Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) И мене Сара Роза ми беше скроз одбивна уште од почетокот, па тек кога се дозна дека нејзино е шестото дете А дури ни таткото не знаеше што се случува со ќерка му, не па полицијата. Ми беше малку чуден тој дел, ама па од друга страна, мислам дека авторов сакал само уште еднаш да ни ја потврди моќта на Шепнувачот да манипулира со туѓиот ум. Мислам дека не се работеше за страв кој успева да го влее, туку за контрола врз разумот. А тоа е нешто уште пострашно. Само ете, и мене ме изненади случајот со Горан. Не очекував дека рационален човек ќе може да потпадне под таквото влијание и толку лесно да биде изманипулиран. За Мила - мислам дека ја одбрала токму таа професија, за ете, да ја врати емпатијата кај себе. Покрај сите тие грозоморни сцени, млади исчезнати деца чиј живот е ставен на коцка, можеби мислела дека ќе успее да постигне некој степен на сочувствување со нив. Ама мислам дека мајчинството ќе ја смени, барем такво нешто очекувам во вториот дел. А конкретно за оаа мисла: „И можеби децата кои таа ги спаси би можеле да се преобратат во убијци, или во сериски убијци...“ баш гледав филм во кој главното прашање беше дали луѓето се раѓаат како злобни, или во текот на животот под различен сплет на околности се појавува злоба кај нив. Каков и да е случајот, сечиј живот е вреден и мене малку глупаво ми беше дадено тоа прашање Што знам, јас лично сум против смртна казна, па тој дел со оправданоста на спасување на животот на децата, ми беше малку потценувачки. Во смисла - бараме оправдување за жртвувањето на време, средства, труд, па и животи при полициската истрага.
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) На Горан, сè му се случи само што ги преслушувал лентите, така испадна нели? Тоа стварно ми е неверојатно, не можам едноставно да ја разберам таа огромна моќ. Плус, не беше ни во директен контакт со него. Не знам стварно. И кога Мила беше кај него дома, како не смрдеше целиот стан? Па имало две мртви тела во една соба.
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) Е тој дел со Горан ми беше малку нејасен - не сфатив, кога ги убил? Затоа што кажа дека пред повеќе од година, жена му го напуштила. И нели после некој од колегиве негови (Борис ми се чини дека беше) и кажуваше на Мила дека ја виделе жена му после некое време. Откриле каде е, ја нашле, а таа само им мафнала. Па некако, логично ми беше дека отпосле се случило сето тоа. Веројатно и откако Мила беше кај него во станот, инаку ќе откриеше Башка тоа со лентите беше подоцна. Кога ги открија кај Горан во фиока, Шепнувачот уште не беше излезен од затвор. И друга работа не ми беше јасна - како Шепнувачот воопшто знаеше што се случува со Горан и жена му? А за контролата... што знам, веројатно сите си имаме слаби точки и можеме да бидеме лесно контролирани ако некој ги искористи. Шепнувачот ја открил слабата точка на Горан, веројатно и психички го анализирал, па знаел дека потсвесно ја посакува жена му мртва. Ама па детето? И како воопшто можел Шепнувачот да го знае сето тоа ако не се ни сретнал со Горан?
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) ^ Да. Тоа некако не беше разјаснето. Од каде всушност го знаеше Горан и сè за него? А за ова со жената, Горан кога објаснуваше рече дека жена му се вратила, сакала да го земе и Томи со неа, а детето сакало да оди со мајка му. И тогаш ги убил. Ама немаше временска рамка кога тоа се случило. Плус пишува дека телата почнале да се распаѓаат. Како може тоа да не биде една страшна смрдеа? И ајде, Шепнувачот има ете моќ да делува, ама дали тука и видовит го направија? Како можеше да го знае секој следен чекор на полицијата? Како знаеше дека Мила е бремена? Кога ете, немаше мрднато од затворот? Плус, немаше дадено место каде се случува дејството. Тоа исто малку ми сметаше, што не можев точно да ја сместам целата приказна негде.
