Фемински клуб на читателки ^ Јас гласам за English Patient, баш вчера го гледав филмот со Ralph Fiennes.
Фемински клуб на читателки луѓе чекајте бе не оди вака каша попара е темата сега јас ништо не разбрав која книга се чита оваа недела ? зар не би било подобро предлози да се даваат за наредната кога ќе дојдат на ред коментарите за првата книга, кажувате мислења и у спојлер предлогот а не вака. дајте прво да воспоставиме правила па после да почниме нормално. јас вчера ја почнав caught а сега гледам друг предлог. дајте да направиме систем на работа прво а не сите да предлагаме уште не почната темата...
Фемински клуб на читателки Оваа недела ќе се чита Невини - Харлан Кобен. А за предлози за наредната недела може да гласаме
Фемински клуб на читателки Па читај по ред. Еве јас ќе ја ставам книгата за оваа недела во насловот, па така ќе бидат сите информирани. Инаку додека ја читаме оваа книга да се избере следната за да знаеме со што да почнеме наредната недела додека ја коментираме оваа. Ако не е така пауза ќе ни се фати од една недела додека ја одбереме другата книга. Оваа книга (Невини)лесно се чита, јас до пола сум негде.
Фемински клуб на читателки (Невини-Харлан Кобен) I am in! Сега ја видов темава и браво за RainBow! Се согласувам, но прва книга неможев да ја најдам во библиотека утре ќе одам повторно, i am sorry!
Фемински клуб на читателки (Невини-Харлан Кобен) Има линкови погоре во темава за онлајн читање и симнување ако ти одговара така.
Фемински клуб на читателки (Невини-Харлан Кобен) И јас би ви се придружила, по можност со книги што можам да ги најдам во печатена форма. Овој пат ќе рипнам со Невини. Би дала предлог нешто од Елизабет Гаскел, Сопруги и ќерки или Север и југ (сакав филмовите да ги гледам, па прво мислев да ги прочитам ) ако има заинтересирани
Фемински клуб на читателки (Невини-Харлан Кобен) Предлози за другата недела се: Hard times - Charles Dickens (268 стр.) The English patient - Michael Ondaatje (301 стр.) Заклученото тело на Лу - Оливера Ќорвезироска (133 стр.) Сопруги и ќерки и Север и југ од Елизабет Гаскел Тие се досега предлози. Јас од овие сум а Англискиот пациент, не сум ја читала до сега а и Сопруги и ќерки ми делува интересно. Чарлс Дикенс некако не ми е баш по вкус. Мене не ми текнува ништо моментално да предложам, не сум налетала на нешто поинтересно и со материјал за дискусија.
Фемински клуб на читателки (Невини-Харлан Кобен) Кај сте бе? Ја прочитавте книгата? Гледам никој не коментира, изгледа кренавте раце..
Фемински клуб на читателки (Невини-Харлан Кобен) Spoiler Ако можи да предложам Рингишпил? Книгава штотуку ја добив, имам читано супер коментари, мислам дека би било одлично!
Фемински клуб на читателки (Невини-Харлан Кобен) Јас ја прочитав книгата, па еве ќе изнесам впечатоци. Можам да кажам дека ми се допадна книгава, имаше интересен заплет, не се влечкаше дејството премногу. Ми се допадна и како се изградени ликовите, нивната психолошка страна. Не ми се допадна како во некои важни моменти авторот се навраќаше на минатото и читаме неважни работи. Интересна ми беше нарацијата на почетокот, директното обраќање кон главниот лик. Книгава покажува колку може животот да ти се смени за еден миг, поради една одлука. Мет сакајќи да помогне изгуби 4ри години од својот живот... Некој друг ја прочита? За рингишпил верувам дека повеќето ја имаат прочитано.
Фемински клуб на читателки (Невини-Харлан Кобен) Дајте да ја оживееме темава малце. Доколку на повеќето им е малку една недела за да прочитаат одредена книга поради обврски, тогаш може и на две недели да се дискутира за истата. Ајде, кој е заинтересиран?
Фемински клуб на читателки (Невини-Харлан Кобен) Јас сум секогаш за вакво нешто. Ако има некој нека се пријави, па можеме да договориме книга и правила што ќе им одговараат на сите.
Фемински клуб на читателки Еве и јас сум ЗА за ова, а и ја поздравувам Реинбоу за ваквиот обид. Јас до сега ја немав забележано темава и тоа најверојатно затоа што не е толку активна. Ама еве доколку се пријавиме повеќе предложете книга и да почнеме. Мене времето не ми претставува проблем, проблем повеќе ќе ми биде да ги најдам книгите, тоа знам, затоа што во Прилеп некако потешко со тоа библиотеката, а за продавници за книги да не правам муабет, ептен слабо. Сепак тие што не можам да ги најдам ќе ги барам он-лајн, ќе се снајдеме некако нели? Така да... Сметајте на мене.
Фемински клуб на читателки Како што можев да забележам од предходните страници на темава, Rainbow постираше линкови од онлајн книги, така да нема потреба никој да бара по библиотеки или специјално за тоа да купува книга. Мене лично не ми се интересни детективските романи во стилот на Агата Кристи (други автори не ни знам, не сум обрнувала внимание на вакви дела воопшто) или пак некои лесни љубовни романи, сметам дека ми го трошат времето за џабе. Се‘ останато е добредојдено кај мене.
Фемински клуб на читателки Ви се придружувам и јас ... би сакала да прочитам некоја книга и да се дружиме на овој начин.Заинтересирана сум но би читала само на македонски јазик Кога ќе има таква понуда тука сум и јас да знаете спремна за онлајн дружење со книга Повеќе сум за лесни книги интересни за читање, некои со вистинска приказна ... но доколку би имало и други предлози ќе читам секако
Фемински клуб на читателки Пишете каква литература ви е интересна за читање, па да предложиме некои дела.
Фемински клуб на читателки Реинбу и јас сум за ,идеајава е навистина добара.Браво како ти текна . Јас повеќе сакам некој убави романтични приказни, нешто како „Девојката со зелени очи“-Мир Јам ,тие се разкази,ама некој роман ко нив нема да е лошо