Ајде Зад затворени врати it is. И мене не ми се допадна воопшто Девојката од возот, не знам што беше толку фамата, ама се надевам оваа ќе биде подобра.
Јас дојдов само да ве поздравам, здравје на одмор кога ќе отидам ќе гледам да прочитам нешто од овде, инаку сега тешка работа. Пријатно читање девојки, секако нема да ви ги пропуштам рецензиите.
Јас се посветив сега на читање, па ако имам време и за книгава ќе ви се придружам, мада мене ми личи како да ја имам читано, некако толку многу прочитав во последно време што не знам што сум што не сум.Јас моментално читам Јо Несбо па ако стигнам и оваа ќе се придружам. Пријатно читање девојки.
Интригантен почеток има книгава. Ми се допаѓа фригидната атмосфера. Патем, Me before you е на тапет во темата филмско фоаје, ако не сте забележале. Може таму да го продискутираме и споредиме со книгата.
@Gosh една недела читаме, потоа коментираме - што значи до петок, според правилата на темата. Ама ти читај си, кога ќе дочиташ тогаш ќе коментираш. Јас ја почнав вчера и еве веќе втора половина читам, ме навлече приказната, само се надевам нема да испадне на крај разочарувачка како и Девојката од возот, кога веќе ја споредуваат со неа.
И јас ја завршив уште завчера... Ме остави и мене ,,без зборови'', ми се чини побезсмислена беше и од Девојката од возот, не знам ни дали вреди да се коментираа воопшто. Се запрепастив од оцената и коментарите на гр, се прашувам како е можно... Скоро и да немаше некој што не беше импресиониран од книгава.
Кога можам да почнам со плукање, овај, коментирање за книгава? До кај сте? За следна ја предложувам https://www.goodreads.com/book/show/256008.Lonesome_Dove , да, обемна е, ама барем да имаме нешто асално за коментирање, иако ќе ни треба време за да ја завршиме. Ама според критиките нема да биде залудно потрошено време. Иако и за оваа фрчат петки на гр, се надевам нема да биде така и за Lonesome Dove. Сепак, Пулицер има за фикција освоено. Дајте и други предлози.
Почнав да ја читам книгата, ама не можев до крај! И се утешив кога видов дека го делиме мислењето. Еве предлог од мене. http://www.goodreads.com/book/show/11038479-the-whisperer
Јас каснам со читање, ама решив да ја завршам, и покрај негативните критики за крајот Некако сè уште ме држи во неизвесност и ми го задржува вниманието, па ај ќе ја истерам. Одберете друга во меѓувреме и пишете ги критиките, да не се влечкаме
@RainBow ја почна Lonesome dove? Да ја ставиме неа ако не... Оваа другата не вреди ни да се коментира, ако реши @AnaKarenina да ја дочита и коментира, може и ќе се надоврзам нешто, зошто скоро и да ја заборавив.
Не сум ја почнала уште, ја дочитувам од Лусинда Рајли книгата. Ама оваа ми е следна на листата, па може ако сакате да ја ставиме. А за книгава моментално да кажам некој збор. Прво, не знам како оваа книга спаѓа во мистерии. Што побогу имаше мистериозно, кој беше пресвртот? Беше јасно од почетокот што се случува, толку беше досадна, монотона, немам зборови. Како да беше се обратно напишана. Знаеме дека е уште заробена, а во минатото гиопишува обидите за беганје за кои секако знаеме дека се неуспешни. Нема никакво исчекување кога веќе се знае исходот. Второ, нити стилот ми се допадна, нафрлано некако, неимагинативно, целата структура на книгата за никаде. Трето, ликовите поочајни не можеа да бидат. Човече, сестра и како ретардирана целосно беше со говорот, ама успеа да и текне да изглуми дека и требаат апчиња за спиење, па да не ги голта и да ги собира, па како да ја одвлечка сестра и во вецето и да и ги даде да го убие, ама не знае да сврзе една проста реченица. И ние треба да поверуваме во тоа? Имаше еден куп глупости, ама и мене веќе не ми текнува, а и не ми се бара да сепотсетам зашто нема потреба. Се сложувам со сите негативникритики на гр, иако беа ептен малку и се чудам како е ова успешен трилер и што толку се воодушевени луѓето.
