Мене едноставно не ми делуваа жените дека би можеле навистина да постојат, или да се пронајде некоја во нив. Мислам, Блер, толку некако нели повлечена, ама оди во куќата на Витни и мастурбира таму. Мислам, што? Тоа беше момент само колку да се дешава нешто, ниту имаше некаква врска со приказната, ниту некаков исход. Само демек да видиме дека сите имаат тајни бла бла. Поготово оној дел на 54 посто кога вика, No darling, we pretend.This is how the life of a woman looks. Пак, молам? Зошто го ставила тоа како некоја општа изјава? Тоа го мисли Блер со ќерка и кога зборува. И знаев дека Бен е швалерот зошто тоооолку се обидуваше да фрли сомнеж на Ејдан, едноставно преочигледно беше. Нема добар скил сет за пишување за суптилно да го наведе читателот на погрешна трага.
@RainBow и мене на моменти ми изгледаа нереални. Има секакви карактери и судбини, ама малку имаше преувеличено повеќе.
Онаа старата ме потсеќаше на Mrs, McCluskey од Очајни домаќинки. Така ја замислував. И она скроз непотребна, улогата ѝ беше маалска скриена камера само. И книгава мислам дека тоа сакаше да биде кога ќе порасне, нешто во тој стил со тајните од тоа-и-тоа соседство, по теркот на Мориарти со нејзините женски ликови. Не знам што е со притисокот да се напише и да се издаде книга каква-таква. Мислам дека почна да ме нервира тоа во последно време, а почна од настојувањето на одредени авторки да објават нова книга секоја година. Пример Кејт Квин или пак Џоди Пико, исто срање станаа. Каква писателки, а кој пуздер направија од последните неколку книги, тотално се нечитливи, удав и двете. Нема поента вака. Оваа џабе правеше пауза неколку години (The push ѝ беше готова уште во 2019, кружеа arcs на netgalley уште тогаш, ја промовираа доста). Очигледно немала јасна идеја за новата книга и како да кажам, се познава. Ама стварно бе не мора да штанцаат книги колку да се каже, не знам што е со трендов. Ако немаш нешто вредно за споделување, едноставно не се обидувај да пишуваш и тоа е тоа, ништо трагично. Тотално поштувам ако некој си преточи добра приказна во една книга и не се појави на книжевната сцена повторно, сè додека не му се роди некоја барем приближно добра идеја. Ништо не им фали на Присила Сибли и Дилија Овенс, ама тоа си е сега.
Леле јас и ја заборавив старата. Никој на крај не забележа дека умрел маж и. Што не се угледаат на Вергезе, човекот си земал колку му е потребно време и книга за век и векови извадил. Јас се зачитав со All the sinners bleed. Погрешив дека не ме бендисува, од 5 посто се покренува. Мислам дека ќе биде одлична.
Јас и се вратив на Demon Copperhead. Приказната е добра засега а стилот на пишување ми е одличен. Се надевам нема да ме разочара.
Еее па си кажа она и сама дека е небитна, во првото нејзино поглавје мислам беше. Скриена камера at its best. Jас Вергезе ќе го читам веројатно до крајот на месецот, и така.
Што читате дечки? Снемав некако инспирација, или пак не можам да најдам некоја книга да ме привлече... Да ставиме нешто ако имате интересно на листата?
The Secret од Ронда Бирн на германски ја читам. На македонски мислам дека Моќта и е името. На германски е The Kraft ама на неа пишува The Power. Ама мислам објаснив која книга е. Пред неа ја прочитав Кој ќе плаче кога ќе те нема по втор пат. Следна ми е Добри вибрации добар живот ама првите неколку страници ми се многу негативни и ќе треба со сила да ја читам, освен ако не се промени нешто на наредните. Книги секогаш од библиотека земам ама од скоро ги купувам тие што ми се допаѓаат, сакам дома да ги имам.
Ни во насловот ни во воведот не не е наведено дека за фикција треба да се пишува. Или јас нешто не прочитав добро. Ниту пак прашањето не беше за фикција. Ама ок сори.
Да, во право си, не е наведено. Така тргна темата, само за фикција, па потоа се отвори друга тема за не фикција, оваа https://forum.femina.mk/threads/Фем...fiction-the-idiot-brain-–-dean-burnett.32028/.
All the light we cannot see - Anthony Doerr Впечатлива, убава, топла и страшна во исто време (барем за нас што не можеме да сфатиме како би било). Btw авторот го сакам, можда затоа ми се допаѓа и оваа, ама вреди секоја страничка. А за издишка Хартиената Палата - фали разработка на главните ликови, инаку можело да биде супер роман, вака е само полуеротичен обид.
Многу добра книга читаш @Lilit. После неа добив желба да разлистам и една друга, ама не знам до кај си, не би сакала да расипам доживување. Ми се освежи меморијата и ептен ми се надополни амбиентот. Ја дочитувам The marriage portrait од Меги О'Фарел и не знам дали ми се допаѓа или не, само ми е многу тажна (и како не би била, ама тоа друг муабет веќе), ми прави некоја грутка во грло. Или можеби јас се чувствувам тажно зашто емоционално се уништив со "Засолниште во времето" од Господинов и сега ни напред, ни назад, само си пресликувам нешта. Ќе чекам да излезе новата од Итаф Рам па неа планирам да ја почнам, до тогаш пауза.
Еднаш ја почнав и ја оставив, не знам зошто, треба да ѝ се навратам. @Mishela баш ме заинтригира премисата на книгата од Господинов, ја симнав.
Ако не си по ваков жнр не се мачи. Мене ми се допаѓа, ама не сум репер, чудни срања ми се допаѓаат, ова зборови на мајка ми. @Mishela на првите 150 страни сум уште. Супер е авторот, не знам која намеруваш, ама Собирачот на школки е сосема пристојна.
Предобра е, ама пак види си како ќе ти легне. Потоа препорачувам да се гледа The sound of metal (нема врска никаква со книгата, битна е темата која ја обработува). И за крај, Господинов со Засолништето. Е после не се прашувај од што ќе ти плаче душата. Можеби до толку се соживеав зашто ме допреа лично сите овие, па не ми се ни чита, ми треба пауза или тралалајка некоја. А што се однесува до Господинов, мене воопшто не ми се допаѓаат преводите на англиски. Можеби и до мене е, не знам, ама знам дека би продолжила да го читам на македонски. Преводот на Или-Или е одличен, не се ни осеќа дека е превод, звучи ко да првично била напишана на македонски. Рано е сè уште штом си до таму @Lilit, ќе видиш баш. Продолжи да читаш само и ќе се намести сликата. Навистина многу добра книга. Непобарана препорака, ама од Вергезе новата види ја, The covenant of water. Навидум нема врска со оваа, ама ископав нишка што ги поврзува и сега уште толку повеќе ми се допаѓаат книгиве.
Излегла новата од Etaf Rum, Evil Eye, да не сака некој да ја ставиме да ја читаме? Мислам дека ќе биде одлична и за дискусија. https://www.goodreads.com/book/show/59381516-evil-eye?ac=1&from_search=true&qid=B6TYBd3DB8&rank=1
Во план ми е Evil eye, ама не би ја читала веднаш @RainBow. Ми треба пауза со нешто поразлично па почнав една дистопија. Ама еве да си кажам, чисто колку да излезе на почеток темава. Може ќе види некој друг па ќе се приклучи.