Да во Америка сум. Имав unlimited ( ми дојде 3 месеци free кога го купив кинделот) и после го откажав, многу ми се збираше, kindle unlimited, owlcrate, BOTM плус книги купувам ко да сум на норма Сакам после Април да откажам BOTM, Owlcrate веќе неколку месеци не земам, и можно е да се вратам само на kindle unlimited, не е скапо ич само $10 месечно, и избор им е Ок.
Мислам дека не мора толку да се ограничуваме, еве ќе ја почнеме сега оваа, па ќе видиме како ќе оди читањето на повеќето, обично кога си поставуваме некакви граници и се форсираме брзо замира клубот и се откажуваат членките. Па ќе си пишуваме како што читаме и ќе си одбираме. И јас од вечерва планирам новата да ја почнам..
Не се ограничуваме, напротив. Отприлика само си кажуваме која какво темпо има за да си најдеме начин што ќе им одговара на повеќето. Фино ни оди муабетов, па ќе пробаме наредниов период. Ако ни здосади, ќе одиме на мал распуст. Мене порано темпово на клубов ми одело пребрзо. Некогаш и дури дочитам, се одбрала и се дискутирала друга книга, па сум пропуштила. Еве Ане можеби ќе сака да си ги нарачува книгите, да си испланира за да и стигнат, па затоа си прашува отприлика да знае. Секако ќе пробаме и ќе видиме како ќе има интерес. Нека си стои ова со двете книги чисто ориентационо (причина плус да се собереме на муабет два пати месечно), па ако нешто не ни се допаѓа ќе си прилагодуваме по потреба. Ќе додадеме уште една книга ако се случи да завршиме брзо, ќе напраиме пауза ако не сме расположени за ништо и така.
Го гледав и ја BOTM ама не ми фати око. Регистрирана сум, може ќе го пробам за некој месец. А киндле унлимитед ми е искористено ептен
И јас од тука симнувам. Плус mobilism, librarygenesis, vkbooks. Нема што нема, да живее пиратеријата и да користиме додека можеме. И јас ја почнав книгава. Ептен ни се засвиѓа изгледа 16ти век од минатава книга па и оваа ни се погоди со ист сетинг во 1700 и некоја. И ѕвездите ни се наклонети, ете. Уште да ни се погоди книгата и топ.
И јас почнав. До пет пост моментално, ме навлече. Ми се допаѓа пишувањето, некако мечтателско ми е. И јас од тие страници симнувам, барам по торенти или директ од гугл, па по некои сомнителни сајтови. Зависи колкава е желбата за книгата.
Да ви се приклучам и јас. Само што ја завршив The lost apothecary и од мене има 3/5. Истото би го кажала како сите овде дека едвај ги дочитував деловите на Каролајн, толку беше нафрлана нејзината приказна. Наоѓањето на епруветката и поврзувањето на сите настани ми беше тоо мач. Деловите на Нела ми беа најинтересни и баш сакав да беше опфатен поголем дел во приказната. Делот за Фредерик можеше да биде повеќе разработен. Единствена позитивна работа од приказната на Каролајн беше што се раздели од сопругот. Да го немаше делот со сегашноста, а за таа сметка да беше подобро опфатена приказната на Нела книгата ќе беше чиста петка.
А може само да ве читам? Не дека не сакам да ви се придружам, ама... Не знам оти не можам да читам книга по задача. Не ми е траума од школо, немав проблем со лектирите, ама ете, вака не ми доаѓа. Не дека не можев да ја прочитам аптекаркава, ама после серијалот на Тес слабо ми оди читањето, дали дека првата книга после Тес ми беше ултра досадна, ама и се запнав да ја прочитам, пошто ни јас не сакам недочитано да оставам, се мачев. Ај ќе видам да ја симнам оваа, па ќе пробам да ја прочитам.