Ја прочитав книгава уште пред десетина дена но, чекав некој од активните членови на темава да напише некој ред. Се осеќам малку ко натрапник. Инаку, да бидам искрена, немав слушнато ни за авторката, ни за делово но, имав неколку слободни дена, па читајќи ве овде, ми се виде ко да има потенцијал. Е, па моја грешка. Површна, усилена, пишувана со намера да се допадне на публиката но, без вистинска идеја и инспирација. Згора на сè, полна со стереотипи. Уште во првите поглавја почнав да се убедувам, сама себе, дека не постои издавач кој би застанал зад книгава и дека авторката се самофинансирала. Уште една грешка. Почетокот ми имаше призвук на книгите од Мир Јам. Сè е бајковито, лелеаво,совршено, скоро езотерично, за потоа да следи слаб обид за модерен трилер. И бидејќи во старт не е дадена конкретна временска рамка, додека да стигнам до Џорџ Клуни како ориентир, дејството си го претставував во 1950-ите години од минатиот век, затоа што однесувањето и зборовите кои ги бираше Грејс оддаваа впечаток на Stepford wife (во смисла на шаблонот за совршената сопруга), па тоа ме подведе. (Веќе пишав, не знаев ни тема, ни жанр на книгава). Но и покрај „розевиот“ старт, продолжив со читање, зашто сакав да знам што не е во ред со Грејс (ко Естер х 100). А тек, колку беше оскудна предисторијата на Џек. Цели 3 реченици поветени на тоа што го довело до тој садистички ментален склоп. И тие беа површни. (Го нервирала слабоста на мајка му како жртва, па се свртел против неа?!!!.) Ни елементарна способност за профилирање на карактер. Имаше некои мали недоследности, кои веќе ги заборавив, а не ги запишав. Но, тие не се проблемот во книгава. Ме нервираше усилената желба на авторката да предизвика wow ефект кај читателот и тоа се чувствуваше меѓу редови низ цела книга, особено во втората половина. И навистина, ретко можам да предвидам завршница но, ова беше дело со исклучително предвидлив крај, без ни малку изненадување. Накратко, книгава остава впечаток ко да е напишана од (со сета должна почит кон родителните што напуштиле работа за да си ги чуваат децата) stay-at-home mom со желба за сопствен бестселер, ама немала многу време за пишување. Ја почнав Lonesome dove но, поради обврски наредниве недели, ќе потрае читањето. Секако ќе ја следам дискусијата ако ја одберете.
И јас да кажам збор два за книгава.... Почеток беше интригантен и ветувачки, самата идеја и замисла за книгава ми се допадна, но како што се редеа страниците добивав впечаток како на авторката да ѝ се смачило од пишување, па ајде колку ради реда, усилено ја довршила. Крајот попредвидлив и побезсмислен не можеше да биде. Не ми се допадна концептот на пишување со тоа навраќање на минатото па на сегашноста, затоа што ништо воопшто не беше неизвесно. Не ми се допадна ниту стилот на пишување и описот на ликовите и местата. Грејс ми беше толку патетична како лик, што дури не ја ни сожалував. На почеток прикажана како непокорлив борец и како им се спротивставила на своите родители за да ја задржи Мили, а потоа кога го сретнува Џек - нејзина целосна трансформација од независна и успешна жена на 30 и кусур години во покорна жена и домаќинка. Смешни беа нејзините обиди за бегство, нејзината хистерија и непромисленост, за на крај уште една трасформација и каков ,,пресврт'' - извршува ,,совршено'' испланирано убиство. Моментот со вискито ми беше пресмешен - немам апетит, сакам виски, дојди заедно да пиеме, и се така секој ден после работа си пијуцкаат виски, а кога доаѓа денот д - еј, види имам нешто во око, дај да ти ја придржам чашата и таа така спретно изведува се... Omg Друга работа која ми беше исто така бесмислена моментот кога Џек ѝ се заканува да не пробува да каже нешто на било кој, со тоа дека имал ,,документ'' дека е непресметлива личност. Од кога тоа се установува со тврдење на некој си рецепционер на Тајланд? И уште за крајот да кажам збор - два... Естер ја собира од аеродром, знае за се, како да била во тек со сѐ цело време, без да поставува прашања, пијат кафе, се договараат од А до Ш што ќе каже и ѝ станува соучесник без да побара било какво објаснување. Која интелегенција ќе беше таа нејзина, без никаков друг доказ препозна психопат само врз основа на грешката на Џек кога се излаја за бојата на собата. Секоја чест. Накратко, можеби добра идеја, но никаква реализација. Книга преполна со лоши дијалози, лошо изградени главни и споредни ликови, еден куп дупки во приказната, уште повеќе нелогичности, што за мене како читател ми ја вреѓаше интелегенцијата и ми беше тотално губење на време.
