@ane.bella читам секаква романтика таа што ја стави The Archer’s voice читана ми е. Интересна е @RainBow направи анкета и најубаво така ќе избереме книга мислам
Eве од мене две книги, не можам да се одлучам за една, па видите која ви се допаѓа повеќе. Двете се од Џон Бојн, мене човекот ми пишува маестрално, ме погодува во срце едноставно, мислам дека рапсоложението ми е некако носталгично, баш за една од неговите приказни. A History of Loneliness The Absolutist @ane.bella друго е штом сакаш такви книги. Ајде ќе наместам една анкета од предлозите, од сите по некоја, па ќе видиме.
Сега некако премногу книги има за на анкета. Може сите да одберете по една и да напишете која би сакале да се најде во анкетата? Па вечер ќе ја поставам.
Да, само првата книга ја прочитав од серијалов и тоа пред скоро, а другите ги симнав ама не сум стигнала да ги читам. Многу откачена авторка, читав и други книги од неа и ептен контроверзни теми обработува. Имаат приказна ликовиве, не е фокусот само на експлицитните сцени и тоа ми се свиѓа. Ќе го дочитам серијалов секако, само не знам кога.
Па види, читав фантазија, читав YA, редно е ферски едно триле(р)че, да можам после романсата да ви ја читам
Во право си. И не само што си во право, туку сега срам ми е да стиснам нешто друго. Е вака се собираат гласови, со мудра стратегија. Шала на страна сега, добро би дошол каков било трилер, мала пауза од драмиве. Не ми е лоша FD на 30% сум ама некако бавна ми се гледа. Интересна ми е ама бавна засега. Зошто бре нема некоја совршено издозирана книга, да посакаш да ја пројдеш на едно седнување.
Ако Ади беше бавна оваа е полжав среќа што паралелно ја читав и every last fear, па можев да ја дочитам инаку бев спремна да се откажам.
Тежок slow-burner и оваа книга, на раб сум да почнам некоја кратка новела паралелно за да не ми е толку досадно. Баш ми се допаѓа замислата за книгата, приказната, ликовите, ама не верувам да и дадам повеќе од 3 на крај. Првите неколку поглавја ми беа фантастични, ама како да се забави темпото, се изгуби динамиката, не знам. Негде околу 40% сум.
На почетокот реков дека ќе читам по 50 страни во ден и таман за 10 дена ќе ја завршам, нешто баш не ми оди по планот, со сите сили стигнав до чаптер 22