Evil Eye ја читате? Планирав и јас таа следна, ама веќе втора недела ја читам fourth wing и конечно на пола ми стана интересна
Evil eye е одличен избор ако ве интересираат други култури , особено палестинската култура, која не е многу застапена во западнава литература.
Ја завршив книгата. Ми се допадна приказната. Не знам дали @RainBow ја доврши книгава, ќе ставам во спојлер мои впечатоци. Spoiler Без да бидам грешно сфатена, ама колку е тешко да си жена во некоја од Исламските земји, особено ако имаш депресија, анксиозност или некој друг психички проблем. Мило ми е што Јара се избори со своите демони. На почеток нејзиниот лик и карактер не ми беше омилен, но како се развиваше приказната, сфатив од каде идат сите нејзини стравови и проблеми. Мислев дејс никогаш нема да се отвори и да побара помош. Колку психички ја малтретираше Фади. Како успеваше да ја убеди за секој еден проблем дека е таа виновна. Барем на крај и се отворија очите. Имаше разработено интересни тематики во книгава. Влијанието на социјалните мрежи денес, колку лажна слика се претставува. Како родителите, начинот на воспитување и детството имаат удел понатаму во животот. Колку е важно да се грижиме за психичкото здравје. Ме остави во размислување книгава.
И јас планирам да ја почнам вечер, конечно ги завршив започнатите од памтивек. Сакав уште синоќа, ама сум заспала.
Баш убава тема, не сум ја сретнала до сега, се надевам ќе се активирам. Супер листа на прочитани книги. Не приметив дали има македонски автори, има некој критериум за избор на книги или како се бираат?
Ја дочитав Evil eye. Одлична ми беше, насловот особено како се врзува со приказната. Многу ми беше жал за Јара и каков gaslight и правеше маж и. Одвратен. Ја најде жртва и ја искористи. Ми фалеше малку да се дознае што точно правел и колку е уствари никаков, од какво ѓубре се ослободи Јара. Генерациска траума, многу тешка тема, премногу, ама и добро беше обработена. Се сложувам со некои критики дека имаше малку повторување, ама некако беше потребно за да видиме како е во главата на Јара. Мило ми е што ја доби помошта што и беше потребна и што најде храброст да го скрши циклусот. Татко и ќе се одречел од нејзе, па што ако, кога и онака не беше дел од нејзинот живот, никаква загуба не беше тоа. Супер книга, и за менталните болести и културално, одлична. Не сме читале читале македонски автор, воглавно зашто на киндл читаме повеќето што сме тука. Не знам дали оналјн би се нашло нешто. За избирање се договараме, ако излегло нешто ново и интересно обично го читаме. Ако има повеќе предлози може и анкета да се стави, па да решиме со гласање. Слободно предложи ако имаш нешто на списокот. Јас завршив со оваа и немам нешто моментално што би сакала одма да почнам.
@RainBow и мене ми фалеше за маж и да се разоткрие повеќе како и што правел. Ама ни остави на имагинацијата. Со татко и што прекина однос и беше добивка. И тој и правеше трауми само. Ако продолжеше да биде во контакт со него, никогаш немаше да ги излечи тие трауми. Авторкава ептен убаво си ја разработила темава. За вакви тешки теми стварно треба да знаеш како да ја доловиш и претставиш приказната.
https://www.goodreads.com/book/show/58475481 https://www.goodreads.com/book/show/7763 Предлог од мене за следно читање.
Мене ме фаќа некој есенски slump. Ништо не ми оди. Видов денес излегла најновата од Софи Кинсела, па можеби неа ќе ја почнам. Некако се двоумам затоа што последните две книги ѝ беа некако чудни...ама ми се чита нешто ведро, да ме расположи и да ме извади од ова тиња расположение, па веројатно на неа ќе падне изборот. Ќе видиме како ќе ми се сони до утре.
Сте читале ли нешто од Lisa See? Одамна ми се нејзините книги на листа, ама никако да стигнат на ред. Да не сакате да одбереме нешто? Или Барбара Кингсолвер, нејзините книги секако имаат многу за дискусија.
Ајде да ставиме нешто, баш добри рецензии имаат и двете. Оваа и јас сакам да ја прочитам, одамна и се токмам. Ама, како сакате, и едната и другата ми се на списокот.
Јас сум ЗА, само ставете линк. @RainBow тагни ги и останатите да се собереме повеќе, оваа година малку потфрливме со клубов, баш ми недостасува, ајде барем сега во нареднава да го разработиме пак