@CameliaMiller, баш деновиве ќе пишував дека и јас се расчитав фантазија. Вчера ја одбрав Six of crows да ја читам паралелно со вдовициве и нешто како да сум изненадена позитивно и од книгава ама и од себе. Отворивме и ние, тоа е тоа.
Што книга sci-fi читаш ти? Тука немаме уште такво нешто читано, треба и една добра фантазија (Не сајнс фикшн) да најдеме, Ади не се важи @Mishela Six of Crows се спремаш за серијата? Ги читаше Shadow and bone? Или и ти како мене директно на Six of Crows Иначе серијата почнува во петок на 23ти а не на 13ти како јас шо си мислев абе чекам со душа да почни, 2 мор дајс
Ааа ама не знаев дека Дајен вакви книги пишува ја немам читано, се си мислев некој тешки драми дека пишува Е така тоа со фантазиите си почнува, прво по лесно со тајм травелинг и на крај ќе зачиташ и самовили, змејови и маѓии барем јас така
Ние оштетени сме со киндл Ако нешто ми фали од печатени книги - маркери и мирис на тазе хартија печатена Ама! - ем е еколошки, ем е поефтино (до душа бесплатно за нас) е-читањето
Ајде кога ќе бидете спремни да ја коментираме вдовиците, сакам да ги прочитам и вашите мислења за книгата. Мене баш ми беше добра. Вечер ја почнувам Евелин
Thank you, да ми беше по блиску ќе ти го подарев Нов ми е, прв пат за оваа книга го користам, а го купив заради пишаното, (a wise woman once said "Fuck this shit" and she lived happily ever after ) сакам бук маркери со интересни quotes. Дали сум единствена на светов што не го заприметува мирисот на книгите? Ама сериозно на ништо не ми мирисаат, и сите ми викаат дека сум им чудна А по убаво ми е да читам акшуал книга книга, поинакво ми е чувството во споредба со кинделот, ама си го сакам и кинделот, по комотен ми е некако if it makes any sense
Книги и библиотеки ми се убави само за гледање. Во последно време почнав многу да кивам од мирисот на книги, а жими сè немам прашина по дома и по книгиве. Јас сум тим Киндл. Можеби читам како полжав на него, ама љубовта ни е ептен голема.
E, баш така. Плус кај и да одам, можам со мене да си ја однесам цела библиотека без да настрада кичмата и без да се накрца куферот со книги. Здравјето пред сè, ама и практичноста. Ние ли не знаеме како, пих.
Јас се уште се навикнувам на кинделот само 6 месеци го имам, се на се дали цели 6 книги имам прочитано на него, ќе ми земи и малку повеќе време за да го наполнам и со книги.
Јас не го полнам, надворешно си ги чувам, на мега.нз @Annath мислам баш го полни, со категории итн. Кај мене максимум 10 книги да има
Откако го имам Киндлот, маста му ја извадив, во право е Камелија, баш го полнам. Моментално имам 652 книги на него, сортирани, средени, по автори, во колекции... и фала Богу за пиратеријата колку и да е противзаконска. А несредени и несортирани на компјутеров не прашувајте колку имам Иначе јас пак блокада имам... пак со истиот автор ми се случува. Умот не ми иде, ама ај да немам непрочитани книги дома. Кој беше тој што го фалеше Џејмс Патерсон дека пишувал добри трилери?
@Annath а јас пак со моите 190 книгички во кинделот си велам леле I'm a hoarder @CameliaMiller море сакам да ми е преполн со книги да крцка ко на Анатх кинделот, i need your help
Само ти посакај Јас одма ќе ти обезбедам Мене ми е спор Киндлот за да листам низ него, вака од мега на тел. гледам што сакам, и си праќам...
Ќе посакам и тоа за брзо мхм... денес само да разлистам да видам од сите што ги сакам кои нај многу ги сакам Пунџаби вдовиците ми беа забавни, бесрамни кога ги раскажуваа приказните а бескрајно драматични за се друго останато. Видов и друга култура во која има постојан судир помеѓу традициите и современите обичаи, горе-долу нешто слична ко нашава Ми се допадна и хуморот. Е сега I liked the book but i didn't love it! Брзо се читаше додека читав но штом ја оставев тешко се натерував да земам пак да читам, баш како што рече @Mishela поназад во еден коментар: Нешто фали, цело време ми беше една рамна линија _______ имаше многу ликови не ни пробав да им ги запамтам имињата, нафрлени подприказни, многу се на широко опфатено без никаква длабочина. Крајот исто како и минатите неколку книги "happily ever after" затуткан избрзан Д енд Не ми беше само за 3 и затоа и давам 3.5/5 не е лоша отцена