Да, може да ја ставиш The book of longings од Sue Monk Kidd, јас и @ane.bella ја намерачивме книгава ептен кога зборевме за неа. Мене инаку не знам дали ми се чита Every last fear одма после трилер, па макар и психолошки. Ќе ја прочитам ама најверојатно пред неа ќе прошарам со некој друг жанр.
Големо ДА и за The book of longings И пошто немаме опција да гласаме за повеќе од една книга на крај со еци пеци пец ќе решавам за која книга да гласам
Јас гласав за еротските приказни. Баш се изначитав пофални зборови по групите и мислам дека добро ќе ми дојде таква книга. Имала и хумор, а не била типична книга, а отворала и простор за дискусија. Па, мислам дека може да се разгледа.
^ и јас гласав за еротските приказни @Mishela Spoiler Оваа книга ми е можеби најтешка за оценување. Од една страна - 5 за Алиса и слончињата. Значи предобро. Од друга страна, останатиот дел ми беше... онака, тројка. А крајот... баш како што не сакам Духови бе, духови 3.5 заради се' тоа, ама ќе заокружам на 4 заради слончињата. Каков потенцијал лежи во книгава да не беа проклетите духови, ех Сепак фала за препораката, се' на се', уживав во книгата
Фала ти за еротските приказни гласот. Леле кога прочитав за Raze... Баш книга на каква што превртувам очи, ајде луѓе дајте гласови за другите, било која друга. А, цел серијал ли е, или оваа завршува тука?
И јас ќе ја скокнам Raze секако. Ептен not my cup of tea ми се чини. Од понуденото, баш еротските приказни ми фатија око Иначе сега ќе ја читам The Good Sister, за да се синхронизираме со читањево малку
Поентата на еден бук клаб е да и се даде шанса и на книга која не ти е баш по вкус и која инаку не би ја читала. Па, божеби ќе се изненадиш. Значи, да пробаш, да ја почнеш. АКо се изгласа јас ќе и дадам шанса, па барем ќе имам за што да мрчам. Инаку на крај секој пак ќе чита само што и онака чита, некако се губи поентата.
Ама затоа се' до сега читав, иако сама не би ми текнало да прочитам нешто такво Ова ептен описов ми е... не. Можеби па и ќе се изненадам
Јас ваков тип на мажи можам да поднесам само во книги. Забавни ми се книгиве, сакам драма и ангст. Во рл - thank you, next. Гласав за Евелин Хуго. Не за да рушам просек, туку се погоди гласањево кратко откако Реин се изјасни дека гласала. Ме изненадува пресвртов. Ама секако би читала сè што е на списоков па ајде ќе видиме. Немам жанр кој не го читам, освен можеби sci-fi fantasy. Е такви книги најмалку сакам.
Точно, зависи како ги сфаќаш и како се поврзуваш со нив. Може и да ти се забавни, може и да си ги сфаќаш на некое подлабоко емоционално ниво, а може и само да си превртуваш со очи и едноставно да ти се смешн и несфатливи. Не е ништо до книгата, само до читателот, нормално. Ајде уште еден глас, некој, за еротската, кај да одам да поткупам некој.
И до моментот е, зависи што ти се чита. Јас да ги читам стално овие ќе ми се смачи, затоа вака меѓу две побавни/подолги книги топ ми се. Секако и лични преференци се во прашање, кога не оди, едноставно нема што да си ја замара некој главата со нешто што го тера да ги размрда очите со превртување. Книгите се тука за да направат да ни е убаво, нема потреба од измачување со нешто што не ни прави кеиф. Што ќе даете да сменам глас? Кафемат си купив, дајте една кутија капсули ајде. Какви било, не сум пребирлива.
Е тоа ти е интересното во бук клаб, се мешаат книги од сите жанрови Мене ми е интересно, сама тешко би се натерала да читам трилер/мистерија ама еве тука во друштво и трилер читам @Mishela ќе ти пратев кутија од 42 капсули колумбиско кафе за да смениш глас за Raze ама ништо, решиле веќе
@violetblue @Mishela на која адреса да бидат пратени капсулите? Анкетата до утре и ќе ја затворам, утре до 15.00. До кај си книгава? Ќе ја заборавам уште малку, не беше нешто многу впечатлива.
На улица Виулица, број сто. Ќе частам по едно кафе за сите овде, таман. Ја завршив инаку сабајле и се утепав од вртење очи. Не е до книгава, до мене си беше и тоа е. Едноставно не можам да ја сварам авторкава. Добро пишува, ама премногу ме потсеќа на Парис. И само наоѓам некои сличности па уште толку ми се расипува впечатокот. Не беше доволно исполирана, како да кажам, се разбираме мислам,. Ми се чини дека сите ќе имаме до некаде сличен впечаток. Не беше лоша, но не беше ни нешто многу впечатливо, баш така. За вака лабаво читање после двеве бавни книги - таман беше. Добро ме истролаа неколку работи во книгава, нема што. Ама поглавјава на Ани беа ептен истрчани, ху-ха и решена мистерија.
Тогаш, мислам дека сите ја имаме прочитано и мислам дека можеме да почнеме со дискусијата и изнесување на впечатоците. Таман додека ти стигне пакетот и да го промениш гласот.