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) ^ Мислам дека Шепнувачов ја користеше Сара Роза за да биде во тек со истрагата Ама и да е така, имаше некои работи што она не ги знаеше и стварно не би можела да дадам некое логично објаснување од каде он би можел да знае. Може во вториот дел ќе има одговор на прашањава, што знам... Некоја од другиве феминки да не има интересна теорија за настаниве? Мислам дека за друга книга не сме имале толку читателки наеднаш, нека се јават и Nana19, Vikica.cuci, Butterfly14, Paradox, sweet-cherry со мислење
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) Јас како што разбрав Сара Роза немала некоја комуникација со него, само ѝ кажувал преку меил што да прави. А и од кај он меил во затворот? Ај стварно јавете се другиве, со Ана којзнае што сме читале.
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) Jaс и не се сеќавам толку јасно на книгава, зошто пред скоро 2 години ја читав, амa главните настани ми се длабоко врежани во сеќавање. Мене многу ме привлече на почетокот кратката содржина, мистериозно ми звучеа закопаните шест раце, a пријавени за исчезнати пет девојчиња.Мене ми летаа странициве на книгава, останував по цели ноќи да ја читам.За мене ова беше нешто повеќе од трилер.Постојано смислував теории за што точно се случува, и нормално не погодив.Имаше мрачни делови, ми се згади на одредени делови, ама па чудна работа ништо не ми беше вишок, се убаво ми се вклопуваше. Крајот ме разочара на некој начин, како што кажа и Ана, и јас го препрочитував неколку пати чисто за да бидам сигурна што прочитав и пробував да сфатам што точно се случило, ама пак не беше дообјаснето.Тоа ми е малиот минус, многу нејасно ми остана.И да воопшто не очекував дека Горан го направил тоа. Интересно ми беше од психолошка гледна точка, како Шепнувачот успеал да ги наведе да извршат такви работи, навистина ме потикна да размислувам, но токму и тој дел всушност го направи романов уникатен. Во главно, му се поклонувам на Донато Каризи, многу вешто и напнато го напишал трилеров, навистина ме воодушеви и стилот на пишување му е одличен. Дали има некој линк за вториот дел?Се заинтересирав дали ќе се открие нешто повеќе... И да, голема желба ми е да го прочитам на италијански, ако некогаш стигнам на напредно ниво ова ќе биде првата книга што ќе ја прочитам
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) Другиве читателки што ги нема - ги нема. Туку да си одредиме нова книга ние во меѓувреме, а?
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) Дали имате читано некои од делата на Сидни Шелдон? Значи сите кои сум ги читала ја имав цела колекција се нешто фасцинантно
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) ^ Јас Шелдон некако го изживеав. Исто како и Агата Кристи. Од самиот стил на пишување, почнав да го предвидувам текот на настаните.
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) Ви ги прочитав критиките на сите за книгава. Мене исто ми беше одлична иако ја читав пред повеќе од една година. Одличен трилер/мистерија ми беше книгава. Малку поразлична од останатите. Ептен ме привлече уште со самиот наслов "Шепнувачот". Јас пред да ја читам мислев дека се работи за дух кој ќе му помага на некој. Инаку, да и мене ми беше многу чуден дело со Шепнувачот. Чудно ми беше од каде го знае се тоа, секој чекор, се за Горан, жена му и детето кога е во затвор и кога се нема сретнато со него. Одлично смислена приказна која се чита во еден здив. Барем јас ја прочитав книгава така. Крајот ми беше и мене малку разочарувачки, и можеби е чудно, но и јас го препрочитав два-три пати, незнам едноставно неќев така да заврши книгава. А ова за телава ми беше ептен чудно и мене. Јас сепак мислам дека тој тоа го направил после доаѓањето на Мила во неговиот стан, оти нели инаку секако дека таа ќе ја осетеше миризбата. А и чудно ми беше како Горан успеа се тоа да го сокрие во себе, да не открие со некој потег. Како и да е мене книгава ми беше