Гледај па кажи што мислиш за буктуб Ех, сакам и јас пиратски ама многу ми е страв Да напрам едно списоче па да ми пратиш бар неколку
Абе на кирилица ќе ти ги праќам, ќе ги крстам Рецепти на тетка Ката, па нека дешифрира ако некој баш до толку сака
@ane.bella, @CameliaMiller, јас праќам на мејл, сите книги зипувани во папка, папката потпишана со бројки некои. Редовно вака снабдувам другарка во странство со книги, досега немало проблем. Во спротивно ќе се пофалеше дека добила честитка. Мислам и овде на форумов во пораки не би било проблем, ама немам пробано и не би знаела да кажам со сигурност. Туку, оваа Ени е права стринка. Абе до толку се за никаде вентилациите па сè се слуша кристално чисто ко да е таму на сесијата со Сем? Скептикот во мене трајва.
Ауч. Професионална деформација ми се вакви работи, тоа е. Не можам да се воздржам од смеење. Поуверливо ќе ми беше да била подосетлива или да чули уши него ли дека вентилацијата овозможува нешто вакво ама ај...доволно ми беше од оправање мајсторски работи денес па ќе ќутам и ќе читам. За другото тек ќе видиме, рано е да пројавам симпатии и да навивам за некого. На 25% сум отприлика, брзо оди ама нешто ми вика дека нема да кликнеме со книгава. Пак го имам тоа чувство ко да ја читам Парис, ама тоа веќе си е до мене. Се гледа како глупостите на таа жена оставиле длабока трага врз моето читателско искуство.
Па не е баш најдобар трилер, избрзан е, можеле да обрнат малце внимание, да подразмислат... што знам Ама за мене беше 3+ (а заокружувам на повисоката секогаш) баш затоа што имаше wtf момент што не го очекував Крајот исто, можело уште 20тина страни да се допишат, ми фалеше дообјаснување некако Ако претходниве беа преспори, оваа беше апла пребрза Дајте препорака за некоја така семејна драма, нешто во стилот на The Push, бидејќи сум на пола на Every Last Fear.
Ѕирни дали нешто од Џоди Пико ќе ти фати око. Она пишува прекрасни драми со контроверзни теми. Ама гледај од постарите книги, поновите и се малку послаби. Со неа едноставно немаш утка, мој фаворит е Leaving time. Се опседнав со слончиња откако ја прочитав мислам. Прекрасна, прекрасна книга. А со книгиве за во клубов сме или формула или желка, средина нема. Ако ајде, битно да ни е забавно.
Мислам дека ќе ти се допадне, па ќе кажеш. И Small great things од неа беше многу добра, ама оваа со слончињата ми беше не знам, ептен ме погоди кога ја читав.
Убиства и насилство дефинитивно нема, главниот лик работи со слонови, ама има други емотивни работи. Штом тоа ти е тригер, хмммм. Ај види ја The pact тогаш, или другава, Small great things.
Рецептите на тетка Ката кај ти текна Имам неколку симнато од форумов и се е во ред до сега, плус научив како да ги ставам и на кинделот. Вечерва не ама ај утре може ќе напишам десетина книги( скромно а?) во ПДФ темана па ако ми најдете некоја ставете линк Многу не се разбирам од трилери покрај GB имам само уште една друга the wife upstairs, си велам дека е семејна драма, види ја ако не ти е веќе прочитана. FD изгледа ќе ја прават Нетфлекс серија
Јас кога читам критики на гр со оние со кои ептен се согласувам одам на профил и на споредба на книги и ако имаме многу заеднички со кои сме се согласиле ги заследувам. Знаеш дека ова со вентов е стара техника. Па и тонови во гласот слуша, како е кажано, на кој начин. Инаку, не ми се допаѓа ова коментирање на книгата и спојлерисување како ја читаме. Повеќе ми се допаѓаше порано, се завршува книгата и почнува дискусијата, така никој додека читал не прочитал нешто не сакајки, плус одеднаш кога се дискутира е поинтересно, кога сите работи се наведуваат и некако е подокажано, отколку вака нафрлано низ постовите. Може да си зборуваме за други книги, да даваме предлози за наредната, но да почекаме да завршиме сите со тековната, па потоа да ја отвориме дискусијата, па ќе имаме за што да си зборуваме додека ја читаме наредната.
Права стринка е - све зна, све осеча. А ова инаку не е спојлер, го пишува и во кратката содржина на книгата, синоќа проверив пред да напишам. Други спојлери не знам дали биле споделени, мислам дека не.
Не читаме со исто темпо затоа, плус две големи бавни книги едно по друго. Те голицка да пишеш откако ќе ја прочиташ Јас сакам некој предлог за мистерија или доместик ноир. Ми се чита и некоја романса ама во стилот на Тарин Фишер и Колин Хувер.
Ја прочита The wife upstairs? Доместик е баш, само малце како веќе видено ми беше се. А од Тарин најновата дали успеа да ја прочиташ? Оваа The wrong family мислам дека беше, така некако. Поделени се мислењата и многу се жалеа дека не била воопшто примамлива за читање па се зачудив дали навистина е таква.
Да да ги прочитав и двете. The wrong family не е баш типична Тарин книга можеби затоа се поделени мислењата. Не може да се спореди со првите книги какo Mud vein на пример.