Изгледа само мене ми е онака ништо посебно, лимонатка, или дека не сум по ваков жарн. 3ка од мене и дадов, немам некој впечаток.
Јас тек на почеток. Ама брзо ќе биде, да ме чекате. @CameliaMiller не знам дали си ја читала од Чембрлејн The Dream Daughter, ама ако не си да ја читаш. Има time travel, ама не еклучно за книгата. Чекај, ќе постирам мојата kритика. The Dream Daughter - Diane Chamberlain Имам многу книги прочитано од авторкава. Ама оваа книга... Оваа е најдобрата до сега. Не сакам да откривам многу, ќе кажам само дека бев скептик кога прочитав дека вклучува и патување низ времето, но Дајен го искористила само да додаде една нова димензија во приказната и и послужило како одлична алатка. Во 1970 Карли е трудна, но нејзиното бебе има проблем со срцето за кој нема решение. Што може да направи Карли за да му помогне на нејзиното бебенце? Има ли нешто што не би го направила една мајка?Приказната ме допре толку длабоко, пролеав солзи, едноставно е страшно емотивно четиво со многу изненадувања. Топла препорака од мене, нема да зажалите.
Фала, и јас поради тоа патување низ времето ја избегнував Ама чим не е пребитно и не е цела приказна тоа, ќе ја прочитам
Лимонатка е, ама јас изгорена од лимонатки како Шопингхоличарка (џизс крајст) ептен со сомнеж ја почнав, за да ме забавува цело време Што читаш сега? Јас ја почнав The woman in cabin 10 од Ruth Ware.
Има разлика од лимонатка до лимонатка Јас од Софи Кинсела ниедна книга немам прочитано и нема да прочитам. Ама како оваа книга сакам да ги читам
Мене па Софи ми е супер (ако збориме за чик-лит), има добри книги и одличен хумор. Ретко кој ја надмашил. Исто и Александра Потер, Сузан Елизабет. Лесни книги, но убава, топла приказна и симпатични ликови. Оваа книга некако не знам, нешто ми фали за да ми легне. Затоа и толку ја влечкам мислам, имам нешто што ме носи удолу. Значи забавна е сè тоа, ама некако нешто фали. На толку прочитано, толку и можам да кажам. Впечатокот секако ќе се комплетира кога ќе ја завршам и ќе откријам што е тоа што ми недостасува.
Јас друго од неа немам читано, само Шопингхоличарка и тоа многу одамна, и некако ич ама ич не ме бендиса. Општо чик-лит не сакам, ама има чик-лит и чик-лит, како и во секој жанр На пример уште не ми се верува што оцени и' дадов на Клејпас ама во моја одбрана, претходно немав оценувано книги, ме бендиса или не ме бендиса беше Од друга страна, некој би рекол и Чембрлејн дека е чик-лит, и можеби е, ама ете, мене ми се убави книгите нејзини. И Кумсон не е лоша, мене ми е баш за одмарање, за опуштање, што викаш, топла приказна
Да, и Дороти е супер. Со исклучок на поновите отров-досадни книги. Она, Дајен и Џоди ми се некако повеќе накај вуман лит. Малку така позрели драми. Чик-лит ги викам оние со "помладалачки" ликови, обично кај сите се во рани дваесетти или негде околу триеска. Ништо, ти не се врткај ниту околу историска романса штом не ти се свиѓала Клејпас. Мене од неа ми се свиѓаше серијалот за Travises. Дали дека стандардни романси со драма, ок беа, фино течеа барем првите две. После стана досадна малку. Некако ептен е или скроз утка или солидна Лиса, не знам на што сум со неа. Само една ми се допадна од оној Wallflowers серијалот и другите сите така-така, просечни, некои и скроз глупави, Spoiler како онаа што направи дил со киднаперот и се заљуби во него, па и дете ќе имаа нели, мислам...ноу комент. Многу сакам историски романси јас, ама само Џули Гарвуд и Џудит Мекнот. Џулија Квин не е лоша ама здосадува шаблонот, додека овие претходниве немаат баш некој шаблон. Или треба да прочитам уште нивни книги за да им го провалам. Мене инаку од муабетов ми се јави желба да ја прочитам последната книга на Дајен, oнаа како беше Small town/ big town, слаба сум со имињава ама сте ја виделе веќе сигурно. Можеби и сте ја читале, ама јас ептен каснам со нејзините книги, последните 3-4 не ми се читани.
Гледам дел сте ја прочитале не знам дали ќе ве стигнам. Инаку јас Софи ептен сакав да ја читам кога бев тинејџ, ама и мајка ми ја чита Некогаш се смотанки така книгите, ама лабави се, некако асоцијација ми е на типична книга ко за на плажа. Чемберлејн и Кумсон ми се типични драми некако, иако и нив знам да ги читам.
@Mishela јас баш сакам историска фикција, ама искрено тоа на Клејпас не може ни историска фикција да се нарече, зборувам за Wallflowers серијалот, сите 4 ги прочитав, има и петта, ама таа жртва не ја правам Spoiler Валфлауерс ми беа како за луѓе што никогаш немале секс уствари Не знам, 17 годишни би рекла, не за луѓе 25+ сигурно Немам против ни романса, ама малце... повеќеслојна да речам?
Па не се историска фикција книгите на Лиса, историска романса се. И тоа "историска", најчесто се однесува на фактот дека дејствието се одвива неколку векови наназад, ништо историско не очекувај од вакви книги. Тоа ми е како ретро чик-лит. И само Џули Гарвуд ми е посебна навистина, другите ретко вака да се трефне нешто.
Ја имам читано таа од Рут, па сега ќе ја почнам сопрузите на Евелин измеѓу на паузите од еротскиве приказни ја прочитав the heart,s invisible furies, како за драма онака. Инаку обавезно да ја прочиташ препораката од @RainBow , колку јс исплакав таа книга значи.
Ја ставам следна Ми треба вака препорака од мои луѓе кога не сум сигурна Си имам issues иначе, и да не ми чини книга, морам да ја завршам, затоа ептен барам препораки за се' живо, знам да заглавам некогаш, да не можам 6м да ја прочитам Која е оваа што ја читаш сега не разбрав?
Затоа не штеди препораки, сочитателке Мене ми треба помош, лошо е што до пред 2г не ни запишував што имам читано, па некогаш налетувам на веќе прочитани книги и така
Леле ќути, срце со денови ме болеше значи. Уште се присетувам, толкав впечаток ми оставија ликовите. Оваа не и е последна мислам, ама онака е, на средина, тројка има од мене. Big lies in a small town. A да ја отвориме анкетата? Предлог некој?