Сакате да кажете дека конечно дојде To Kill a Mockingbird на ред?? I am so IN! Инаку претходната пак до пола ја прочитав,не знам некако млитав период ми беше
Епа ајде тогаш, нека биде таа за читање неделава со 4ри гласа за. Ама гледајте овој пат да ја прочитамe сите. http://kat.cr/to-kill-a-mockingbird-harper-lee-epub-mobi-t10241574.html
Да се размрдаме малку. Патем, еве ја книгата на српски, само онлајн е, не можев да ја најдам за симнување. http://personal.crocodoc.com/YXmfuox?embedded=true
Леле девојки, многу сакам да ви се придружам и овој пат, ама немам време за жал, заглавена сум со овие мои обврски. Многу се разочарав, сакам и јас да си коментирам, одамна ја имам симнато книгава, ама време за читање никако да се најде. Еве ви линк, на англиски е, ама не сум погледнала каква е и што е. Известете ако е некоја нецелосна верзија или ако има било каков проблем, јас од тука ја симнував, па да знам кога ќе почнам да ја читам. https://thepiratebay.se/torrent/7866407/To_Kill_a_Mockingbird_by_Harper_Lee_(epub__mobi)
Дали има некој временски рок за да се прочита книгава или кој како успее ? Сепак сум тазе член и не сум баш информирана за правилата, доколку ги има.
Јас малку не бев во тек со изборот, гледам дека веќе сте поставиле нова книга, па од утре ви се приклучувам. Викендов не ми беше посветен на читање, уште си ја влечкам Before I Go, ама се надевам за брзо време ќе ја довршам. To Kill a Mockingbird одамна ја меркам, ама не знам што ме одвраќаше секогаш од неа, па си бирав други книги. Овојпат нема бегање
Јас по онаа книга од 1000 страници што ја читав, некако спласнав со ентузијазмот за наредна книга, ама ќе пробам да ја прочитам во текот на неделава.
До каде сте со читањето, женски ? Јас искрено, неделава повеќе бев надвор, одошто дома. Бурна политичка недела и книгата ми остана на 40-та стр. Инаку, интересна ми е. Како ви се чини, ако сте почнале со неа ?
Јас дури синоќа почнав да ја читам. Не знам дали ми е такво расположението, ми бега вниманието на други работи. Ама сигурно ќе ја дочитам, одамна се спремам, би требало за некој ден да ја довршам.
И јас не сум до нигде. Ја почнав, интересно делува, ама знаеме периодот како е. Ќе гледам да ја завршам и јас за некој ден.
И јас како вас луѓе Ептен бев загреана за книгата,ама бидејќи ми е зафатен периодов,си украднувам по 10тина страни на ден.Искрено,малку стилот на пишување ми е тежок за разбирање,дали дека одамна немам читано книга од тоа време пишувана и ми го успорува самиот процес на читање бидејќи се навраќам на некои реченици повеќе пати. Почетокот не ми е нешто посебно(да не речам досадно),ама очекувам многу поинтересни содржини накај средината.А не е многу страни книгата, 320.
Феминки изгледа на сите некако споро ни оди книгава, а? Јас едвај до втора половина стигнав, до душа немам време толку за читање периодов, ама и тогаш кога ќе седнам некако ми бега вниманието. Па препрочитувам страници. Вие до кај сте?
Јас останав на стр. 40. Недостаток на време Не сум знаела дека е лектира во средно ? Значиј а има со македонски превод....оној јужњачки дијалект во книгата ми го успорува читањето, морам да признам.
Кај нас не е лектира Инаку гледам дека насловот во весници го преведуваат како „Да се убие подбивната птица" ама мислам дека немаме наше издание Нека ме поправи некој ако знае.
Има издание од Магор, како дел од едицијата Ѕвезди на светската книжевност. Само не знам како е со преводот, тешко дека ја доловува суштината. Ако некој го прегледал изданиево, нека сподели мислење. Извинете што ви се замешав, не сум дел од клубов, ама ве пратам за оваа книга.