Еве стигна пратката. Фала ви за ова прекрасно кафеџиско искуство, еве глас. Ќе ја чекав @ane.bella да прати повеќе капсули, ама страв ми е да не платам многу лежарина кај овие како се викаа, па ајде да оставиме фора за следен пат. Ајде сега цум шлус и толку од анкетата, готовооо. Пред некој пак за замрси конци, па стварно да треба да ја читате Тили.
И бонус крем за кафето ќе ти пратев ама ете ништо од сето тоа, сега криво да ти биде Кој ќе го крши мразот прв да сподели импресии од GB? јас уште 60 страни имам за читање.
Значи попијана среќна ѕвезда од мојата, здравје. Тоа е, ме фатија на емотивна карта, ама они се друго исчитале, ама жанров вака-така. Ах. Нареден пат не правам ваков криминал, поштено до крај. Читај си ти на раат, кога ќе дочиташ ќе почнеме со зборење.
Ќе ве молам за едно прашање на почеток на темава пишува дека рок за читање е една недела дали е така сеуште или се сменило нешто? Стар ми е профилов ама не сум влегол три години па не сум во тек а сум читател. Тенкс
Ај затворете ја анкетава, оти како ми тргна со The Good Sister, 70% ја прочитав вчера ако продолжи вака до крај, конечно петка ќе биде Има уште некој што ја чита Every Last Fear или може да ја коментираме?
Ајде да почнеме со тековнава книга додека не сум ја заборавила сосема. Книгава е сосема типичен трилер кој ќе го заборавам за два-три дена и воопшто нема да се сеќавам дека бил wow и да го препорачувам на луѓе. Да, имаше пресврти, ама за мене лично беа сосема усилени. Авторот премногу се трудел да ги вметне за да напише нешто нетипично, што на крајот испаднало сосема типично. Премногу се трудеше, на пример, да нè насочи во погрешна насока во првиот дел, што потоа никако приказната не ми се вклопуваше натаму. Мислам, зошто маж би сакал да си ја офарба косата во црвена боја? Можам да кажам дека не бев воопшто импресионирана од пресвртите. Ликовите ми беа... Па, не се поврзав со никој, читав некако како од далечина, само ладно чекав да видам што ќе се случи, ама не и заинтересирано, ниту пак тоа ме допираше или будеше некаква емоција во мене. Ако Сем умреше во куќата, па, oh well, живот. Му понудил некој толкав простор, му го реновирал како он посакал со најскапи работи и он не си ставил прст на чело да се запраша зошто некој би го направил тоа. Ахам. Не би му рекол на пријателчето во полиција, ај бе направи еден бекграунд чек на овој, кој е овој, ми нуди вака и вака, ама што знам, некако ми е сомнително. Па тоа со хепи аур, како беше прикажано да мислиме дека е жена му, ко божем мислиш којзнае какво внимание му посветувал Сем. Ме нервира кога се претерува со нешто во трилер само да се наведе читателот во погрешна насока, а кога ќе се открие што е всушност, поранешното не држи вода. Тоа всушност покажува дека авторот нема бап талент, туку само ги преувеличува работите за комерцијала и читаност, ништо друго. Ниту пак стилот на пишување не беше нешто посебно, сосема просечен, ништо посебно возбудлив. Едноставен, краток, разбирлив. Книгава од мене има двојка, толку.
Тоа на почетокот, сега ставаме книга, па ја чита кој како стигне, па гледаме кога ќе ја завршиме да ја искоментираме. Добредојде и се надеваме ќе ни се придружиш.
Не ми е јасно како толку време Ани не успеа да влезе во неговата канцеларија. Па и полицијата, тоа било последното место каде што бил, да не проверат за докази. Може оставил некое писмо или нешто. На почетокот ми почна интересно, особено wtf моменти ми беа кога се расплете приказната дека не е жена му таа што раскажува за happy hour, west wing серијата. Брзо се читаше, ама имаше делови што беше убрзана и недокажана приказната. И крајот, како да сакала побрзо да ја заврши книгата.
Мене најголем пресврт во книгава ми беше тоа дека Ани не е таа која ги прислушкува сеансите, и тоа беше тоа. Сето останато премногу ме потсеќаше на книгите на БА Парис (знам дека сум досадна со неа, ама тоа е, не можам да си помогнам), кај што се прави build up на приказна која и не е нешто многу битна, ама полни страници и поглавја и некако ми се изгуби желбата да се внесам. Океј беше, ама премногу плитка, неприродна, недобрусена, не знам како да ја опишам ама отприлика мислам јасно ви е.
^ Се согласувам со сите. Иако беше генерално интересна, крајот секако не беше успешен Немаше допирна точка - некои настани едноставно немаа логика ако земеме во предвид дека не е Ани, дека е маж. Како да не ја прочитале пред да ја издадат книгава. Како што напишав и порано, мене ми личи на "истрчана" книга. Како да не и' се обрнало доволно внимание за да биде добра. Јас бидејќи ја завршив TGS ќе ја почнам Erotic stories @RainBow ај затвори ја анкетата, дур имаме "победник"
Затворена е Каме, не се секирај. Таа си е книгата па може да се почнува веќе. Јас имам уште 30% од една што ја почнав деновиве (и ич не ми се свиѓа ама ај...), ќе ја завршам вечер и од утре стартувам со новава. Ако ја завршам сега, ништо чудно и вечер да ја почнам ама ајде да не земам многу залет.
TGS 5/5 од мене Баш тип на книга, пресврти што ми се свиѓаат. Е сега, рече дена The Perfect Mother не ти била по ќеиф, мене ми беше, па не знам дали би ти се допаднала оваа
Ја имам за читање, ќе ја имам на ум. The mother in law од авторкава ми се допадна, на оваа ќе ѝ дадам шанса во прва прилика кога ќе ми се причита жанров. Мене вчера конечно ми излезе оваа, со месеци ја чекав веќе: Каква корица, љубов на прв поглед. Ќе ви кажам дал ја бидува кога ќе ја прочитам, се надевам и тоа ќе бидне наскоро.
Па и уште насловот, Goodnight beautiful, намерно така ставен да не наведе дека е за жена. Мислам, сигурно ќе му пишува мајка му така, не мора да значи, ама многу малку е веројатно, поверојатно е my dear boy, или нешто во таа насока.