Имам читано книги и од двете авторки, можам да кажам дека Барбара многу повеќе клика со мојот вкус за книги. Сепак мене не ми се чита ништо овој пат. Завршив со читање за годинава и што се прочита, се прочита. Сега на ред е да се одморам убаво и ништо друго.
https://www.goodreads.com/book/show...e?ac=1&from_search=true&qid=KPWs0bxcrd&rank=1 може? Секако нема да ја прочитаме за два дена, можеш и после новата да се приклучиш.
Ќе шетам малку во јануари, така што сепак ќе останам на тоа дека ќе биде my month of rest and relaxation.
Јас дојдов негде до десет посто од книгава и веќе ми станува интересна. Сигурна сум дека до крај ќе биде една незаборавна приказна,
Јас сум на 25%, поинтересна да но пак со исто бавно темпо. Од сите нај многу сакам кога ја читам Рејчел, на глас се смеам со неа
70% на аудио ја слушнав и затоа брзо ја завршив, ако само ја читав сигурно сега ќе бев на 20%, не дека бавно читам туку книгата си е таква slooow...
Супер ми е книгата, ама немам време некако. Полека напредувам. Слободно напишете мислење, па ќе се надоврзам кога ќе ја завршам.
Ја завршив конечно книгата. По еден месец Имаше делови што брзо се читаа и ме држеше концентрација, но и такви што ми требаше долго време да ги процесирам. Но сепак книгава влегува под кожа на некој чуден начин. Spoiler Има некоја магија во Африка што им се навлекува под кожа на луѓето што отишле таму и не си одат или и се враќаат повторно и повторно. Интересен осврт на колонизацијата во Африка и како ја користеле религијата за покорување на народот. Се за тие пусти дијаманти. Барбара има многу добар стил на пишување, ми се допадна и во Демон и во оваа книга исто. Толку убаво ги опишува настаните и луѓето. Вториот дел на книгата, особено се имаше посветено на политичката ситуација во Конго, што најискрено некои делови не ми беа интересни и ги прескокнував. Дали од Ада ПОВ имавме preaching преку книгава? Очекував од Орлеана дека порано ќе собере храброст и замине од Конго со ќерките. Убаво прикажано како детството и животот во Африка им влијаеше на сестрите во понатамошниот живот и во какви личности се развија и пораснаа.
Пишувам од телефонот и не можам да ставам во спојлер!!! Штета што не пишав одма штом ја завршив книгава, мислам дека имав повеќе што да кажам, сега веќе скоро месец покасно многу работи ми се заборавени и избледени. Мислам дека ми е прва книга со оваа тематика и немам со што да ја споредам, па затоа и не сум сигурна дека мојата оценка 3 звезди е веродостојноста, но оцената ја дадов како една златна средина, книгата имаше моменти во кои уживав да читам и моменти кога буквално умирав од досада. Првите 60% ми беа многу бавни, едвај ги чекав поглавјата на Рејчел, со неа на неколку пати на глас се смеев, некои делови ги зачував: Рејчел по возрасна воопшто не се смени со истиот ум остана како што беше на 16 год. од 60% па докај 85% книгата ми беше за 5ка, но на крајот пак се развлече. Многу се нервирав со Орлеана, чекав и чекав да му се спротивстави на Нејтан, чекаше да се случи трагедија за да си ги собере парталите и конечно да го напушти. Нејтан ми идеше да влезам во книгата и да го задавам како него по рано не го касна таа зелената мамба или тигар да го изедеше. Делот кога ги крштеваше децата на дождот додека керка му лежеше мртва на масата во дворот, ма немам ни соодветни зборови да опишам колку ме вознемири и колку многу го мразев! Приказната има интересна богата историска позадина, втората половина малку повеќе heavy со политика. Одлично напишана книга, ликовите сите беа добро обработени, можеби требаше да има "пов" и од таткото, да го разберевме или барем да го сожалевме. Ако сама ја читав книгава само за мене, мислам дека уште во првите 30% ќе се откажев, не сакам бавни а долги книги, но да бидам искрена мило ми е што ја прочитав. Да не беше толку слоу пејс и барем 100 страни по кратка сигурно ќе и дадев 4 звезди Ама ич не ме бидува за рецензии пишување, некако не знам убаво да се искажам. Пиши бриши правам цел саат, и сега читам и гледам цел реферат сум напишала а ништо не сум кажала
Јас уште не ја дочитав, друга една дочитувам. Ама, после сакам новата од Кристин Хана да ја почнам, па да ја довршам оваа. Не ми се остава недовршена ми се допаѓа и до сега кај што сум, не знам зошто заглавив толку. Сте за новата од Кристин да ја читаме, The Women? https://www.goodreads.com/book/show/127305853-the-women?ac=1&from_search=true&qid=6zDWejW4Se&rank=1
@RainBow јас сум да. Ставена ми е на to read листа. Кажи кога и почнуваме. Вчера баш ја гледав во Barnes & Nobles.
@Mishela @crimson @ane.bella сте за? Мислам од денес или утре да ја почнам, гледам само фалби се нижат за книгава. Иако, Кристин Хана е, сигурно ќе го отупи во првата половина и втората ќе биде да не можеш да престанеш да читаш.