оидлична, еве псоле толку време сеуште имам импресии од неа. Читав дека на Донато ова му била прва книга, прв обид, и мислам дека уште со неа го дал најдоброто од себе. И јас пробав да го најдам вториот дел, но го нема на Англиски. Сега читам дека го имало на Српски, па ако го најдите, оставете линкче негде Инаку се извинувам за доцната критика за книгава, презафатена бев деновиве Сакам и јас да си се зачленам во клубов, да си станам редовна. Ми треба некој со кој ќе си читаме и коментираме книги. Гледам сите давате предлози за наредни книги, јас би ја дала Францисканскиот заговор- Џон Сак. Мене ми ја препорачаа како ептен добра книга, само имало многу ликови. Ми ја споредуваа со Кодот ан ДаВинчи која премногу ми се допадна. Па ако ја немате читано и ако се согласувате, може да ни биде следна книга
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) Не беше после нејзиното доаѓање бидејќи Мила се чудеше како можела да не забележи, дека беше таму, а не виде ништо. Баш поради нејзините мисли и мене ми падна чудно како можеше да осети или намириса нешто. Очигледно има прилично дупки кога ќе се разглоби приказната. Ама надокнадено си е со темпото, пресвртите и енергијата која ја има книгата. Плус, во белешките пишуваше дека некои од случаите навистина се случиле, само изменети се основните работи. Имам оставено линк од книгата на српски на 26та страница од темава. Оваа од Џон Сак не ми фаќа баш око, гледам салби и се рејтинзите и критиките. Си останувам на претходната.
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) Ајде кажете која книга е следна, ви се придружувам и јас, од вечер сакам да почнам да читам, да го шутнам лаптопот, ми треба одмор од него, од серии и шоуа. Притисокот мислам ми се крева веќе. Sarah's Key може ли?
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) ^ Најверојатно ќе биде таа, само чекаме официјална изјава од Реин Сите книги што ги предложив ги најдов во електронска форма и ги симнав, ама од различни сајтови. Sarah's key мислам дека на kickass ја најдов.
Фемински клуб на читателки (Шепнувачот-Донато Каризи) Океј, ајде таа нека биде, па ќе ја коментираме следниот понеделник. Еве торент. http://kickass.to/sarah-s-key-tatiana-d ... 61830.html
Фемински клуб на читателки (Sarah's Key-Tatiana de Rosnay) ^^^ Книгава на Македонски ја има преведено или не?
Фемински клуб на читателки (Sarah's Key-Tatiana de Rosnay) ^ Јас ја проверив листата на изданија на goodreads, ама не сретнав македонско издание, ниту српско. Има хрватско издание, само што не верувам дека ќе го најдеш во електронска форма
Фемински клуб на читателки (Sarah's Key-Tatiana de Rosnay) Епа тогаш изгледа ќе ја читам на Англиски Фала на одговорот Ана
Претседателски избори Да, на хрватски е само издадена, ама ја нема на нет. Гледам и филм има според книгава, излезен е во 2010 со 7,5 рејтинг на имдб. Очекувам одлична приказна.
Фемински клуб на читателки (Sarah's Key-Tatiana de Rosnay) Ај да почнам. Ко пред очи да ми беа слики од Пијанист кога ја читав книгава. Spoiler Толку се надевав дека Џулија ќе ја пронајде Сара, реков ајде нека биде грешка, нека бара на друго место, ќе ја најде. Бертранд типичен парижанец, и тоа апла. Колку и да не се води човек по тие стереотипи, овој е копија на париски љубовник, ненаситен за секс авантури, полн со себе и во 50-те кои си ги смета за најубави, но и последни години за улов. Си влезе во таа средовечна криза, и при првата негова реплика во книгава ми стана антипатичен. Џулија, што да се каже. Успеа до крај да ја истурка приказната, и бракот и отиде во вода кој и онака беше пред тонење, дури и ми е мило што ова беше решавачката точка за развод. Хемијата и врската меѓу неа и Вилијан беше силна, но мислам дека ќе беше безвеза ако се споеше со него. Ќеркичката Сара ќе ја потсетува на него и мајка му. Сара не успеа да избега од мрачното детство, остана да ја прогонува се до последниот момент. Моментот кога го најде брат и, не можев да не пуштам солза .