Би ја читала, ја сакам Тарин. Ај што е убавица женава, ама има некој чукнат хумор, ми оди. Ја гледав и The echo wife, aма не бев во расположение за такви книги па баталив. Ја ставив на Киндл, гледам малечка и она па може ќе ја биде. Ако најдеш некој добар доместик ноар, те молам кажувај.
И јас ја гледав the echo wifе ама некако не ми фати око. Нема добар доместик ноир во последно време некако сите наликуваат една на друга или се пре патетични.
Браво. Ќе завршам и јас кај и да е, сега видов на 56% сум. Мислам дека до утре ќе сум готова. А ништо чудно и вечерва да ја пројдам, ептен брзо оди.
Женски, од кај може да ја најдам Goodnight beautiful во пдф?Би сакала и јас да ја прочитам.. Едит: Ја најдов.
@Mishela некаде на 25% сум од книгава и уживам не толку во приказната сега за сега, ама во деловите за Алиса и слончињата Ќе видиме до крај како ќе биде, ама сега за сега фала за препораката, баш ми легна книгава
Гледам @CameliaMiller си ја прочитала every last fear, едно прашање Spoiler Зошто го однесоа семејството во мексико, со лажното видео, нели можеа да ги убијат и во уса?
Колку мудри животни, не ги гледам со исти очи откако ја завршив книгата. Џоди, Дороти Кумсон и Дајен Чејмберлен се без утка кога ти се читаат драми. Од овие 3 побезбедна зона за книги немам.
Spoiler Па за да помисли Еван дека е сепак Шарлот жива, жртва на проститиција итн... беше вплеткана и полицијата во Мексико, планот беше да нема аутопсии, што и ќе немаше да не се посомневаше Келер.
Ја завршив и јас книгата. Кажувајте предлози за анкетата. Јас мојот ќе си го оставам, ептен сакам книга од Џон Бојн да прочитаме, мислам дека ќе има што да се дискутира. Ќе ја почнам следна и јас Every last fear. Камелија, прекрасна е Leaving time, мислев дека деловите со слоновите ќе ми бидат страшно досадни, ама всушност беа одлично напишани и многу се учи. Баш како и Мишела, исто многу поразлично мислење имам после книгата за слоновите. Штета што новите книги на Пико се такви какви што се, а и на Кумсон исто. Само Чембрлејн уште се држи.
Да ја читаме тогаш Every last fear ако ја почнавте па после може да бираме друга. И мојот предлог останува.
Мене ми се чита Евелин Хуго, расположена сум за таква драма со Холивуд, гламур, скандали и скандалозни жени од тоа време. Инаку имам уште од оваа, деновиве ќе ја завршам па ќе изнесам мислење.
@Mishela YES за Евелин! Мој предлог е повторно Home before dark има 4 гласа на анкетата можеме и неа да ја прочитаме Ништо не прочитав од GB, во викенд со сите дома ич не можам да читам.
Јас воопшто не се сум фан на романси. Само ако е некоја лесна чик лит и хумористична, кога знаеш што добиваш, а не некоја претенциозна, што се преправа дека е нешто што не е, демек нешто подлабоко, а всушност куп глупости. Може да се обнови анкетата. Која беше романсата да ја вметнам на местото на оваа што ја прочитавме?
Мислам само јас и @Skyfall предложивме романси, нејзината е веќе во анкетата, а јас ги предложив Raze - Tillie Cole оваа е дарк романса не е лесна И People we meet on vacation - Emily Henry
Може ќе ве дружам за следната, која и да ја одберете, иначе ја прочитав Home Before Dark. Солидна е. Хорор трилер, ама фино напишана, во класичен стил на авторот, претходната негова ја прочитав, ми беше ок, оваа е подобра.
Хорор со натприродно или? Ептен ми е проблем кога барам книги, не сакам со натприродно а редовно се измешани во трилери... а романса немам прочитано од бог знае кога, оти не можеш да најдеш асална во купот чик-лит досади.
Со духови. Ама расплетот е интересен, малку неочекуван, иако логичен. Има језиви моменти, ама не е до толку страшно, друго е филм да е Јас не сакам хорор филмови и книги, ги избегнувам. Ама оваа ми беше интересна, авторов ветува.
Да ставиме нешто друго во анкетата место првите две? Мислам дека повеќето ги прочитавте. Ќе излезе нова Од Карин Слотер, ама дури во јуни, кој ќе чека, барав пиратерија да не протекла, ама не можев ништо да најдам, а баш се понадевав.