Пошто сите ја прочитавме, да одиме на FD? Не знам @RainBow до каде е? Има ли уште некој што се' уште ја чита?
Јас ќе ја почнам Firekeeper's Daughter, и онака е 500 страни, нема да е баш брза за читање После неа ќе читам нешто од "моиве".
@Stephen Amell и @sweet-cherry читаат уште мислам. Почни ја ти следнава ако не ти се почнува друго, не се секирај. И јас кај и да е ќе ја завршам оваа што ја читам па ќе се придружам. Ќе се почекаме после со дискусијата сите и завршена работа. Инаку синоќа сакав нешто да додадам за дискусијава околу Ади, ама сум заспала и ми испарило од глава. Поим немам што сакав да кажам, ама еве да си кажам дека би читала и други книги од авторкава зашто ептен ми се допадна како пишува. Толку едноставно, искрено, без којзнае какви украси, а прекрасно. Полно со емоции. Јас на пример паѓам на смотани фрази како онаа - трепнуваш и поминала една година дури се освестиш. И целата книга беше полна со метафори, секоја од нас да си ја протолкува на свој начин до некаде. Сакам вакви книги, ептен. Нешто ми фалеше да ми биде одлична книгава, но сепак успеа да ми остави впечаток.
Одберете си следна, заглавив јас, пребрзи сте. Ќе се надоврзам само кога ќе ја завршам. Тагнете ме само да сменам наслов.
Читајте вие, јас не знам дали да ја читам оваа, не ми фаќа око некако. Додуша не ми се чита баш деновиве, и Ади со сила ја дочитав.
И јас имам уште неколку страни од мојава што ја читам и утре ти се придружам Ставете линк и за другите што сакаат да читаат .
И оваа книга ли ќе ја изедете за доручек, @CameliaMiller, @ane.bella? Шала на страна сега, браво луѓе што читате волку брзо. Јас сум со многу лоша концентрација, имам чувство дека 5 минути читам, 15 летам со паметот. За викенди сум побрза зашто немам некои обврски, па полесно оди. Деновиве најверојатно ќе ви се придружам, таман да земам залет викендашки зашто онака преку работна недела тенко предам. Еве ја книгата во пдф, кој сака нека симнува слободно. Само не знам што е со странициве (верзијава има 388 ), до форматот ли е, немам поим. Симнав и една друга со 420 страници и врска немам која е разликата. Помалата успеав да ја прикачам, па нека оди таа тука. Другава е 7мб, многу е голема за директно да ја прикачам, а ако некој сака да ја најде - симната е од z-library.
Јас од z-lib ја имам, ако сака некој на меил можам да му ја пратам. Затоа предложив да имаме книги побрзи измеѓу големиве, оти сите имаме различно темпо/време.
Ајде за да не комплицираме, нека остане вака па измеѓу ќе може да си чита секој нешто по желба. Ако нешто не оди, ќе менуваме тертип и ќе експериментираме. Само да не ги заборавиме книгиве што ги предложивте, мене сите ми се допаѓаат и повеќево личат баш ко да имаат што да понудат за дискусија. Оваа на @Skyfall ептен ме освои. Ептен им влеговме на драмиве , ајде да видиме FD како ќе се покаже, па здравје ќе му ја мислиме.
