Јас поминав во Матица минатата недела, па сега хит ми се печатени книги и тоа на македонски Гледам никој ништо не пишува во клубов, па почнав со Зафон. Ајде еве уште еден предлог од мене https://www.goodreads.com/book/show/11250053-the-snow-child?ac=1 The Snow Child од Eowyn Ivey - преведена е и на македонски, издание на Матица. Добив многу препораки за книгава и една од женичките во Матица како порачана ми пријде и ми вика: Девојче, гледам какви книги си избрала, ако смеам да ти ја препорачам Снежното дете. Се туфкам и си мислам од каде ми е познат насловот, оно да ти било The Snow Child. И ајде отиде во корпа, иако знаев дека ја има на kickass во електронска верзија на англиски. Ако не сте ја читале, а ви фаќа око, може оваа да ја одбереме. Гледам имаме и тема на форумов за книгата, ама нема многу коментари.
Снежното дете ја имам забележано во библиотека. Ако евентуално ја изберете, и јас би можела да ја прокоментирам. Да знаете, редовно ве следам, ама не можам да ви се придружам, немам време за читање пред комјутер, а и не сум читала на англиски.
Јас почнав со Трилогијата на маглата, додуша од последната книга, ама прочитав дека не се поврзани. Зафон е тежок за на англиски да се чита, а и тешко се наоѓа. Евентуално на српски го имам најдено. Ама стилот на пишување му е толку украсен, како поезија човек да чита. Просто си го засакувам јазиков наш кога го читам Ако сте за Снежното дете да ја одбереме, или сакате по секако да ја прочитате, еве торент https://kickass.so/the-snow-child-eowyn-ivey-epub-t7786974.html
Гледам сте ја избрале Снежното дете. Јас ја земав денес од бибилиотека. Ќе ја почнам. Една недела имаме така? Ако ептен ме заинтересира јас и за 2-3 дена можам да ја прочитам Библиотекарката рече дека била нешто слично како Малиот принц. Ако е така, баш би било интересно да видиме како ќе излгеда од мој и од ваш аспект, бидејќи ептен се разликуваме во години.
@Lella welcome to our club, едно кафе за добредојде Една недела ја читаме, ама некогаш и порано ја коментираме ако гледаме дека сите сме ја прочитале. Јас со моиве Септемвриски светлини сум до пола, а и славата ни се ближи, па ќе немам многу време за читање. Во секој случај за една недела планирам да ми биде прочитана
Оф топик. Денес ги објавија победниците на Goodreads Choice Awards 2014. Вкупно 3,317,504 гласа. Лани чинам еден милион имаше. Еве линк: https://www.goodreads.com/choiceawards/best-fiction-books-2014 Јас малку разочарана, мојот фаворит не е ни во првите пет.
И јас би требало да ја завршам за една недела, таман да дочитам другово што ми е веќе на список. Мојот фаворит е втор, Big little lies, баш ми е криво. Landline прва во fiction, не ми е јасно со гласовиве, Big little lies има рејтинг 4.17 од 30.000 и кусур гласови, Landline има 3.68 од 26.000 гласови. А одамна ми е на киндл, ама никако да ја прочитам зашто не ми делува дека е нешто посебно. Е сега оди најгоре на листата дефинитивно. We were Liars победила во YA, ама немам од другите номинирани ништо прочитано, па не можам ништо да кажам. А и не беше нешто лоша книгата. Maybe someday на второ место. Ептен сакав да победи. All the lights победила во historical fiction. @sia.bella ја почна ли, како ти се свиѓа?
Има место во клубот? Ве следам редовно веќе долго време, но неможам да ви се придружам од учењето и школото па немам време за читање пред компјутер, како Лела. Некогаш од време на време ќе коментирам. Сега гледам сте ја избрале Снежното дете, убава книга е, нема да зажалите. Јас ја имам прочитано па за една недела ќе ја искоментирам.
@Ondula Добредојде,баш убаво што се придружуваат нови членови. Инаку на Goodreads скоро никогаш не ми победуваат фаворити,ама овојпат сум задоволна. За Fiction и јас навивав за Big Little Lies. За Historical Fiction баш убаво што таа победила,не ги знам сите,ама таа дефинитивно ќе ја читам. Останатите ги имам ѕирнато и ќе одат на листа за читање,здравје до лето 2015 ќе прочитам
Ја почнав синоќа, прочитав само 20тина поглавја, сеуште навлегувам во приказната. Но, ми се допаѓа и стилот и начинот на раскажување, ветува многу приказната барем од досега прочитаното. Сега и кога гледам дека победила на Good Reads во соодветната категорија, ќе убрзам со читање. Патем, не видов колку страници е точно, но претпоставувам е и прилично обемна со оглед на тоа што има околу 180 поглавја.
Има место во клубот и за мене ? Само и јас како Ондула и Лела нема да можам секогаш на време да ги прочитам книгите кои се изберени поради училишните обврски . Но ќе се трудам колку што можам да бидам во тек и да ги прочитам сите изберени книги . Се надевам ќе ме прифанете . Досега не сум ја читала Снежното дете но ќе ја прочитам сега . Па наредната недела ќе дадам коментар за неа , ако сум во клубот секако .
Клубов е отворен луѓе, сите сте добредојдени, не мора да прашувате, слободно читајте кога можете и сакате и пишувајте кога можете и сакате.
Што направивте, ја почнавте, до каде сте? Јас асално си ја фатив, впрочем, така е со секоја книга која ќе ми фати око. Ја поминав половината, и сега само гледам да се тргнам за да ја читам повеќе време, не сакам наеднаш, постојано така правам. Spoiler Засега ми се допаѓа колку толку, најмногу ми се допаѓа дека совршено е опишан студот и суровоста на Алјаска. Имам доста работи да кажам, ама на крај ќе биде.
Јас ноќеска ја почнав, ко божем првите поглавја да ги прочитам, да видам за што се работи и дојдов до кај 70та страна Не можев да ја оставам, ептен се внесов во настаните и веднаш се приврзав за ликовите. Приказнава ветува, мислам дека знам во која насока ќе се движи. Денес само неколку страни успеав да прочитам, ја меркам оддалеку, ама немам време да седнам на раат.
Јас луѓе, ја прочитав. Секогаш морам да ја прочитам најмногу за 2-3 дена, инаку душата не ми е мирна. Е сега, да си кажам што имам, или да ве почекам вие да ја прочитата? Мене доста време ме држат книгите, можам и друг ден да ставам. Како сакате.