Читај ја кога ќе ти треба нешто позитивно. Нема вакви небулози како оваа, подобрена е многу. Иако си е само едно лесно четиво и како такво треба да се чита. Што ќе правиме за следна?
Секако ја имам префрлено веќе, ќе ја пројдам наскоро. Ме интересира каква е, ама ќе почека малку. Сандра Браун да ја читаме? Или ако ти се чита историска драма, онаа од Пам Џеноф, The lost girls of Paris. И таа е преведена. Па можеби ќе се пресрами уште некој да се придружи. Бирај која ти фаќа око, јас овој пат немам некои посебни желби, ама ќе имам предлози за нареден пат, ќе издвојам неколку кои ми фатија око.
Не знам и јас за што сум расположена. Мислам дека не сум пак одма за историска. Повеќе некако сум за Сандра Браун. Иако прво се мислам да ја прочитам од Џон Бојн зашто не може да ми излезе од глава и едноставно морам да ја прочитам.
И јас не знам што ми се чита, ма да ми фали многу некоја убава романса. Ама не од модерните со еден куп експлозија и секс вајбс помеѓу ликовите, туку нешто баш убаво, искрено и интересно. Ај ќе паузираме ако не додека не ја завршиш оваа од Џон. Имам и јас една што сакам да ја завршам па може да се навратиме пак со некои предлози. Ако не најдеме нешто друго, нека си остане Стапица од Сандра. Стварно одамна немам читано нешто од неа.
Ај додека дочитаме ова нека стои од Сандра, можеби некој ќе се накани да ја земе од библиотека, или ја има веќе, па ќе се приклучи. Па ќе видиме после и други предлози.
That's the spirit. Ајде редно е да го раздвижиме клубов, да се собереме што повеќе луѓе како некогаш. Утрово листав на Goodreads и најдов фини идеи, некои и со превод, ако веќе тоа е пречката поради која повеќето се решаваат да ги одминат одбраните книги овде.
Пиши кои ти се следни за читање па може да вклопиме некоја, зошто да не. @RainBow да не ја почна Сандра? Јас најверојатно утре ќе ја почнам, денес да ја завршам оваа што ја дочитувам, надежно.
Не сум ја почнала, сега асално почнав да ја читам A ladder to the sky, веројатно едно два дена ќе ми требаат да ја завршам, па после оваа ќе ја почнам. Да, пиши што ти е на листата, па ќе ставиме нешто тука.
Па таман, јас и онака бавна сум деновиве и со многу лоша концентрација. Да се фалиш ако е убава, иако не се сомневам дека е. На Киндл ми е, па ќе ги поттурнам погоре на листата.
И јас исто. И ми се спие многу. А книгава си бара концентрација, дијалозите не залсужуваат само човек да прелета преку нив.
Инаку, излезе новата од Ruta Sepetys, ми звучи ептен примамливо, па баш да видиме. The Fountains of Silence, за Шпанија во времето на диктатурата на Франциско Франко. Звучи многу интересно, јас ќе си ја ставам на Киндл па ако ти фаќа око ќе кажеш. Почнуваат да ми фалат историските, се изначитав трилери што не ми се допаднаа, ако не ја биде ептен ќе се разочарам. Другите две од неа што ги читав ми беа убави, за оваа ептен сум љубопитна.
Јас ја дочитувам When I was invisible од Дороти Кумсон. Преубава книга, иако ми оди малку бавно зашто немам време, ама навистина ми фалеше таква книга. Колку убав троубек си направив, авторкава ја немав читано од средношколски денови. Сандра ќе ја стартувам утре, па ќе видиме што има и она да каже.
Стапица ја читав и ми се допадна многу. Гледам сега и други книги да прочитам од Сандра, ја купив Главен удар.
Да ја активираме темава? Што читате? Дајте некој предлог, на македонски, на англиски, небитно, може да избереме нешто да читаме и да дискутираме.
@CameliaMiller @Mishela Да ставиме нешто тука за читање? Што ви е на листата? Јас пак не знам што да почнам после The Push, а да не западнам во reading slump. Дајте некој предлог.
Ако ти се чита нешто со иста тежина, ќе кажам само wow, храбро. Јас читав некои лесни книги, ми требаа такви баш за да се расположам. Инаку веќе ја почнав Сè што никогаш не ти кажав од Селест Инг и многу ми е добар почетокот. Знае она да напише добра фамилијарна драма, барем таква каква што уживам да читам. Ако ви се чита нешто вакво - придружете ми се. Други некои од листата: - Transcendent Kingdom - Yaa Gyasi - The book of longings - Sue Monk Kidd - The mountains sing - името на авторката не знам да го напишам - Pretty little wife - Darby Kane Сакам да се вратам на читање драми, историски драми, ама улетува и по некој психолошки трилер.