Не сум читала уште ништо од Кристин, иако ги имам симнато сите нејзини книги. Едноставно, дека е многу фалена по книжевниве групи, немам желба. Ама можеби некогаш ќе дојде на ред. Некогаш.
Значи сепак ќе ја скокнам Ирса засега. Нешто ич не сум во расположение за трилери. Евентуално некој психолошки, излегоа некои периодов, па ќе се најде нешто. Ајде прво да ја прочитаме оваа, па ќе видиме по групново расположение, ќе се најде нешто убаво. Инаку да @Annath, мислам дека баш тоа ја инспирирало да ја напише книгава, како да читав дека е по вистински настан пишувана, само не знам кај беше. Можеби негде низ рецензиите на Goodreads, не се сеќавам.
Реално, сите книги исто и се движат, првата половина додека ја постави приказната, толку се влечка, толку описи, ја крена чашата, ја спушти чашата, повторувања има многу од кои навистина нема потреба. Потоа, во втората половина се забрзува приказната, сите емоции се напикани во едно и некако ти го оправа впечатокот и за првата половина сосема малку. Ама, тоа со првата книга, натаму веќе е провидно.
Па истата приказна е... Џулија Тофана била аптекарка во Палермо и направила напивка само за жени кои сакале да се ослободат од мажите поради насилство или слично. Имала неколку услови за купувачите за да не ја откријат што прави и да остане незабележана, и долго време била успешна во тоа што го правела. Напивката доаѓала со упатство за употреба, не било труењето наеднаш, туку постепено. Интересна приказна во секој случај.
Да, ги побркав Secrets she left behind e втора после Before the storm, а неколку пред The Push ги читав Firefly Lane и Fly Away. Кристин е скоро чик-лит според мене, ама сепак (пак според мене) далеку подобра од класичен чик лит, мислам на Сара Џио, Дороти Кумсон и слични. Убав стил има, интересен, читлив, без преголеми пресврти или драми... мене ми се книги што "течат", од точка А до точка Б, затоа и бирам да ја читам меѓу посериозни и потешки книги. Ми се допаѓа како пишува, не е клише, интересни приказни има, многу човечки, да, предвидливи, баш онака како што очекуваш да се случи и во реален живот Лично ти ги препорачувам The Great Alone (мој фаворит) и The Four Winds, можеби малкуцка подоле од првата, ама тоа не е до писателката, туку до Dust Bowl што таа одлично го доловила.
Да кажеш дали вистински има духови во I remember you, или протагонистите само мислат дека има духови Да знам дали да ја ставам на листа.
2016 сум ја прочитала, колку што сеќавам имаше вистински духови, памтам дека беше ептен крипи и intense. Има и филмче базирано на книгата инаку https://www.imdb.com/title/tt4966532/?ref_=nv_sr_srsg_0
Јас сум до пола отприлика, интересна ми е книгава. Ме потсеќа малку на книгите на Сара Џио и ми се скрши филмот зашто повеќето нејзини книги не ми се допаднаа. Во книгава, Керолајн ми е ептен несимпатична и со душа чекам да завршат нејзините поглавја. Ме интересира како ќе се спојат работиве и многу ми се допаѓаат поглавјата што ги раскажуваат Нела и Елиза. Е тие делови ми се интересни ептен. Другото така-така.
Затоа 4/5... 4 за Нела и Елиза се Ајде дочитај, после можеме да пишуваме спојлери без да ги ставиме во спојлер, нели?
Ќе видам баш како ќе се заокружи другата половина и крајот, засега ми е некаде меѓу 3 и 4. Ни таму, ни ваму. Обично таков е шаблонот за овие книги, минато Вс сегашност, ликот во сегашноста наоѓа некои чудни траги и затоа што му треба пауза од животот поради егзистенцијалната криза низ која минува, си се впушта во авантурата на големо и магично се наоѓаат некои спојки. Се надевам нема да дознае дека Нела или Елиза ѝ се некои далечни роднини по мајка, татко, баба или дедо. Ова ми се само претпоставки, мисли, кои можеби и нема да имаат логика на крај, баш ќе видиме. Ме интересира тоа, а Нела и Елиза ми се интересни ептен па брзо оди книгата. Инаку со спојлериве сме кога-како. Пишете како сакате да правиме, ќе се договориме.
Знаеш дека јас би сакала вака слободно да си пишуваме Многу ми е без врска секое мислење - спојлер. Може на почеток да ставиме спојлер алерт Дочитај ја, да не ти расипувам сега
Книгава брзо се чита но јас никако да ја завршам, имам уште 100 страни. Исто и мене “ чаптерите” со Нела и Елиза ми се многу по интересни, Керолајн ми е меех.. За сега ми е 3.5/4 звезди, на почетокот бев сигурна дека ќе е 5 ама не нема да е Амм... не знам дали е спојлер нема да одам во детали само ќе прашам. Дали само јас дури читам за Елиза и нејзиното крварење цело време си мислам кутро девојче ќе фати некоја инфекција? Имаме околу 2 недели до април, мислам ќе е интересно секој да предложи по една книга и на крај да се одбере една од предложените да се чита наредниот месец, Yes/No? Maybe So?
Да, баш сакав да пишам за ова зашто така имав замислено и јас. Прв пат кога ќе пишеме рецензија и наше мислење за книгава, да дадеме по една предлог-книга за наредниот пат. Па ќе ставиме анкета ако има потреба. Еднаш до два пати месечно ако го активираме клубов би било супер. Таман секоја ќе си има време да си чита и нешто друго по избор. Јас синоќа рано легнав и ништо не читав, си остана книгата на 60%. Денес ќе ја продолжам, брзо оди.
Луѓе, ја завршив книгава и јас. Ми беше баш како што викаат букблогерите - a pleasant read. Ама ништо повеќе од тоа. Колку аамо поубава можеше да биде, ако некои работи беа подобро осмислени... Сепак, заклучивме дека брзо се чита, што значи едноставно, доволно е примамлива за да ти фати внимание и да те тера да ја прочиташ што поскоро. Пак би читала книга од истава авторка, ова беше добро деби. Ќе ве почекам да се собереме, таман ќе седнам на компјутер и ќе напишам мое видување, критики, пофалби, за да не типкам од мобилен.
Јас сум при крај некаде, ќе ја дочитам попосле да дозавршам со работа. И мене деловите на Керолајн ми се блех, и тој дел од приказната ми е скроз веќе видено. Жена доживува нешто големо, пробува да се отргне од тоа, да се пронајде себеси, па сосема случајно нели наоѓа туку така нешто од минатото, па истражува и секако се расплеплетува приказната толку брзо. Али Елиза ми е скрос интересно девојче Сега видов Мишел горе го пишала истото
Јас не ја ни почнав. Вака па кога ве читам нема ни желба воопшто за таква книга во моментов. Ја читаме со ќерка ми Нарнија, до третата книга сме и ептен сум во светот на фантазијата, па ова ми е чиста спротивност некако. А и некако ми се здосадени книгите со овој шаблон, што знам. Ќе ве прочитам целосно со впечатоците веројатно.