И мене ова ептен смешно ми беше. Нормално дека требаше да викнат полиција, не може на само нечиј збор да ја остават работата, да бре, луда е оваа, мхм. Тоа беше сериозно обвинување. И пред сите пријатели да станеше и да речеше дека ја држи затвореник ќе направеа нешто. Од каде пријателите знаеја дека е она луда? Нели се до перфекција имаше спремно, нели беше перфектна жена? Естер пак, демек сфати од бојата што ја утна, а не сфати од тоа што оваа дојде со него на ручек, што одеше со неа до вц, што не ја пушташе да мрдне, што цело време имаше анксиозен израз на лицето, а демек нели, се перфекција. Не знам што уште дробам за ваква глупост од книга. Ама не можам да се изначудам на позитивните критики никако. Lonesome Dove ја почнав, негде до пет посто сум. Почетокот е малку тежок, детален, ама станува поинтересно. Гледам и по критиките дека треба да се издржи почетокот. А спремна сум на тоа зашто мислам дека книгава крие епска приказна. Некој друг да не ја почна, да ја ставам?
Како успевате да ги прочитате книгите, па и да продискутирате околу тоа? И тоа, не било каква, туку саглам дискусија! Јас не можам во одередена тема да напишам мислење, што ќе одговара на темата, се трудам да ја доловам темата, а вие на прочитани книги... Алал ви вера- немам што друго да кажам. А, можеби и јаќе земам да прочитам некој интересен наслов што ќе го објавите. Важи така?
Ја почнав и јас, ете и @do-re-mi пиша дека ја почнала, мислам можеш да ја ставиш. Ќе потрае читањето со оглед на многуте страници, но, кога можевме горенаведената да ја завршиме и коментираме, ќе можеме и оваа. Читајќи ги коментарите на гр, верувам ќе развиеме убава дискусија.
Јас за книгава претежно имав време само во автобус да ја читам, па затоа толку ја развлеков. Во меѓувреме не ја отварав темава за да не наидам на спојлери. Искрено не ми беше толку лоша како Девојката од возот, не дека оваа беше нешто поарна Вака почетокот ветуваше мистериозна приказна и реално ми го задржуваше вниманието, ама како почна да се одмотува клопчето, така сè повеќе бесмислени работи се случуваа Целото тоа држење во заложништво ми беше интересно на почетокот, се обидував да одгатнам со што Џек ја држи Грејс во рака, со што ѝ се заканува, нели, очекувајќи дека тука има малку подобра приказна од тоа: Мистер Хо ќе потврди дека си луда Грејс ми беше тотално изгубена како лик, не знам како може туку така да влезе некој во нејзиниот живот и да ја збрише од секој и секого, како да не постоела. Како да нема пријатели, роднини, колеги, родители побогу, кому би можела да им се довери. Како никој да не ја познава доволно за да процени дека нешто не е во ред, како да е нормално овој да се влечка со нејзе секаде, да можеше дури и во женското wc да влезе. Туку така дојде, ја зема за жена и почна да ја заклучува по хотели. Оваа ќути, мирно седи на вечерите, затоа што Џек нешто ќе ја депортирал Мели... what? Тој дел не го разбрав баш... Цело време си се ставав на местото на Грејс, си викам јас да сум ќе викам, ќе се дерам на цел глас, наместо да се преправам додека овој ме стиска за рака. А, и целиот тој момент со вискито ми беше многу sloopy. Од она што веќе сте го напишале, јас би додала дека ми фалеше малку подобра психолошка анализа на ликот на Џек. Многу штуро ми беше тоа напишано, како авторкава само да сакала да ни подобјасни зошто е таков, без малку подлабоко да навлезе во неговата позадина. Сакам психолошки трилери, така што тоа ќе имаше плус кај мене, ама останавме само на неколку реченици за карактерот на Џек. За новата книга не знам дали ќе имам време да ви се придружам, башка некако историски книги не ми се читаат во моментов, одбрав една чик лит Такви книги само во лето читам, да го пуштам мозокот на пасење Ама ќе ве читам во темава, па ако има добри коментари, ќе ја ставам и јас на листа за читање
И се закануваше дека ќе ја прател во asylum, лудница , такви веќе не ни постојат во денешно време, заборавив и на тоа колку се смеев. А кој па дава полномошно за сестра на човек што не го ни знае асално? Не можев да се изначудам дека и двајцата има полномошно, а не само она. Им нема крај на нелогичностите во книгава. Која чик лит ќе ја читаш?