Јас вчера вечерта ја дочитав Ади. Мене ми се допадна, иако мислам дека некои делови беа раздолжени повеќе отколку што треба и имаше доста репететивност. Повеќе се поврзав со приказната на Хенри, неговите struggles со кои се соочуваше, тешкотијата да си го пронајде патот, и очајот да прифати deal што ќе му ги олесни сите тие чувства. Имало моменти каде што сум се чувствувала така и што буквално си имам размислувано душата би си ја продала да не се чувствувам веќе вака. Ама и Ади ја разбирам, едноставно не сакаше таков живот, каде што ќе се омажеше, ќе родеше деца, немаше да мрдне од селото и немаше да види и искуси ништо. Буквално тоа и беше поголем страв од било се. И од толкав очај да не дозволи да и се случи токму тоа направи зделка за која што не ни знаеше какви точно услови и понуди Лук. Како лик многу ми се допадна Ади, толку силна, упорна, решена да не се предаде. Ми се допадна како и после 300 години живот се радуваше на секое ново нешто што ќе го искуси и сфати дека зделката сепак и вредела. И крајот ми беше онака погоден на место, конечно го надмудри ѓаволот и го искористи она неговото дека еден збор може да смени многу, мислам дека нема потреба од втора книга, ама ако има би сакала да ја прочитам, иако оваа ми одеше доста споро. Инаку да, ќе има филм за книгава Искрено Firekeeper's daughter не ми фаќа око, па би ја скокнала, ќе ве дружам за наредната. А за the seven husbands of Evelyn Hugo обавезно би ја читала, и таа ми е долго време на листа, а и е многу зборувана. Од мене предлог за понатаму е книга која што ми излегува секаде, се изначитав позитивни reviews, The midnight library-Matt Haig
Кои останавме со FD? Ако нешто ви значи, не е лош почетокот. Иако е пак YA. Следно ќе одам на нешто во комфорна зона
Јас бавно читам,со концентрацијата сум исто како тебе @Mishela, многу често читам,читам а не обрнувам внимание, само лапам празни реченици и после се враќам назад да препрочитам. А нај често таман ќе се сконцентрирам и ќе ми тргне и тогаш децава ќе почнат да викаат мамо мамо... и така За Ади и јас сама се изненадив колку брзо ја прочитав, ама изгледа во друштво ми оди по брзо читањето, ем овде со вас ем дома и ММ се зачита, па навечер место да гледаме серија пред легнување ние читавме Едит @CameliaMiller за сега сме јас и ти
Јас општо брзо читам, освен кога ќе ме фати криза, тогаш со месеци може книга да не фатам Сега секако не ни имам што да правам, сериите на мим досадни ми се (а и општо не сум по серии баш), во 10 полициски почнува...
Во друштво секогаш е поинтересно. Ќе ви се придружам и јас деновиве, ја почнав тогаш кога ви ја спомнав, прочитав неколку поглавја ама ја оставив да ја читаме заедно ако случајно ви фати око.
Дефинитивно. Јас приватно не познавам некој да сака книги колку мене, освен мајка ми, ама сосема различни жанрови читаме Па тука вас што ве имам. А многу сакам да зборувам за книги, посебно такви што ми оставаат силен впечаток. Само вас не сум ви досадна
Ќе ја почнам и јас The firekeeper’s daughter од вечер или утре. Ја дочитувам книгата што ја оставив за Ади. @Mishela ако им се допадне на другите може таа следна книга да биде и мене ме фати око
Book of the month само што ги објави книгите за овој месец, guess what? The Firekeeper’s daughter е на листата, too bad јас си ја купив пред нив @CameliaMiller овај месец имаат супер избор ко за тебе, има 3 или 4 трилери / мистерија. Сакам да земам 3 книги а не знам што да изберам. sorry малку на темава, малку off topic сум
Пофали се што ќе земеш, да си планираме таман нешто и за во клубов. Јас сабајле ја симнав The Poet од Lisa Renee Jones (белким не и го утнав имево), ми текна на @CameliaMiller одма во секунда. Можеби ќе ви фати око за некогаш, трилер е и многу ме интересира како го извела зашто авторкава пишува еротски романси па се чудам што и текнало да сврти накај трилери.
Овие три ги зедов Првата Arsenic and adobo мислам дека ќе биде супер за тука сите да ја читаме, мистерија е со доза на хумор. Од описот: " That awkward moment when your ex boyfriend gets poisoned in your restaurant and everyone thinks you did it " интересно звучи FD уште не ми е почната, се надевам дека денес ќе ја почнам.