за сите ликови, барем за еден или два.
    Норман беше срцка, пуштив некоја солза кога го удри кола и ми беше ептен мило што го спасија.
    За Џес и Ед некако ми беше претеризам приказната. По толку читање на вакви книги некако како да станав алергична. Не можам веќе со она, не можеше да диши кога ја погледна, па таква љубов, се е хиперболично. Затоа ја споредив со СЕП, нејзините книги се такви. А мене веќе ми се здосадени.
    Плус, за Танзи само имаше спомнато за Аспергер, ама немаше ништо објаснето, тоа исто некако ми фалеше. Она ми беше како недовршен лик, немаше некоја длабочина, беше окарактеризирана само со математиката. Ники ми беше океј, ми се свиѓаше неговата трансформација.
    Ед не ме плени некако. Не знам луѓе, ме збуни некако книгава, на крај, вака кога пишувам си мислам дека можеби и не ми се допадна баш. Можеби и ич.
    Ај ќе се дообјаснам покасно, кога ќе ми биде појасно.
     
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Јас немам време за читање воопшто,така да 2,3 недели нема да ве дружам.
    Оваа од Џоџо ќе ја прочитам понатаму,па ќе пишам критика во другата тема. :)
     
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    68.165
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Се согласувам со Рејн.

    Очекуваш книгата да биде длабока, со некој си длабок смисол, интересна приказна, а добиваш лесна книга за деца од 13 години. Поентата на книгава беше биди добар, задолжително ќе ти се врати со добро. Мене лично, многу ми беше жал за Џес. Жената се утепа од работа да сврзе крај со крај. Како некој си вид награда од животот, има ќерка - гениј, но поради неможностите да и овозможи квалитетно образование Џес ги гази своите принципи. Низ сплет на настани, таа со своите деца и кучето Норман, ќе одат на патување со Ед - еден од работодавците на Џес. По пат, од прилично негативно настроени еден кон друг (Ед и Џес), ќе се заљубат до немајкаде. До крајот на книгата има уште неколку пресвртници, за да нели, љубовта победи. Тука има смешни моменти, неколку навистина жални.
    Најмногу ми се допадна кучето... :) Ликовите беа разработани до некаде, но главниот фокус беше на љубовната врска помеѓу Џес и Ед, а во заден план беше олимпијадата на Танзи, Ник со неговите проблеми, Марти - таткото кој што му беше гајле за своите деца.
    Не ми се допадна тоа што иако има одвоен пасус кој што го носи името на еден од главните ликови во приказнава, раскажувањето е во трето лице, па на моменти се губев.
    Во книгата немаше контрадикторности, дупки во содржината и сл., што покажува дека Jojo Moyes е добра писателка.
    Се смеев, ми беше жал, но не верувам дека после неколку месеци ќе се сеќавам на книгава.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.244
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Nineteen minutes-Jodi Picoult)

    И Џес многу ме потсетуваше на Рејчел Стоун од Dream a little dream на СЕП. Да не речам иста беше.
    Стварно разочарувачки, една оригинална жичка немаше приказнава. Ама морам да прочитам барем уште една од Џoџo за да можам да изведам некаков заклучок. За сега има една одлична книга и една (под)просечна. Можеби има уште некој бисер меѓу нејзините книги.
    А за следна што правиме? Мора да биде нешто посодржајно и поинтересно.
     
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    68.165
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.244
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Мене и двете некако не ми фаќаат око. Не ми се чита Young adult, премногу се лесни некако книгите.
    Јас сум за овие:
    http://bookpage.com/interview/london%27 ... zMXU84SHIU
    Murder as a fine art - David Morell
    Дејвид Морел ми се допаѓа како автор, мислам дека книгава вреди да се прочита.
    https://www.goodreads.com/book/show/340 ... ten-garden
    Оваа ми делува интересно, иако можеби ќе испадне како некоја од книгите на Чембрлен. Долга е малку, ама мислам дека може да се најде во пократка верзија како е-книга.
    https://www.goodreads.com/book/show/161 ... lling?ac=1
    Оваа ја немам прочитано, а баш ме интересираше поради авторот што се крие зад псевдонимот.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Мене корицава ми е скрооооз симпатична!
    [​IMG]

    И дефинитивно нај момент од цела книга:
    ‘Look. Here’s the thing. I haven’t had sex in three years. I sort of need to get back on the horse, and I think
    it - you - would be great.’
    ‘You want me to be a horse.’
    :rofl: :rofl:
    Како чукната се смеев кога го прочитав ова! 2ипол посабајле, сите спијат, мене кога ме фати една смеа, не можев да се сопрам!

