Оваа сега што ја читам, со Addie, мене ептен ми е забавна, иако сама не би помислила ни да ја погледнам Иначе после Тес, се' изгледа "млако"
И јас ви спомнав, не знам зошто еве сама не се решавам да сменам од тоа што вообичаено си читам. Се плашам ли дека којзнае што ќе прочитам па нема да имам поим за што се збори, не знам навистина. Со бујна фантазија сум и се чудам еве зошто не читам вакви книги почесто. Книгава има убав почеток, не прочитав многу, ама убаво почна и се надевам така да остане.
Читате? Јас стасав до вториот дел 90 страни. Уште пред да излези книгава се крена ептен прашина, и штом излезе одма ја купив но не ја зачитав. Толку беше популарна каде и да отворев фб, инстаграм јутуб ама буквално само за Ади се зборуваше. Буктуберкиве што редовно ги следам сите по 5 звезди и дадоа, но исто напоменуваа дека е slow pace, јас не сакам бавни книги и реков нека стои можи некогаш ќе ја прочитам, ама не ми се верува Ама ете пишано и било да ја читам во друштво . За сега ми е интересна, и баш се радувам што поглавјата се кратки и брзо се читаат. П.С. видете на Ади кој и прави друштво вчера ја порачав, денес стигна.
Дефинитивно е slow pace, и тоа е единственото што до сега го имам како замерка Јас сум до 28%, колку страни тоа би било не знам, околу 450 е вкупно книгата, значи некаде (само) 126 страни сум прочитала
За 24 часа стигна. Магацинот на амазон е само 15/20 мин. возење од каде што живеам. Стварно кориците се пре убави, не се познава на сликата ама црвената боја е металик и изгледа како оган, милина Обожавам книги со убави корици, оваа ми е new favorite @CameliaMiller само 126 јас 90 и си велам браво бе, звер си Ме плаши дека ќе почни да ми здосадува ако си течи вака баавно
И јас ја почнав уште сум на почеток. И нешто ми се измеша... Филмот The age of Adaline е снимен по книгава? Или само имаат слична приказна?
Само приказната им е слична не се поврзани. Филмот прв излезе уште пред неколку години а книгата 2020 во октомври. Можеби Шваб добила инспирација од филмот за темата на книгава
А јас па не ни проверив кога е книгата излезена Добро, инспирација, ама и имињата им се слични, да не речам исти.
Овде во книгава Ади побара помош од ѓаволот, а во филмот на Адалин ѝ се случи несреќа па затоа „заглави“ вака без нејзина волја. Оваа Ади во книгава, не беше ни свесна во што се впушта. Мене инаку многу бавно ми оди, имав работа деновиве па доста бавно читам, тек сум на вториот дел. Убава е и ми се допаѓа пишувањето, само ми е многу бавна и се надевам дека нема да почне да ми смета до степен да ме смори. Ќе ве стигнам викендов.
И мене бавно ми оди, до вториот дел сум. Интересна ми е приказната, ама една глупа ситница ме изнервира. Стварно глупа дупка е у приказната ама Spoiler Океј ако пример ја напуштат просторијата кај што е Ади ја забораваат така? Е сега вика дека има поминато пример цела вечер со ликови, ликот нели ќе оди во вц и толку ќе ја заборави Знам дека цепидлачам сега и не се оставам да уживам во книгата ама сакав да споделам.
Јас ја прочитав Имам што да кажам де, ама ќе ве чекам да прочитате. И сменете го името на темата @RainBow
И мене бавно ми оди, ама јас и немам сега толку време за читање, на работа не читам како порано. Морам да си кажам дека ми се допаѓа стилот на авторката. Уживам во читањето, па и не ми пречи што ми оди бавно.
И јас заглавив со работа неделава, навечер сум капната а само тогаш имам време за читање, па ми паѓа главата. Добро е што и толку прочитав. Имате право инаку, бавна е ама не е досадна да вртиш очи и да се прашуваш ќе тргне ли работата или не. Засега навистина ми е убава, единствената замерка е тоа што е бавничка и толку. Ќе видиме што ќе бидне понатака.
Најбавни и долги ми се гледаа деловите од минатото, тие ми беа така развлечени. Остатокот ми беше прекрасен за читање. Од мене 5/5.
Добро, јас сум до 25% некаде. Моментално е во Париз. Она што ме нервира и упорно го мислам е следново. Зошто едноставно не влезе во гостилница, во нешто, не се најаде убаво, не оди после до вц и секако ќе ја заборават, па може само да си излезе? Зошто толку се мачи со храната? Имало во тоа време валјда гостилници штом имало да платиш и да преспиеш?