Мене ми беше многу крипи тоа, многу. Goodnight beautiful...и замисли некој психо со препарирана насмевка.
Имам чуство како да читав 2 различни книги. Првата половина интересна со 2 / 3 пресврти Wow! Втората половина по бавна, малку досадна и без идеа и оп наеденаш се претвори во Misery Приказната беше раскажана од три различни гледишта а понекогаш не можев да кажам кој го читав. Многу ми влегуваше од една приказна во друга и пак назад. ( oва само мене така или и вие имавте такви моменти?) Очекував поинтересни ликови, ни Сем ни Ени ми беа нешто симпатични, Алберт иако беше психопатот и ми беше многу Creepy на крај пак ми беше жал само за него Eни по живци ми одеше секој пат кога разговараше со полицијата, маж и исчезна никаде го нема и тие откако ни со мал прст не помрднаа и кажуваат ние сторивме се што е можно Г-ѓо Статлер, а нејзе единствено што ја погодуваше е тоа што ја викаа Статлер место Потер крајот млак, веќе виден
па колку беше без врска на крајот кога му рече Сем Goodnight beautiful, врска немаше значи, само некој очаен обид да се поврзе книгата...
Затоа јас ќе зевам денес, до 4 сабајле читав ќе продолжев, ама си реков мора и да поспијам А баш ми е интересна, од една страна смешна, од друга страна низ смешното ги гледаш вистинските проблеми, маки на жените Ептен добро ми доаѓа, баш ме релаксира искрено книгава
Тек ќе го надополнам впечатокот, ама се согласувам зашто уште од старт се гледа дека е полна со хумор. За промена од бавниве и нелогични - мелемче ќе биде таков тип на книга. Барем сакам да биде, па ајде нека се погоди.
Уште 3-4%, па таман нова да почнам. Се мислам која Најверојатно ќе биде The Woman In Cabin 10 од Ruth Ware, ама се мислам можеби некоја од Чембрлејн, малце да релаксирам мозок @Mishela нешто збунка понапред имаше, The Perfect Mother е од Aimee Molloy, а јас ти зборев за The Good Sister од Sally Hepworth. Страшна сум со памтење автори, константно ги мешам, треба да е нешто over the top добро за да запамтам, или обратно, толку лошо па да запамтам од кого да не пипнам друга книга
И јас денес без обврски. Поручек и' се спремам на книгава, вчера ептен бев очајна за сонче. Абе ова ми останало од прегеска, сум заборавила да го пратам. Јас па знаеш како те разбрав, дека слична била со таа книга и затоа споредбава. Нема врска, симната ми е и секако ќе ја читам наскоро. А од Рут Веар не беше лоша The lying game. Многу ми беше заразна, иако вака на прв поглед не е ништо посебно. Нешто во начинот на раскажување ме тераше да читам. Само, не го читај описот за книгава. Како да се истрчале со еден мал спојлер. Отвори на сајтот на Топер и читни таму. Среќа ја читав преведена и тоа назад врска немаше со содржината, се поштедив од спојлери кога ја читав.
Aaaaaand done Од мене 5/5. Толку забавна книга одамна немам читано. Ништо не беше вишок, ниту преспоро, ниту пребрзо, прекрасна приказна, иако станува збор за Индијци, мислам дека секоја од нас може да пронајде по некоја наша домашна баба во книгава Ако имате слично нешто прочитано, препораки молам
Ги обожавам овие денови каде што можам да си посветам време за читање без никој да ме вознемирува по сто пати 50% прочитав од книгава. Засега ми е забавна, има делови кои ме насмеаа се надевам ваква ќе остане до крај
Јас сум на околу 30% и засега ми е многу забавна. Завлеков зашто се разгледав серии деновиве, очигледно ми требала мала пауза. Дека многу се заморив читајќи нели. Сега ќе си почитам, за ден-два ќе сум готова белким, брзо оди.
На 40% сум, интересна ми е содржината, но изгледа во некоја криза сум влезена и никако да се натерам да седнам и да читам, и тоа што чаптерите се многу долги воопшто не ми помогнува
Ај види оваа дали ќе ти фати око, не знам дали е слична но според описот звучи интересно. https://www.goodreads.com/book/show/53310061-dial-a-for-aunties Или оваа: https://www.goodreads.com/book/show/44019067-the-bromance-book-club Јас пак ќе бидам последна, на 65% сум. Таман дури да се одбере наредната јас ќе ја завршам оваа