    Сума сумарум за цела книга - мене не ми беше толку лоша.
    Ќе ѝ дадам плус затоа што се пронајдов во некои делови, се соживеав со Џес и нејзината судбина и буквално бев pissed off кога се дозна дека Марти цело време ја лажел. Толкава нервоза ме облеа во тој момент, што мене да ми беше тука, ќе му врзев два шамари на тој себичен идиот! Освен тоа, во 75% од книгата беше опфатено неколку дневното патување, што звучи досадно, ама на мое изненадување - мене не ми беше. Ми се допадна како беше раскажано, како се менуваа ликовите и се надополнуваа настаните.
    На моменти ми беше толку жал за ситуацијата на Џес, и искрено се восхитував на нејзината снаодливост и оптимизам. Ама на моменти ми беше страшно многу одбивна со нејзиното однесување! Особено кога почна да пати по Ед и ги остави двете деца да се снаоѓаат како знаат и умеат, затоа што таа не можеше од кревет да стане |(
    За ликот на Тензи... од една страна да - беше малку недообработена, беше малку скудно прикажана. Ама па од друга страна, се работи за десетгодишно дете. Мислам дека секаков дополнителен опис и навлегување во нејзиниот карактер, ќе беше малку нереален и непотребен. Мене повеќе ми пречеше тоа што авторкава нејзиниот лик го претставила како предмет на сожалување. Човек да не знае за што попрво да ја жали - за скршените очила, за тоа што отиде на натпревар откако се истури од повраќање, за тоа што мајка ѝ ја пушти на тестот без девојчево да може да гледа, за тоа што на олимпијадата ја закачаа деца, за несреќата со Фишерови, за тоа што не го видела татко ѝ со години, за тоа што му се случи на кучето и колку патеше по него, за тоа што целата нејзина облека ја шиеше мајка ѝ... Единствено тоа што се запиша во училиштето беше светла точка.
    Ники ми беше сосема во ред, а што се однесува до Ед - имам некое недефинирано мислење.

    За нареднава недела јас ги гледав овие две
    The Sky is Everywhere
    Whose Body?

    Првата ми делува малку „помладалачка“, а втората дефинитивно ме заинтригира, така што ќе ја прочитам по секако.
     
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    68.165
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Мене Who's Body? ми се виде поинтересна од предложениве.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.244
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Сакав пак да ставам анкета, ама има некаков проблем. Мене не ми се гледа како нешто посебно Whose body? ама ако сакате ќе ја читаме таа. Ако има уште некој да се изјасни океј, ако не накај осум вечер ќе ја ставам оваа во насловот за читање. :)
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Само ние три останавме во клубов? :?:
    Каде се другите? DzingrlakaDzikica, sweet-cherry, Paradox?
    Marossa гледам тука е, некој предлог да даде? :wasntme:

    Јас почнав со Whose body? си реков ако одбереме друга, ќе ја прочитам за брзо време, зашто сега видов дека е помала. The Forgotten Garden ми изгледа интересна, ама некако се поделени коментарите на гр. Или има пет ѕвездички, или една :?:
    А False Memory ми делува баш како my cup of tea.

    Ако сакате можеме за промена да читнеме некоја поемотивна книга од типот на Me before you?
    God-Shaped Hole
    Calling Me Home
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.244
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (The one plus one-Jojo Moyes)

    Па, може ако сакате да ја читаме Whose body?, малечка е, а може и плус нешто од вториве предлози од Ана, ми фати око првата, баш ми се чита нешто такво.